1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Јас го пиев на почеток, го прекинав, тромбоцитите благо ми се накачија 336, по месец во др лаб 188, ддимери 680, ова без терапија, пак го почнав, но најмногу заради намален плазма протеин на приска papp a, и бидејки имав мало одлепување на постелка во 14гн, заради добар проток. И не планирам да го прекинам.
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    И јас мислев да проверам ддимери за секој случај. Само не ми е јасно зошо ја треба да им кажувам на докторите што да проверам. Мене приската добра ми беше и минатата недела ехото во 15гн исто супер, ама ова ме загрижува.
    Мене ме води Тофоски на ГАК ама 2 месеца е на одмор, па вака се паничам коа неам кој да прашам
     
  3. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    И јас на своја иницијатива проверив ддимери и хемостаза. Матичниот ми викаше нема потреба, но го запнав. По 5г борба нема да оставам на случајности. Тофоски е одличен, ме правеше хистеро и лапаро.
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право. Мене он ми правеше инсеминација, преблагодарна сум му. И стручност и однос, нема зборови. Ја знам борбата, истата ја водев 2 год, душа ми се полни коа ќе чујам дека вродила со плод.
    Ништо, сеа и ја ќе ја запнам матичната да ми даде упат, не оставам и јас ништо туку-така.
    Фала ти мама, уживајте со бебуш! ❤
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Уживајте и вие!❤
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    4.607
    не знам дали имаш проверувано хемостаза и димери . мислам да провериш и ако имаш потреба да го пиеш аспиринот. јас го пиев од почеток имав мали крварења и ми го прекинаа, ама транслузилогот пак ми го продолжи сеа не ми прави проблем
     
  7. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Денес случајно коа и се јавив на матичната се отвори термин за хемостаза на трансфузиологија. Некој се откажал, така да идам ја и 1.30 на клиника. Одма ве слушам и проверувам.
    Држете среќа само да не се онесвестам по топлово.
    Фала на сите мами ❤
     
    На Bubamaricka, tina2018, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    4.607
    супер чим сте нашле одма термин, јас обично чекам многу. иначе ќе ти треба среќа по топлово. пази се и пиши резултати после
     
    На sani99 и bybeDkid им се допаѓа ова.
  9. Animallover<3

    Animallover<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, јас сум 21+2 и последните две недели имам многу отоци на нозете.
    На работа сум 8h пред компјутер со седење... потоа си функционирам нормално како пред бременост не одмарам скоро ич, туку сум подвижна , навечер намерно пешачам , пијам најмалку секој ден по 2л вода , не знам како да се справам со отоците, мислам дека и кога е потопло времето уште повеќе се појавуваат отоците и трпнење на стапалата ?

    Како се справувате вие ?

    Поздрав и со лесно на сите
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Herrra

    Herrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Сигурно е од топлото, ама сепак проверувај и како стоиш со притисокот. Избегнувај многу солено дека солта задржува течности и секоја прилика кога си во можност користи ја да ги креваш нозете на високо.
     
    На Animallover<3, nevermet18 и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Ако можеш на работа си стави некое пониско столче/табуретка и качи си ги нозете на него. Јас откако почнав да го правам тоа ми се повлекоа отоците. И секако избегнувај сол. И кога си дома гледај да ја искористиш секоја прилика да си со нозете во вис.
     
    На Animallover<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Animallover<3

    Animallover<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Солта ја намалив колку што можев максимум ( бидејки од секогаш јадам ептен солено сè)
    Но ке треба да ја исфрлам скроз ако вака продужам со отоци
    Штом си дојдам од работа иако се движам(не одмарам) одма ми се намале отоко, можеби што се 8h во иста позиција на работа па затоа... ке си ставам и нешто за да можам да ги подигнам малку..
    И ке чекам да залади времето
    Јака и душа на тие што се 8ми и 9ти месец по горештините...

