јас неам ништо купено. две недели сум пред тебе со термин. почнав да гледам, али за купување ќе почекам
и јас. само гледам и само тоа ми искача по социјални мрежи инаку јас почнав со гледање на крупни работи- бендисав количка и креветче. за алиштенца не се замарам нека дојде зимска колекција ќе изнакупам се. инаку план ми е здравје боже после октомври да почнам од некаде
Количка од каде реши да купуваш? Јас мислев откако ќе се роди бебе да купам количка таму негде февруари ама ме искараа поискусните дека ми треба количка од старт за дома да се успива бебе во неа. Гледав во Локо кроко не се скапи, во Крш се прескапи
Јас од вчера сум 27 недела, ама уште некако ми е страв и шубе да купувам. А, телефонот ми е полн со скриншотови од се' по нешто, искрено едвај чекам и сакам да си изнакупам се'. Некако и пред некој кога ќе спомнам и сите велат рано е има уште време и јас се пресекувам, а тука е и мојот паника мозок. Ама можно е да почнам да си порачувам едно по едно, ме радуваат тие работи и делуваат релаксирачки. Па нека не чува Господ сите нас.
не сум уште решена. иначе од енци менци бендисав една, после една другарка ми кажа дека истата ја има во чарли бејби во тетово 2.000 поевтина и стварно ги има истите работи само поевтини. 17.000 е оваа три во едно. толку планирав и од прилика за количка. иначе ми падна смешно ова што го пиша пошто и јсс таква абе во декември ќе се породам што ќе ми е количка ќе купам понатаму сите ме искараа...а креветчето е омни бејби мн ми се убави за тоа сум веќе решена
Софи, иста сум и јас со скриншотови хахаха, ама и мене така ме сечат сите кога ќе спомнам... искрено гледам дека луѓе и од 12та недела почнуваат да купуваат... и за лошото малку треба...затоа може треба да се олабавиме малку и да почнеме да си се спремаме за бебките не знам што да кажам јас едни чорапчиња купив само за да скршам мраз и им се прерадував не знаеш со кој страв влегов да ги купам ахахаха
Jas posle sekoj pregled si kupvav po nesto, vo 35ta nedela ja kupiv kolickata,i postelninata, a vo 7mi veke imav kupeno pogolem del od alistata vo 8mi krevetceto.. Uzivajte vo bremenosta
Леле ама зошто сме волку исти, значи?! И ја иам купено само едни чорапчиња за дечково мој и исто со страв, мислиш ако купам незз шо ќе се деси....од пусти страв не можам да се израдувам еден ден на бременоста. Инаку и ја сакам од тие округлите креветчиња на Омнибејби, ваљда на тие мислиш и ти? Ајде некако да се опуштиме, стварно ова вака не иде па...
Јас сум 26та недела и опремив многу работи. Купив кадичка со сталак, релаксатор, подлога за пресоблекување пелени, алишта, чорапчиња 6 пара до сега ќебенце... ми фалат уште работи. Креветче и количка, алишта за од болница, цуцли (син ми порасна без цуцла не сакаше да чуе). Имам уште за докупување ама полека ќе се доснабдувам
Тоа дека не сечат сите, да, ама ич не ми е гајле за нив, само ми е рано за гардероба нема ништо зимско па ќе си почекам. Ќе биде мила се како што треба, само позитивни мисли и смиреност
Еве јас ќе ве охрабрам да си купувате и да си уживате, ако сите промени се следат и се е во ред на контролите уживајте. Сепак мислам ако има нешто лошо сами ќе осетиме и веднаш ќе побараме помош. Јас уште во 19 недела купив голем дел од крупните работи Со маж ми отидовме до Србија по друга работа, и јас што имав на интернет гледано сакав да видам во живо, количка, плакарче, креветче, фиокар маж се загреа и се купи јас во прашалници (можеби финта направи да не го замарам секој ден ). Сега стојат уште во кутии, а јас терам 28+ недела и си купувам облека, козметика и ситници. Ќе излажам ако кажам дека немам страв, но се трудам да мислам на убави моменти и да се спремам за сите предизвици
Јас кога видов ппзитивен тест и бевме надвор од државата и на поаѓање си купив едно боденце, абе само си го гледав и ден денес. После маж ми на доаѓање донесе едно лигавче и сега последниот пат шпикознички, ама големки од 1до3месеци хаха. Имам слики од неколку страни, од ЕнциМенци ми се допаѓаат може да си нарачам некои шпикознички. Незнам пустото од страв неможам да се опуштам, ама и доста работи требаат за новороденче. Ајде ќе се храбриме заедно, па барем неделно по нешто да купиме.
