Не е јака доза, не е тоа лек, витамин е. Срцка, НИКОЈ да не слушаш у бременост, освен доктор. Сите се праат доктори и паметни, само на игнор ставај ги. Ништо не може да му биде на бебето од магнезиум. Пиј си го по 2 пати ако имаш мака.
По препорака од гинеколог јас пијам 2х400 или еден по 400 еден 375 поготово сега 31 недела кога бебето расте и оптегаат сите лигаменти.Консултирај се си со твојаот матичен....ама нема зашто да не ти даде ,250 мг е многу мала доза и да знаеш обавезно со виамин ц за добар ефект
Освен доктор друг никој не слушај. Јас пијам 2х500мг по препорака од повеќе доктори бидејќи имав многу проблеми. А на почетокот пиев 1х250 и ми рекоа малку ти е тоа. Збори со матичниот.
јас исто ја осеќав и бев загрижена, а никој не ми имаше спомнато дека ниско го носам. сеа сум 23+ ја осеќам погоре дека удира, да не се секираш изгледа нормално е во тие недели ниско да се.
Citrobakter kozeri vo urina imala li nekoja drugarki mene na urinokultira mi pokaza ponedelnik sum na ginekolog ke vidime sto ke mi kaze. Sto ste upotrebuvale sto vi prepisale iskustvo ve molam.
Девојки да се осигурам, Докторка Елена Петрова во Ремедика си прави и обични прегледи во бременост нели? Јас бев за втор Скрининг кај неа, ама сега Доктор Трајковски почнува со одмор дури до 9ти Септември и некако многу ми се гледа последно бев на 4ти на преглед. А, оваа докторка исто ми остави убав впечаток. Инаку и јас го осеќам пониско бебе да клоца, некаде под папакот и највеќе го осеќам од десна страна. Ретко некогаш баш во правец на папок да го осетам. Од денес 25 недела. До сега Докторот не ми е спомнал дека е ниско поставено, баш велеше тамам си е, па што знам.
Те клоца ниско веројатно дека му се доле нозете. Мене ме клоца буквално во бешика скроз доле. На последниот преглед му викам на докторот: Надоле и се нозете така? А тој ми вика: да, ама не се секирај има време да се сврти. Му викам не, не се секирам за тоа воопшто туку ме клоца долу во бешика. И тој почна да се смее ми вика да, еве и ги нозете баш таму
Софи јас сум 31 и моето тепа сеуште доле, па ќе се качи горе, после 36 би требало да се сврти со главчето надоле....... На секој преглед викаат супер си е позиционирано без гајле........ Се ќе си биде како треба,
Јас сум 32 недела и мојот бебуш сеуште не е свртен надолу ,претпоставувам нема ни да се намести затоа што со првото сум царски од таа причина.Некои инаетливи дечиња
Хаха веројатно има шанси, ама приметив и дека цело време го осеќам од десната страната, ретко многу од лева да го осетам. Онојпат кај матичниот ме гледаше на ехо, ножињата преку глава му беа. Него еве скоро една недела се нервирам и сум вознемирена, а незнам дали треба. Претходниот четврток, петок и посебно мислам сабота го осеќав нонстоп во текот на денот. Дали ке седнам, легнам тој клоцкаше. Од неделата многу е нежен и многу поретко, насабајле ќе го осетам па после го буцкам цело време стомакот за само да се јави дека е тука. Вчера па конечно од 23h па до полноќ цел саат повремено ме клоцкаше. Сабајле и попладнево го осетив. Прееска од 20h лежам, абе никаде го нема, а веќе 23h. Реков мора да го буцнам стомакот и ете се јави после некое време, добив 10тина удари. И еве сега додека пишувам ме клоцка. Незнам колку треба и дали е за нервирање и паничење. Пред 2 недели Докторот ми мереше и пртоци рече дека е добро, страв ми е од тие скратени времиња. Абе жива вознемирена сум, ич да не успејав да уживам. Очекував овие недели се' повеќе да е активен, или па има некој ред и е мрзливко незнам што да речам. Прочитав дека твојата девојка е баш активна.
Да да секако. За скрининзи мислам дека е најдобра, јас кај неа одев. Скрининзите се поскапи затоа што гледаат детално и треба специјална обука за нив. Мене третиот скрининг како преглед ми го наплати, и првите два бев кај неа. За обичен преглед можеш кај било кого да одиш ама јас би ја избрала неа на твое место.
Да јас сум задоволна од неа. Инаку јас сум кај Доктор Трајковски и многу тешко мењам доктор, сакам да имам доверба и да сум поопуштена дека сум паника невидена. Планирам кај неа да закажам ако не е на одмор.
Не ги знам докторите по приватните освен Елена ама ја препорачувам. Не е зборлеста ама објаснува се што те интересира. И кога кажува што и како е влева доверба. Знаеш дека кога кажала добро е дека е добро. Знам дека си паника те забележав во труднички.
Ти ја разбирам загриженоста. Сепак сметај дека спијат по 14 саати одприлика. Што значи ако ние спиеме по 8 тој уште 6 саати во текот на денот спие. А ти со буцкање го будиш човекот Мојата е многу активна до сега ќе видиме понатаму и со син ми беше исто многу ме клоцаше. Ама еве пример моја блиска другарка скоро воопшто не ја осеќаше. Стално се смееше дека да не оди на ехо ќе заборави дека е бремена. Сега има здрава права 5 годишна ќерка ама се роди мирна и сеуште е мирна. Тоа е карактер веќе. Нема потреба од толку стресови стварно.
Јас претходно пример еден ден ќе беше така по млитаво, наредниот ќе си го осеќав повеќе пати во денот и си бев мирна. Сега еве сабајле си го осетив кога станав, а може и бебето ми е мирно навистина. Само што јас очекував се повеќе и повеќе удари да примам Може си фанало некој ред на спиење. Синојка кога го разбуцкав и ме клоцкаше и ме фати после жал сигурно го имам разбудено. Ама мора мама да се потсмири.
Мене ми е втора бременост, 20+ сум, а осеќам движења од пред 3-4 недели. Првиот пат подоцна ги осетив, сега знам како изгледаат и затоа ги забелњжувам ама па ме загрижува што се многу доле. Како по бешика да ми скока, одма кај пубична коска, а со нешто шутира во лев јајник. Се надевав на помирно бебе овојпат син ми тегнеше папочна врвца, и на нешто во осми месец "свиреше", како некој да свири на затегнат тапан/тарабука имав чуство.. Не откривме што беше, само се надевам дека ова нема да "свири"
Ма уживајте ако се току активни, сакам и јас, а не вака да се потресувам да го буцкам. Изгледа сите не клоцкаат ниско, баш погоре пишувавме.
Софи не знам која недела си, јас почнав да го чувствувам во 20 та недела првично и тоа ќе го осетев еден ден после тоа со денови го немаше. Сега 27ма недела (од утре 28ма) нема ден да не го осетам, особено навечер кога ќе легнам. Може и малечко е уште и да подпорасне и да помине малку време ќе почнеш и ти почесто да го чувствуваш. Како и да е нема место за паника си спие бебето убаво му е удобно во мешето на мама. Уживај во бременоста