25та сум мила од вчера и затоа очекував да биде почесто. Ама ете ќе го осетам сабајле, па пладне и вечер. Онаа вечер па цел час преткаше. Јас секако во текот на денот ќе го осетам, ама изгледа сакам секој час да тропка. Само нека бидат добро, па нека е и мирно бебе хаха, со тоа се тешам. Те
Ако ви е прва бременост нормално е подоцна и помалку да чуствувате, телото е бомбардирано со еден куп нови сензации, од гради, миризби, вкусови до соништа Секој нареден пат не е толку драматично, па некако полесно се наслушнува.. Туку, со несоница шо праите? Мислев ако сум малку поактивна ќе може поубаво у полесно да спијам, а бетер е. Жива ненаспана сум
Јас 31 сум и последниве 2 месеци сум жива неспана никако да фатам позиција. Болки во кичма.,,доле ниско болки
Ќе стегнев "Ми се допаѓа" ама не ми се допаѓа: одма се гледам за една година од сега како си ги шутирам подочњаците.. Искрено, од првата година на син ми ништо (пораѓај со царски, крварења, катетери, хормони, хемороиди, рагади, мастити..) не ми падна толку тешко како неспиењето. Овојпат мислев дека знам шо ме чека и ќе спијам колку ми треба, за да не се туфкам по пропуштени можности, ама не бива.. Жешко ми е, сите ги испоразболев со клими и прозори, нозе ми жежат и чешаат, никако да се наместам, па и малиот дечко спие до мене од кога сум бремена, залепен за образ. Среќа големиот го пративме во друга соба инаку ќе требаше кревет 300х300 да барам, да ме собере со сите луѓе и перници..
До пред некое време спиев одлично, сега последнава недела тешко фаќам место. Само перница за трудни, ама голема, мене мислам тоа ме спаси до сега. Тешко ми е вртењето многу и што ме фаќаат грчеви во нозете. Топлово плус. Башка и 2 пати станувам за до тоалет. Ако јадам касно исто ми е тешко... Чаре, убава перница има на фб перници за трудници провери да видиш дали ќе ти фати око.
Јас па спикжжж Мене ништо не ми помага ао заспијам се будам за макс 2 часа еве така скоро од 25-26 недела,стегам заби а од 7 и 30 секој ден срека од дома работам па дремнуам иначе и топлово ама ме уби...
Прва бременост ми е и затоа незнам што и како треба. Па најубаво да си праша човек. Јас спијам немам проблем сега за сега. И тоа голема спанка сум, и претходно бев ама сега е бетер. Ме фаќа дремка обавезно во текот на денот. Претходно многу сонував, ама може сега е бетер. Кошмари секакви, ама има и од оние мрсните.
Да си се пожалам и јас со несоницата. Како ми се појави во некаде 8-ма недела, жива ненаспана сум. Се будам околу 3-4 среде ноќ и веќе не можам да заспијам. Преку ден исто не можам да спијам, никогаш не сум можела. Сега 23 недела терам, па плус станувам по 3-4 пати за во wc, а и позиција тешко фаќам, така да си дежурам по цела ноќ.
Девојки 20 недела сум , сега прв пат ќе одам на скрининг. 14 недела требало , ама ете докторката не ме упати. Кажете ми ве молам дали сопругот ќе може да присуствува? И бебево мое 70% од денот ми мрда , дали имате искуство? Можеби нешто грешам , па не може да заспие од мене? Благодарам однапред , убава вечер
И матичните гледаат во 12-13 недела на т.н. Скрининг. Најдоцна до 14 недела е скриниг главно за Даунов синдром, мерат повеќе параметри на бебето, и не само што требало да те упати докторката- требало и да те прегледа. За втор скрининг сега закажувај, во 20,21 недела се прави и би ти препорачала да те видат двајца доктори, ако ти е изводливо. Повеќе очи- поголема сигурност. И јас сум 20+ и цело време мрда и моето човече. Исто мислев и јас, се загрижив дали има опасност од премногу активно бебе, ама најверојатно е нормално. Немаат ритам за спиење, ако очекуваш дека некој период од денот треба да спијат тоа ќе ги учиме кога ќе ги гушнеме првпат. А ако е премногу активно, гледај намали или не консумирај кафе и храна богата со шеќер.
Ќе одам сега во државна , а прават ли преку фонд на друго место? Инаку благодарам за одговорот, јас мислев треба да спие дека бебенце многу мало. Кафе не пијам ама Милк шејк , топло чоколадо и се што е чоколадно пијам по 4-5 на ден , можеби од тоа мрдка девојчето
и јас до пред кратко спиев одлично последниве 2-3 недели нагло ми порасна стомак не можам да се наместам, купив перница ме поти, станувам да мочам па се расонувам, грчеви исто ме фаќаат и многу тешко се вртам... 24 сум... маж ми вика што ќе правиш до крај и стварно не знам жива ненаспана идам на работа...
Не знам... ќе тераме некако. Пробај ако не па спиј по долен веш само ако ти е топло со перницата, ама мислам дека перницата многу помага. За грчевите пиеш магнезиум? Јас се думам да се јавам кај матичната да прашам дали да ја зголемам дозата, по 400мг денот пијам да прашам дали смеам и повеќе. Истоо тешко се вртам додека се завртам ќе се расонам плус и додека соберам сила да станам за во тоалет аууу со залет земање Инаку 28 ма недела сум мислам дека стомаков секој ден ми расте, вчера дури и од десна страна како тегнење чувствував од под градата надолу... ама ваљда нормално е расте стомакот се шири. Ќе почнам и по два пати да се мачкам на стомак за да избегнам стрии.
ти благодарам за советот. инаку пијам по една кесичка магнезиум директ можеби е малце... во петок сум на контрола кај матичната баш ќе ја прашам
Здраво, јас сум нова во ова тромесечје само што ја завршивме 14 недела од утре 15 ке ја ситниме но има еден проблем, па сакам да видам ваше искуство. Позитивна сум на ковид со температура 37.5 37.8 кашлица која веќе не е во грло полека ја осеќам надоле и покачено црп. Ми препишаа панцеф антибиотик, па сакам да прашам дали и некој друг има пиено ? Може не е соодветна група да пишам но не најдов друга. Ви благодарам
Da te prasam bidejki I jas pijam sega pancef sto probiotik koristese, doma imam linex forte pisuva nesmee vo bremenost, Bev vo apteka mi dadoa multilac sinbiotik bezbedni bile kao odam doma citam upatstvo vo bremenost ne se preporacuva, I sea neznam sto da zemam treba po aptekive da idam I da baram da mi otvorat kutija da citam vaka lazovi ispadnaa.
Јас имав корона Британска варијанта во 8 недела , не ми дадоа антибиотици но лежев во болница 5 дена ме држеа под контрола. Ок поминав.