Јас достинекс пиев до кај 11-12 недела, најубаво со ендокринологот да се консултираш јас ги пијам 375 директ, ама некако не ми одговараат баш осеќам како грчеви во долниот дел од стомакот. Денес сум на контрола и ќе прашам со што да заменам, мислам дека апчињата се поефикасни, ова прашоков пола во кеса ќе ми остане пола ќе ми се истури...
И јас од овие не сум задоволна ич имам многу грчеви а изнакупив еден куп,мам уште некое да се дотрошат и ќе земам нешто друо
Здраво на сите, од денес влегувам во 18 недела, во 14 имав крварење поради стрес ФАЛА МУ НА ГОСПОД се е во ред со бебенцето, одмарав 3 недели исега се е супер, пијам дабрастон наутро и навечер, фемибион 2 и магнезиум директ од 400 наутро и навечер заедно со витамин Ц, таа терапија ми ја препишаа и ми кажаа да терам со неа... Не сум имала никакви лоши симптоми ниту еднаш не сум повратила само имам болки во градите. Е сега и пред бременоста имав проблем со болки во половината одев кај еден човек нон стоп ми ја поправаше , но од како сум бремена сега веќе втор пат толку многу ме боле што плачам од болки, додека се движам се е во ред , штом одморам или пак од лежење/ спиење да станам... катастрофааа не знам што да правам, знам дека е нормално бидејки се се шири, но оваа болка не е тапа туку остра болка со пецкање како со нож ... Има ли и друга како мене со такви проблеми со половината , искрено од тоа најмногу ми е страв и за пораѓај и за се... си правам лоши филмови.......... Поздрав и со лесно на сите
Дали знаете Утрогестан дали се зима само на рецепта или и без може? Не сум во можност да земам од матичната а при крај сум. И така не го сваќам значењето на рецептата кога е 400 ден.
Петрова од Ремедика ми кажа мала доза било, да земам по 3-4 кесички слободно. Ќе почнам прво по две па ќе видам како ќе ми биде, секако да ги дотрошам. Реле дека формата нема врска, дали е апче или кесичка, иста е ефикасноста
Мене матичниот ми рече наместо 400мг до 750мг може да одам дневно. Меѓутоа јас си нарачувам од ихерб магнезиум цитрат.
Зависи во која аптека, мене во зегин кисела вода ми побараа рецепт центар мислам дека бев не ми побараа. Еурофарм ми бараа или извештај или рецепт. Ако ти трбаат итно кажи им ќе те запишат па ќе им однесеш наредните денови јас така сум направила еднаш кога останав без вагиналетки.
Јас до сега цело време без рецепта ги земам, само еднаш во Зегин беа спомнале дека треба, ама пак така си ги земам. Инаку пак јас да замарам. Кога веќе прв пат ги осетивте бебушките да мрдаат, потоа секој ден ли ги осеќавте или немора да значи? Јас прв пат кога го осетив тоа туп туп, па после 2 дена т.е вчера сабајле осетив пак туп туп и толку. Сабајле чекав се надевавама несакаше. Затоа уште не сум сигурна дали е бебко. Зборот ми е кога вака е на почеток, може некој ден да осетиш, а некој не или? Или јас многу ја комплицирам безпотребно.
Кај мене пред 2 дена абе мислиш на трака за трчање, вчера во кафана бев се најаде и мирна не мрдна цела ноќ. Денес само 2 пати за добро утро. Има денови кога мрда има денови кога и не ја осеќам.... Така е веројатно кај сите
И кај мене е така еден ден мрда цел ден после другиот ден тек тук.После пак ќе се размрда зависи и него како ќе му се погоди ))
Туку ајде јас секој втор ден само нешто прашвам )) Сабајлево станав со болка во десната страна од половината.И осетив како благи менструални грчеви.Малце ме фати паника,сега немам ништо само ме поднаболва долу кај препоните или јајниците по малку.Се надевам е нормално ама сепак да си прашам.Иначе сум 23+2.Позз