Јас го поминав истото во 2016, прво купив чорапчиња, со страв, дури и срам да ги покажам дома Овојпат малку покрупно и порано, бодиња од Крш, единствените на долги што ги најдов, и ич не ми беше гајле шо ќе речат блиските (рано е, има време ќе купиме..). Сега знам дека ср**а се случуваат и во 9ти, и пост пораѓај, и според мене само позитивни мисли нѐ делат од позитивни работи Има да гушкаме бебовци за новогодишни празници, па што сака нека биде!
Здраво, стигнав 15та недела, јухуууу Би замолила некој да ми пише освен втор скрининг и скриен шеќер што друго треба следно? И ме интересира тоа некое ехо за срце што се правело, ама само за срцето на бебето каде се прави и како се вика? Фала однапред
Ехо за срцето се вика фетална ехокардиографија, се прави најдобро 22-24 недела. Јас го правев во Систина, кај доктор Димески, докторот беше супер, се што гледаше на мониторот ти објаснува. Го гледа срцето, мери притисок на бебето.. итн. После полна 28ма треба да се иде пак на контрола ( препорака од самиот доктор ) Јас ги имав тие прегледи како што спомна - втор скрининг, фетална ехокардиографија, скриен шеќер.. И башка стандардните прегледи кај матичната на секои 4недели.
That's the spirit! Ова се бара, нема зошто да не биде се добро и како што треба, и сите ќе имаме сите најубави подарочиња за нова година (океј, јас околу Божиќ)! Ајде малку позитива, ова е најубавиот период од нашите животи а ние го минуваме згрчени и во страв!
Девојки можеби и не е соодветна темава, ама бидеќи сум 18+ недела и припаѓам тука би сакала да прашам нешто. Се работи за тоа колку сте блиски со родителите(мајките)одкако сте бремени. Мене на пример свекрва ми кога дозна дека сум бремена се расплачи, сакаше на сите да каже, се јавува секој ден прашува дали е се Ок, дали мрда, дали знаеме какво е итн. Мајка ми кога ќе се слушнеме прашува индиректно, дали сте добри и толку. Бебе нема спомнато иако прва дозна, пред кратко во случаен разговор со татко ми дознав дека не им кажала воопшто нему и на брат ми. Чоекот немаше појма што му зборувам. Се слушавме телефонски во последно бидеќи не живеам Мк. најчесто со нејзе, татко ми често е присутен во просторијата и сметам дека следи разговор и му е пренесено се. Разбирам дека секој различно се радува, и плус во меѓувреме мајка ми потешко се разболела, критично и опасно скроз (ама не ми кажале да не ме секираат). И никогаш сме го немале онај близок однос, посебно на теми дечко, маж, деца тоа ко срамно да е нешто, ама пак некако чудно. И сега и звонам уште е на болница но подобра фала богу, и пак не праша ништо за бременоста. Не и ни кажав дека чекам девојче чекам да закрепне па ќе прашам отворено. Страв ми е дека психички има попуштено женава и не се радува и не ја разбира ситуацијава, или нормално е по "старски" да не се многу спомнува бременост, да не се "коби" дури не се роди бебето? Знам дека сите сме различни и односите со родителите не ни се исти ама пак. Извинете за долгиот пост и доколку е несоодветна темата
Жал ми е што така ти се случува и јас забележувам дека различни луѓе различно реагираат и не треба тоа да те онерасположува. Знам некогаш боли, но биди "the bigger man". Уживај си во бременоста и радоста. Јас само едно сфатив и од тогаш многу полесно ги надминувам ваквите сензитивни ситуации. Секој различно сфаќа и прифаќа и најчесто не е тоа пошто се лоши или не знам што, обично потекнува од нивниот карактер, како растеле (колку нивните се радувале и како ги пораснале) и/или и ситуации како болест во случајот. Мислам да си ја прифатиш дека најдобро што може и знае прави, а некогаш и можеш да ја распрашаш како и е, чисто ако можеш ти да и помогнеш и олесниш. Гушкам..