Здраво мамички, веќе цел ден и денес и вчера имам слаби менструални болки во долниот дел од стомакот и кичмата повеќе се како мачни менструални болки, 15+2 сум .. дали ги имате и вие болките ? Пијам магнезиум и пре мама.
Ми беа покачени од лекарства во прво тромесечие, ми дадоа да пијам силимарин форте и се средија мислам за две-три недели во нормала беа
Здраво и јас сум исто 15+3 еве денес, вчера бев на преглед затоа што и јас имав такви болки и тоа буквално по цел ден два дена, но на прегледот се беше супер. На почетокот на бременоста ми кажаа дека матката ми е назад и сега докторката ми рече дека матката се исправа нагоре, се шири и дека можеби затоа имам болки, бидејќи на прегледот се беше ок. Сепак можеш и ти да си отидеш на преглед за сигурност. Поздрааав
Јас бев пред 6 дена приватно и се беше океј ама пак болкиве ме замислија , сега во петок сум кај матичната за брисеви и контрола секако. Дали ти се случува кога ќе се разбудиш да те боли стомакот ама не се менструални болки него како укоченост нешто така ???
Извинете што ускокмувам во муабетот. Во текот на ноќта го имам тој проблем. Ќе се разбудам стомакот ме боли како укочен а спијам на страна со перница за трудници ама ете пак некако ми се укочува и ме боли, па ќе сменам позиција и ќе ми помине. Исто и за болките во кичма(менструални) ги имам од време на време, некои периоди и секој ден. Јас мислам дека сето ова е нормално бебето расте, матката се шири, органи се поместуваат, нова состојба е за целиот организам. Јас сум 18та недела, прва бременост, допрва ќе одам на втор скрининг па ќе прашам, но со познанички кои веќе родиле разговарам и сите имале одредени болки дали кичма, стомак итд. Се додека бебуш си е добар, а и веќе сте биле на преглед и ви кажале дека се е океј нема простор за паника. Бакнежи
Јас имам болки во кралица секое сабајле, навечер пијам мг од 250 па накај сабајле пак уште еден од 250, не знам дали е добро така. А ептен пред да станам ми се собира матката, не сакам, ама нешто како да ме тера како нагон, е тоа сигурно не е добро, викам дали е ок детево.
Јас сум 22 недела и веќе два дена чувствувам некаква необична болка во долниот дел на стомакот. Не би можела да кажам дека се како менструални болки, туку баш како згрченост и ги чувствувам само при некое движење, не постојано. И јас бев пред една недела на скрининг и се беше во ред, не знам дали повторно да одам на лекар ...
Исто пијам магнезиум 2х250 И се што пишувате и јас истото го чуствувам, па знае некогаш и да ме пресече на некое станување или покрет. Веќе почнав да осеќам слаби ударчиња, прво не контав дали е тоа. Ама секој ден се се почести па веќе сум сигурна дека е бебе И јас едвај чекам втор скрининг да ги прашам сите овие прашања и да го видам бебе и да се уверам дека е добар, а во меѓувреме читам и разговарам и со гинекологот и другарки и ми кажуваат дека се нормални состојби и болки
Се шири матката мила, и јас првата бременост исто имав такви болки, а плус и ако повраќаш од напон може да боли зошто ги згрчуваш мускулите. Стомачето расне, колковите се шират телото се подготвува за породување полека постепено без грижа.
Па така нешто тоа како укоченост насабајле ептен прво кога ке станам од кревет или навечер кога се превртувам од една на друга страна, а преку ден како тапа болка така повремено како во јајници, од едната па на другата страна, па како да ме напнува стомакот, ама мислам дека и понекогаш тоа се внатрешни гасови кои неможат да излезат Ги има и поминуваат, не се силни како јаки болки , веројатно тоа е ок и не траат контиуирано доолго време без прекин ..
Здраво женички сабајле ми стигнаа резултати од крвна слика кај урината имам покачени леукоцити има две ++ а во референдни вредности стои негативно дали некоја знае што значи и дали е опасно е нешто или ? 21 недела сум
Закажан втор скрининг во ремедика сакав кај Котларова да одам но жената е полна за цел месец нема термин кај неа па закажав кај Елена што е исто добар доктор се надевам се ќе помине во најдобар ред
Јас сум 20та недела, минатиот понеделник прокрварев завршив на гак една вечер хоспитслизација, ми препишаа прогестерон депо 5 инекции на 3 дена (утрогестан и магнезиум пијам од почеток). Синојка (после една недела) повторно прпкрварев, и тоа многу повеќе, полна влошка како добиено, на гак ми рекоа многу ниска постелка и затоа сум крварела... иначе сум на строго мирување од почеток. Сега веќе и до вц ми е страв да одам Ве молам за ваши искуства, многу сум исплашена!