По месеци е непрецизно и сеедно дали ќе им речам дека сум 5 ипол, уште една недела 6ти, или на почеток 7 ми. Секако и сите календари на нет различно се. Јас си кажувам на прашање за кој месец сум ете така отприлика. Неделите се прецизни и си тераме кон 40 та и најдобро нив да си ги броиме.
Според ова фактички, првите 2 месеца се по 4 недели, а останатите по 5. И тек од 28ма сум седми?! Па мислам дека 2 месеца сум шести веќе хахаа
Абе и ја си бројам по недели ама ко ќе ме праша некоја што не е мајка или некое машко и ќе му речам 24та недела е тек тогаш искачаат прашалниците
истата мака и стварно не знам што да им кажам најлесно ми е да се објаснам со тие што веќе имаат деца.., која недела си ?таа и таа толку и се разбираме ... вака со другиве не знам веќе ни јас кој месец сум сите апликации различно покажуваат
Супер пројдов на втор скрининг на ГАК кај докторка Ана. Све измери плус грло па рече уште 2 прегледа да правам. Сакам кај неа да се пораѓам. Има некоја тазе породено кај неа?
Да ве прашам во врска со ТОРЧ, јас го направив дури ова тромесечие. Матичната прво ми рече дека нема потреба зашто немам индикации и оставив така. Ама после тоа ми стана шубе и си реков ај и тоа да го проверам. Резултатите покажаа позитивен igG и негативен igM за токсоплазма. Матичната вика ок е, нема потреба од дополнителни испитувања. Дали некоја од вас што имала исти резултати ја советувале исто? Или само си паничам во празно
Веќе влегов во второ тромесечие. Ќе се дружиме. Првото го поминав брз никаков симптом и тешкотија. Се надевам до крај дека така ќе биде кај сите <3
Бидејќи влегувам во второ тромесечие сакам и тука да си прашам случајно некој да не има вакво искуство Вака, јас сум моментално 14 та недела бременост, со инсеминација и претходно еден спонтан во 4-5 недела. На микробиолошките брисеви ми излезе позитивна на уреаплазма 10/4 ... На ниту еден претходен брис ми се нема појавено оваа бактерија, со сопругот имаме лечено кламидија, ама оваа се нема појавено.. како и да е.. последно нешто што сакав да пијам во бременост се антибиотици.. но геникологот ми препиша clarithromycin... Свесна сум дека пожелно е и подобро да се исчисти бактеријата отколку да предизвика поголеми проблеми, но, не сум сигурна за безбедноста за плодот на антибиотиков. Значи, прашањето ми е дали некоја од вас го има користено во некоја бременост и како сте поминале ако сте го користеле? И какви пробиотици се даваат со овој лек, или какви вие сте пиеле кои се безбедни? Ви благодарам, поздрав до сите
Конретно за тој антибиотик и таа бактерија не сум ги имала и користела. Но бактерии лечев од 11гн до 21гн.(ешерихија, ентерокока, клебсиела). Не се плаши, антибиотикот е нужен за бактерии. Амоксицилин и панцев пиев. Пробиотици, вагинални пробиотици се користев. И уште цела бременоат си пијам пробиотик. Имаш и провен за трудници пробиотик во зегин. За антибиотик според тоа кој делува на таа бактерија и кој е дозволен во бременост, во 14гн веќе може да се примат. Поголема е штетата да не се примаат.
Здраво И ние се приклучуваме со синчето во оваа група денес влеговме во 21 недела на убав ден со лесно да ни биде на сите Воедно за многу години мала Богородица заштитничка на сите жени и мајки нека не чува сите
Гледам најупатена си околу пробиотициве па да прашам ако можеш да ми помогнеш Во првата бременост на старт имав ентерокок и нарушена микрофлора (исто после хистеро лапаро, никогаш претходно немав проблеми) и откако ја решив бактеријата со антибиотик, си пиев капсули Лактогин цела бременост и немав никакви проблеми веќе до крај. Сега со месеци ги барам лактогинот, никаде ги нема. Сакам превентивно да пијам нешто такво ама да знам нешто што е добро и проверено за бременост, да не искочи пак од нигде никаде некоја бактерија.
Ако зборуваме за орални, тогаш еве јас кои ги пијам, ги нарачувам од ихерб. Ако не нарачуваш од таму, гледај барем да се со 10 милијарди. За орални овие три форми се потребни, со што најприсутни и најистражувани се рахмонсус. Ги има и кај нас рестора флор ама 490 ден ае 10 шишенца, скапи ми се. Од вагинални сум користела вагисан и видермина, и најзадоволна сум од ацидосалус. Инаку за моите бактерии вагинални и цервикални само еден спреј ни помогна Октенисепт, ама пд Германија го нарачав, тука веќе не го носеле за вагинална употреба, само за надворешна.
Сакам да прашам дали некоја имала искуство со покачени ензими алт и аст дали е за паника и дали и како сте ги намалиле јас сум 18 недела моментално и ми се покачени ензимите
Јас знам дека се покачуваат во бременост, и дека не се проверуваат во бременост. А може и од многу витамини да се покачени.
Jas bev na vtor skrining kaj doktor Dimcev i go gledase srceto, rece deka se e vo red no sepak ne znam dali toj pregled fetalna ehokardiografija e poseben pregled ili se se gleda na skriningot? A za skrien seker koja nedela bi trebalo da se odi? Ti blagodaram