Покачени леукоцити во урина,а уринокултура чиста. Дали е можно да е таков резултатот од утрогестан вагиналетите?
Мислам дека е можно да е контаминирана мокрачата незнам дали баш од утрагестанот ама ете и кај мене исто беше имав дупло покачени леукоцити во урина од дозволеното и го повторив наредниот ден испитување на мокрача обична проверка и плус уринолултура и немаше ништо ни леукоцити ни бактерии во уринокултура е сега ќе правам и брисеви деновиве да бидам сигорна
Јас еве за мене ќе кажам дали има врска незнам, вториот пат пред да испитам вечерта не ставав утрагестан и излезе чиста урината
Не не го земав воопшто вечерта ама ти земи си го орално ако тие на мисла , јас лошо го поднесувам ако го пиам па затоа
И јас денес правев крв и урина, 10та недела сум, покачени тромбоцити и во урина има бактерии, и јас се зезнав, вечерта ставив утрогестан, ми се замати цела урина срам ме фати хаха, викате може од тоа да покажува бактерии? О штода правам ао теомбоцитиве што се повисоки, 400 е граница а мене 433 ми беа, имам мутации и клексани секој ден
Според мене неможе од утрогестан да покажува бактерија, бактерија е бактерија и како таква се изолира во урината. Утрогестан от може само да ја замати. Ова е мое лаичко мислење
Кај мене во резултатот нема бактерија, има само покачени леукоцити во урина. Уринокултура и брисеви чисти.. Не знам од што би можело да е таков резултатот..
Кај мене на секоја крвна слика покачени леукоцити во урина, а уринокултура чиста (не ставам вагиналети).
Да направам уринокултура и секогаш е чиста и ништо , најверојатно е нормално во бременост. Сега ќе бидам 30 недела, а од почеток е така.
Ако има нешто секако ќе покаже на уринокултура. А ако е чиста уринокултурата нема наод за да се дава терапија или било што.. Не знам од што би можело да биде таков резултатот?!
Женски малце глупаво прашање, колку време порано да се јавам за втор скрининг кај Димчев? Ми спомнаа дека тешко со термини, а јас за еден месец треба да правам па не знам дали да почекам за закажување или не?