Hahahah poznavajki te kakva si nema da ti bide podrugo veruvaj ustvari ke ti bide, ke zabegas uste poveke! Jas go osetiv mnooogu rano duri nikoj ne mi veruvase deka e toa toa no jas si znaev i si osekjav, e sega sum 19 nedela i od ovaa nedela bas taka se osekja pojakicko duri vcera vidov i kako se potpodigna mesheto od leva strana ama mnoogu malku i kratko. Taka da Sofce moja baraj nekoj da ti go donese toa ako go nema kaj nas oti kako shto te gledam pozabegana si i od mene hahaha ( ova vo pozitivna konotacija) znaes kolku te sakam i se molam i za tebe da uspees
Хахаха маж ми е во странство, ама страв ми е бетер да не се опседнам кај ќе ми биде крајот. Што убаво па и порано си го осетила Читам прворотки може и после 20та да го осетат прв пат, а како тебе среќници и во 16та недела. Ти може и порано си го осетила. Јас дека сум и пополна и си имав доста салце, уште и разлика во мешето неможам да видам. Ајде само се да биде во ред Срцка си ми ти, секогаш тука за одговор и поддршка.
Naracuvaj po maz ti ke vidis kako za 3-4 nedeli ke mi vikas fala ti shto mi kaza na vreme da go nabavam inaku sega ke visev na eho po klinikite hahahaha, te citam po komentarite kako jas da pishuvam i da prasuvam ista si kako mene zagrizena do beskraj, znaeme i dvete deka e nepotrebno ama aj bidi maz iskontroliraj se hahah
Здраво женски да ве прашам нешто, од денес почнувам 19 недела сеуште го немам осетено бебето, а и деновиве не осеќам ништо буквално како да не сум трудна.. Дали е тоа ок? Малку сум загрижена и си правам 300 филмови.. А и стомакот дури ми се чини дека ми беше поподуен, како да ми спласна многу малку ми е пораснат.
За паничарки како нас може и со стетоскоп Така го слушав срценцето на синот во првата бременост а еве и сега пак . Се слуша малце послабо но се слуша тктктктк ❤ Пробајте
Јас кога дознав дека постои нешто вакво си викав забегана работа,сега како поминува времето изгледа ова дефинитивно ќе треба да се набави.Се обидвам да се смирам колку што можам ама ете и мене ме фаќаат кризи.Не спијам со денови леле за тепање сум,а сабајле на работа едвај издржувам
И јас сум 17та недела, и овие две недели исто како што опиша, ниту ме болат гради, ниту чувствувам движења... Понеделник бев на преглед и се беше во ред, си мрдкаше бебе, а и со кој и да зборам што поминал, ми вика затоа второ тромесечие е најубаво, а ние паничиме.... Мене исто ми мажаа дека постелка е на преден ѕид така што ќе си почекам да го почуствувам бебе...
Ти верувам иста сум! Со првата бременост бев многу лабава и воопшто не паничев али затоа сега охооооо ...
Ај да прашам....брисеви правев во 18 недела и имав инфекција....сега кога да направам пак...бидејќи не одам на ист гинеколог поради коронава остануваат на боловање..
Jas sum 17 nedela i nekako se cuvstvuvam bez energija. Ne osekjam bolka nego kako da mi tezi stomakot da me vlece nesto neznam ni da opisam. Ima denovi koga pukam od energija i nosto ne osekjam a vcera i denes sum kako vremevo nadvor promenliva.
Јас незнам некогаш велам срам ми е веќе да пишувам по темите дека ми е страв и паничам. Еве ми денеска нова мисла Јас многу сонувам и секогаш е нешто неповрзано. Многу пати кога сонувам и нешто лошо се случува Сега во сонот јадев многу месени работи, и бев се гладна и гладна Велат кога јадеш нешто и не е добро, ама на соновник кога читам и јадење леб е благосостојба. Па сонував бебиња ахх бе леле. Не ми се смејте Симптоми и јас немам никакви. Градите така малку пупките ме болат, ништо значајно. Само ги пипам и тестирам На последниот преглед бебето не мрдаше, само ногата докторот што виде. Тој си рече се' е во ред, јас тогаш толку не го сватив тоа. Ама сега мислам зошто не мрдаше, дали е добро. Има шанси да спиело? Плус беше во некоја чудна поза, не на грбче туку како на меше да легаше надолу. Добро скроз забегав. Нареден преглед ми е следна недела.
Кога ти е термин мила? Се мислев дека сме исто, читам сега 17 недела дека си. Јас сум 15+5, термин ми е здравје на 3ти Декември.
Tocno 16 nedela denes, ne primetiv deka 17 sum pisala, izgleda prethodno sto citav od drugi clenki) 1vi dekemvri mi e termin
Значи не сум грешка, јас и ти сме најблиску со термин. Дај Боже се' да си биде добро, па да се бодриме до крај. Со лесно
Имав ешерихија во мокрача, пред една недела го завршив антибиотикот. Можам да направам сега контролна уринокултура? или да почекам уште?