Прегледот за фет/екографија е друг и се прави во случај ако не дај боже се види неоја срцева аномалија во 2 скриннг.Димчев е стручњак и најдобарндијагностичар за скрининзи така да си седиш раат и си галиш меше.За скриен шеќер 24-28 недела
Mene mene mi bea vo prvo tromesecje pa skoro edniot 60 edniot 80 kao mi rekoa se pokacuvale I oni holesterolot e sea jas togas zimav dekortin I aspirin kako mi go ukinaa na naredna kontrola kaj mene se stabilizira.A bidejki se enzimi na crn drob jas si pijam po edna lazica maslinovo za sekoj slucaj imav pregled pred bremenost mi kazaa imam sitni kamcinja I da sledam pa od predostriznost si pijam maslinovo.
Pa ubavo deluva na crniot drob zaedno so limon I med ama sea u ovaa sostojba ne sekoj den koristam limon I med I masilnovo moze dva pati Ili ednas nedelno, a samo maslinovo skoro sekoj den.
Здраво стомачиња ме интересира од која недела се качува бебчо погоре јас сум 20 недела сеуште чувствувам доле клоцање и некогаш блиску до папакот.
Ништо не ми рече др дали да лежам или нешто, рече супер е. Од дома работам скратено, само што одам да прошетам навечер еден круг со мм.
И ти беше кај Трајковски или те измешав, мене со 3.5мм ми рече да не шетам многу и да лежам повеќе за да не се скрати цервиксот повеќе, затоа прашувам
Бев, да. Прошлиот пат, негде пред 1 месец матичниот го измери 3.3цм, исто рече не е проблем. Сега др на ГАК рече да го мерам секој месец, јас и така им барам да го мерат. Вака не осеќам некоја тешкотија, па се трудам да не мислам. Иначе тоа ми беше најлош кошмар додека не го измери матичниот. Чим викаат доктори дека е ок, им верувам. Секако ќе одам утре на ехо па ќе прашам пак.
Мешињаа, ви се приклучувам конечно на групава . Прв триместар споро ми помина, ама се надевам овој брзо ќе летне. Поправена сум само пола килце ама со мојот ненормален апетит се тешам дека не е многу за почеток. Со лесно на сите и побрзо да ни поминува време
Јадам во главно се, не јадам леб ама затоа многу јадам тестенини, кифли, пици и сл, благо воопшто не јадам (не ме влече), гледам да јадам поздрава храна ама кога како. Иначе јас леб со години не јадам ама ете надокнадувам со друго Не се секирај и 2/3 килца не се многу, сега е нормално повеќе да ни се јаде, само да не претераме. Добро е и физичка активност да се има, јас и мм секока вечер пешачиме по некои 30мин, пред позитивен тест вежбав ама сега уште немам почнато, некако омалаксана и мрзелива сум
Здраво мамички, од денес ве дружиме и ние, прв ден од 14 недела . Едно прашање од мене, во каква позиција спиете? Јас спијам на страна со едната нога свиткана, но кога се разбудив од попладневна дремка денес како тапа болка имав кај ципата, која помина по некое време, па се замислив да не и е позицијата незгодна на бебата?
@Nikki12123 Прво честитки и со лесно Јас спијам на страна со двете нозе свиткани, порано спиев само на стомак па ми требаше време да се одвикнам Бебето е уште мало, така да не верувам дека положбата му сметала (освен ако во моментот не било сместено таму), повеќе би рекла дека тебе не ти одговарала или лошо си се наместила. Но сепак, чим чувствуваш болка на тој начин, пробај да спиеш со двете нозе свиткани. Иначе се препорачува спиење на страна, а да се извегнува спиење на грб зошто може да предизвика проблеми со варење на храната и да ја ограничи количината на хранливи материи кои стигаат до бебето, главоболки и сл, а во бременост оваа положба според мене и не е многу многу удобна. За на страна мислам е подобро на лева.
Јас да ви кажам еве 24 +5, предходните три вечери спиев буквално седната со еден куп перници околу мене, еве сношти се смилува беба и не беше толку активна па успеав да поспијам ко чоек. Инаку најчесто спијам на страна со перница меѓу нозете. Мислам дека на лева е најдобро за бремени. Ама некогаш се будам и на грб и ме фаќа паника колку време сум спиела така. Сега веќе почнав да осеќам и како кожата ми се тегни и се шири и мускулите на стомакот болат, желудникот полека но сигурно ми оди во вратот веќе почнав и да се ограничувам само на две кришки сечени лепче и помалку храна оти навистина ми станува тешко после јадење. Пијам магнезиум за болка и сите можни витамини ама не секогаш ми помага 100%. Инаку потечена воопшто не сум ниту во нозе ниту во фаца. Многу ми е чудно како варирам со тежината еве на пример предходниот месец се здебелив 4 и пол кг а овај 1кг , се надевам бебето ги прима сите потребни работи од мене . Можеби дека овај месец си припазував меѓу појадокот и ручекот гледав да јадам само овошје и многу вода. Попладне на контрола ќе видиме како напредуваме, вероватно добро дај боже последните денови мислам дека и мешето се помрднува на ударите .
Zdravo devojki, ve molam za mislenje ako nekoja go osetila ovoj simptom. Vekje cela nedela po ednas do dva pati dnevno osekjam kako menstrualno bolka dole kaj jajnicite koja trae po nekolku minuti (ne e premnogu jaka ama ne e ni slaba). Sega sum 25ta nedela i na pocetokot gi imav ovie bolki ama trae pokratko a sega bas nekako se zasilija i podolgi se. Bev na doktor vika sve e ok so bebeto ama nekako mnogu mi e shube. Pozz do site <3
Фала ви мами, бев на преглед денес па го прашав докторот, немало шанси на бебата да му е неудобно, премало е сеуште . Во однос на килажата, јас пред бременост многу варирав но сега некако се стабилизира, па за три месеци само кило ставив. До душа гледам да пазам, да се хранам здраво и да пијам многу вода, ама леб јадам еднаш дневно сигурно. Кај мене среќна околност е што некако скроз ми се изгуби желбата за благо откако останав бремена, некако не се чувствувам убаво откако ќе изедам нешто благо
Гризни си го јазикот за благо! јас никогаш немав, сега имам желба за благо. И тоа навечер. Овие два дена јадам овошје навечер, шо не ми годи многу ама е помало од две зла. Пред тоа лапав чоколади и нутели во 23ч. Синоќа круша.. И банана. Не се мерам искрено, не мислам дека имам многу ставено. Додуше, не се мерев ни пред бременост па не знам со колку почнав Репер за колку сум ставила е да ме собираат алиштата секаде, освен на стомакот нормално