Да и мене и стомакот, ама мислев ради ручекот дека е така, сабајле се се враќа во нормала и приквечер пак исто, мислев рано ни е за отоци ама изгледа не е
Исто и кај мене почна некаде 17 недела,отоци на нзе.јас киснев во вода,спиев с подигнати,масажи и магнезиум,Нормално е ем со бременоста ,ем вемево лудо какво е
Јас бев само 4 дена. Денес се вратив. Да ти кажам право, преубаво ми беше. Одев од 08-11ч на плажа и поручекта од 17-20 ч. Се изнаспав поштено. Водата претопла, некое фино ветре имаше... Преубаво!! И нормално, Од граница одма звонење на докторката и директ на ехо. Да го видам синко дал е задоволен. Убав на мајка, ама се отепа од мрдање дур ме гледаа
Super znaci se ok . I mene taka mi kazaa ako odam toa vreme da odam na sonce mnogu da ne se izlagam, ama se mislam imam 3 sati vozenje do more ako ne ne fati guzva na granica, doktorot kaza moze ama pusti strav.
Јас бев блиску, околу 140 км од дома. Ќе си направите пауза бе срц. А на граница нема гужви нешто да речеш
Здраво женички После неколку неделно мислење и премислување денеска се вакцинирав иако јас сакав со фајзер док кај што правев ивф ме предомисли за синовак Дали има некоја вакцинирана да сподели искуство???
Јас сум 20н и се мислам дали да се вакцинирам. Сакав и јас со фајзер но им се плашам од покачувањето на температура. Што те предомисли за синовак?
Докторот кај што правев ивф ме предомисли Ми рече дека фајзерот е многу по агресивна и дека може да имам проблем со температура неколку денови а синовак е без никакви симптоми и посигурна
Здр девојки , денес сум 21н * 3 д. Сакав да прашам кринон гелот што го исфрлам вагинално има некоја темно кафено жолта боја , кога го прашав матичниот ми кажа тоа ми е од тоа што имав кафен исцедок пред извесно време , арно ама некогаш(како денес ) кога ке видам на секојдневна исцедок кој е во боја сепрефркнувам како денес досега сум немала толку обилно исфрлање на гелот па мидлам дека тоа што видов на декојдневна е уствари кринон гелот. Ваше мислење ?инаку бебо денес цел ден актувен е
Obicno vo bremenost vakcinite ne se preporacuvat za bilo sto e sega so kovidot preporaka na svetska zdravstvena bese deka e na odluka na bremeni zeni ako rabotat na rabotno mesto na koe Imat visok rizik od zaraza da se vakcinirat. Taka da ne e lesno da se odluci za bilo sto I sto e pametno da se pravi.
Тука само Фајзер ги даваат на трудници ниту една друга вакцина. До душа синовак не е ни признаена воопшто. (дека ЕУ) Јас се мислам и се преминувам ама повеќе сум да не ја примам.
Секој си има свое мислење , но во бременост мислам дека бебето е побитно од колку одењето по кафиња и кафани па ако се вакцинираме за тоа мислам треба да размислеме нели ? Јас сум почеток на 24н и не планирам да се вакцинирам додека не се породам. Зошто би се вакцинирала со вакцина која што не е доволно испитана како би му влијаела на моето бебе Ке си седам дома неморам овие месеци да излавам по кафани и кафичи, бебето ми е побитно. Друго не можам да разберам, зошто научниците кажуваат доколку се вакцинираш со фајзер следните 3 години да не зачнуваш бебе, а доколку си веќе бремена да се вакцинираш со фајзер ... толку многу контрадикторности, затоа ни на крај памет не планирам да се вакцинирам додека ке дојде бебушот на свет. А дали некоја од вас се има соочено со чешање на дланки и стапала и ептен ситни пликчиња полни со вода по прстите на рацете кои многу чешаат ?? Ај чешањето од отоците можеби бидејки се шири кожата, но пликчињата ми велат можно од алергија, до сега не сум била алергична на ништо ниту пак сум конзумирала нешто ново... Други ми велат недостаток на витамини, можеби некоја веќе се има соочено со ова, мислења ? Поздрав и со лесно на сите
Мрдањето на бебчево го чуствувам некако многу долу. 19+ сум, очекував дека првите движења беа погоре.. Има нешто такво како ниско носење на плодот што треба да ме загрижи? И, кога станувам нозете ми се ко здрвени, ама буквално како на дрва да газам, оние стаповите од циркуз.. Од што ќе да е?
Јас сум 22-ра недела и ме загрижуваше истото, премногу ниско мрдање на бебето и можеби ниско носење. Пред една недела бев на преглед и воедно втор скрининг и на моето прашање, докоторот ми одговори дека е нормално во овие недели мрдањето да биде ниско и да личи дека бебето е ниско, бидејќи горниот дел на матката е отприлика во висина на папокот. Барем во однос на ова можеш да бидеш мирна. Нозете и мене некако брзо ми се заморуваат, кога станувам ми се ко здрвени и претпоставувам дека тоа се промени кои се чести или вообичаени во бременост
Да се надоврзам за нозете, насабајле кога ќе станам како на ќутуци да застанувам, ме болат петите од одење,во текот на денот попушта болката но пак таа тапа болка во петите ја осеќам. Како да ѓи треба масажа, да пробаме во вода со сол и масажа со уље мамички?
Убаво си кажа,ама покрај мислењата и ставовите постојат и причини. Некои не се така среќни да седат дома за време на бременост и да се изолираат од светот, мора да работат бремени за да прехранат семјство, деца носат во градинка од каде може да се донесе вирус, или се во подоцнежни години и имаат мало чудо од бременост што не знаат дали ќе го сочуваат ако се заразат со Ковид.. Можеби најпосле закажале свадба па невестата ако не е вакцинирана нема да може да присуствува на сопствената забава.. Сите знаеме дека во бременост според последните истражувања и парацетамол е штетен, дека поправање заб е неопходно во бременост само ако болките се неиздржливи инаку е голема опасноста од крварење/инфекција/потреба од антибиотик.. Знаеме сите дека докторите и гинеколозите се против било каква вакцина во бременост, ама некогаш бенефитот го надминува ризикот, тоа го знаат докторите познавајќи ја медицинската историја и окружувањето на идната мајка. Инаку јас имам чешање на стапалата и чувство како да ми горат-како да сум одела по врел песок. Мислам дека е од премореност и недостаток на некој витамин..