    Со лесно на сите ❤
     
    На Kristina1172 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  13. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    На 11+ 4 помина прв скрининг, вчера имав после една недела термин на кој ми беше кажано ок се резултатите, нема потреба натамошни испитувања да се прават. Ми закажаа крај на август кога ќе бидам 17 та недела нареден термин, заради што одат на колективен одмор од ординацијава. И јас ок викам и си одам. И сега цело време мислам да не е голема пауза, а вчера не ми ни направи ехо и јас така малце незгодно не му ни реков. Како ли ќе издржам месец цел, секој ден мисли милион. Знам дека е нормално поретко контроли во 2 тромесечје, досега имам уредна бременост ама да не многу пауза ова кај мене?
    П.с.: многу ми е мило што ви се приклучувам во второ тромесечје. Официјално од Недела ја почнувам 14 та:l:
     
    На tina2018, Bubamaricka, S.o.F.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам со резултатите
    Тромбоцитите се добри 304 се, а ддимерите благо покачени 595. Матичнава ми вика нормално е тоа да се покачени кај трудница, не е за терапија.
    А да не знаете што е тоа хематокрит?
    32 ми е, а од 35 е реф вредност и цело време ми е така пониско.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Хематокритот се намалува во бременост ако имаш проблеми со анемија. 35 е за нормални ситуации, до 33 прво тромесечие, 32 второ и 33 трето е нормално. Јас отсекогаш сум со хемоглобин 120 и 35 хематокрит, сега ми се намалија и двете. 110 хем, хематприт ми беше 33 па сега 30.9 ми е. Пијам тотхема, па ќе видиме ќе има ли покачување.
     
    Последна измена: 30 јули 2021
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Па во суштина 5 недели не е многу. Мене исто на 5 ми го закажаа последниов пат. Јас сум 21ва недела. Ама спокојна сум дека го чуствувам бебе како клоца.:inlove:
    Во пораните недели и јас би се чувствувала малку нелагодно да чекам толку :) Ако ептен не можеш да издржиш закажи си некаде приватен преглед на пример во Ремедика или било каде. Само ќе треба да си платиш околу 2ипол илјади ако не се лажам.
     
    На tina2018 и Honny им се допаѓа ова.
  17. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Штом си е уредна бременост немаш мака јас и во прво тромесечје бев 3 пати само на преглед, првиот пат бев 5та недела за да се потврди, вториот пат 7ма слушнаме срценце и третиот пат бев за скринингот значи 11-12та недела. Еднаш месечно комплетна крвна слика и мокрача и тоа е. Сега второ тромесечје еве наредно ќе ми се собери месец и нешто немам од скринингот отидено, сега сум 17та па боже здравје ќе одам од понеделник. Земај си пренатални витамини или она што ти е дадено од доктор и уживкај :l::hug:
     
    На tina2018 и Honny им се допаѓа ова.
  18. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    @Knizhevnik11 ќе те зеам за матична хахаха
    И ја сум 110 хемоглобин со 32 хематокрит, што значи у граници на нормала сум.
    По раат сум сега откога видов дека се намалиле тромбоцитите, фала богу што ве послушав и проверив. Нема пострашно од мисла да те јаде.
    Следна недела иам преглед кај Роса Спасова (заради кандидата), да видиме дали се излечила, пошо Тофоски уште ми е на одмор, па надежно ќе се намести овој пат бебуш да го видиме полот ❤
    Фала ти многу уште еднаш @Knizhevnik11 ❤❤❤
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Абе јас сум ти човек од искуство маката те тера на се, па дури и доктор да изигравам. Матичниот глава сиг го боли кога ќе ме види и знае дека со список барања одам. Ама тоа мк здравство, шо ќе правиме. Уживај сеа, опушти се на жешково.
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Знам, знам, маката доктор специјалист ќе те направи. Иста сум и јас, 80%од испитувањата што ги направив беа на моја иницијатива. Ама, better safe than sorry.
    Грижата уште сега, покажува колку ќе се грижиме за нашите малечки коа ќе дојдат на свет.
    Да сте ми живи и здрави и ти и бебуш! ❤
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.