Здраво мамички , јас сум 17+4 и мојава кукличка ја осеќам навечер кога ќе си легнам и кога ќе станам неколку пати ама повеќе навечер и тоа убаво мрдка .. дали е нормално тоа за неделите кои што сум пошто не очекував да ја осеќам до 19та;20та недела ? Секако сум пресреќна што мрдка
Мене докторката ми вика дека до 20 нема да осеќам, јас осеќам веќе скоро 1 недела ама последните 2 дена поубаво се осеќам 17+6 сум
Исто и јас последниве два дена , читав дека плацентата ако ти е позади ќе го осеќаш порано бебушот , мојата е позади.
Мојата е на преден ѕид. Па цела бременост планини прави бебе. Мислам дека повеќе е до карактерот на бебето.
Јас сум 16 та недела близначка бременост и ги чувствувам бебушките, особено навечер кога ќе легнам што не беше случај во првата бременост кога движењата почнав да ги чувствувам многу подоцна, така што индивидуално е
Ние сме 16+5 и уште не сум го почуствувала бебуш, но затоа сите лигаменти и органи ме штрекнуваат од време на време
Здраво 23+2 недела сум имам јаки болки во кичмата неможам ни да лежам ни да стојам ни да седам некоја позиција да ставам млако нешто позади ? Малечката е активна многу
Мешиња , денес сум 18 недели имам слаби менструалниболки во целиот долен дел повеќе ги осеќам од страна и зголемен бел исцедок мешан со воденикаст , цело време сум како попмочана во гаќите .. исто и болките мезагрижуваат пошто се пропратени со исцедокот .. има простор за паника или не?
Тука сме некаде со неделите, јас имам сколиоза на р'бет и болките ми се јавуваат секогаш кога правам пауза со спорт. Сега со бременоста не спортувам ама секогаш кога ќе почувствувам болки во грбот се размрдувам, вежбам лесни вежби за рамена и врат и помага ептен. Е сега битно е да знаеш од што те боли грбот па да бараш чаре, раздвижување и топли облоги некогаш можат и да влошат состојбата.
Јас сум 24+2 и од старт сум со таков бел исцедок, до сега брисовите ми се чисти и секоја контрола викаат дека е ок. А такви менструални болки мислам дека во прво тромесечје ги имав секојдневно, второво многу поретко ама прашај си пак најдобро. Обично сметаат дека е во ред.
Исто и јас имам сколиоза и исто спортував 6 год. И од работата плус мислам декаа ќичмата си ја имам зезнато бидејќи креваме тешки пакети и после коронава дека бутик не исфорсирааа премногу и имам паднато од висока лизгалка како помала на кичма дали сега од тежина не сум пробала сеуште некои вежби некако ми е страв а знам дека е дозволено. Може да почнам полека полека може и ќе се смени ти благодарам ♥️
Здраво девојки, пишав пред една недела во друга тема за мерењето на цервиксот.. е сега првиот пат во 16+3 кај матичната во мојот град ми беше 4.84 cm, потоа бев на контрола во Битола во Плодност , таму за една недела во 17+6 недела ми мерат 3.2 cm а и реално имав болки во долниот дел од стомакот, не јаки туку како да ме влече надоле некако, и се испаничив дека ми се крати цервиксот, ми препишаа два пати дневно утрогестан и магнезиум и малку одмор. Е сега , после два дена пак отидов кај мојата матична ми мери ми вика незнам вика може од друг агол те мереле цервиксот ти е ок 4.5 cm 18+2 недела, и затворена дури и при напон, бебето е завртено со нозете директно на каналот и те удира на тие мускули изгледа и затоа осеќаш како влечење и болка, ок тоа се не ми е јасно како различни мерки ама тоа е, јас си избрав да верувам дека не ми е скратен многу Е сега прашањето всушност ми е... Кога лежам ме наболнува стомакот, кога станувам од кревет исто, а кога се движам не ме боли никако дури убаво ми е , дали на некоја од вас и е вака, и сега колку и да сакам да лежам демек ете да одмарам такаа повеќе ме боли, има ли некоја од вас оваа недела 18+3 денес сум и како се чувствувате вие? Поздрааав
И јас сум 18 недела исто така имам болки и од страна како во јајници ама немам исцедок освен од утрогестанот , на контролниот брис пак уреаплазма покажа не ми се исчистила и се сомневам дека и од неа може да е... брисеви и уринокултура види ако ти се чисти, можеш онака на преглед ехо да си видиш за да си бидеш мирна..
Немам веќе болки никакви , и јас сум како тебе 18+3 и имав исцедок проѕирен во недела и после тоа немаше ич пратев имав само бел и еве денес па ама тоа се пример 2/3 капки кои ми прават крукче на гаѓите и ја се вадам од памет денес касно станав и касно бидна да вртам на матичната ќе вртам утре обавезно , иако не верувам да е плодова вода бидејќи ќе беше пропратена со болки барем јас така мислам иако не знам више што да мислам прва бременост ми е и се ми е оваа ново .. нема кој да ми помогне со мисливе никој не ме разбира .. бебево ме клоцкаше синоќа у 3 сат па и тоа малку ме смири ама на момент и денес еве пак се извадив од памет
Еве мила јас те сваќам и тоа многу убаво. Може ме имаш читано, јас цела бременост имам секаков исцедок, чисти ми се брисевите 3пати правев. Мене гаќите ми беа лом, мокри целите. Значи не зборувам како ти што велиш 2-3капки, туку целите вода. Ајде и лето и јас многу се и потев. Ама осеќав како ми тече вагинално. Еднаш одејќи до матичниот, осеќам нешто тече, тече... Целата се осеќам водна, почнав да паничам едвај стигнав дома. Гаќите ми беа како под вода ставени, да стиснев ќе искочеше течност. Е, тогаш реков сигурно е плодова вода, почнав да плачам и паничам. Кога отидов на Доктор рече си има доволно вода, ама јас пак си го имав црвот во мене. Ама еве сега сум 33та недела и добро е. Се помирив дека едноставно сум таква и цела бременост си имам исцедок. Де бел, па проѕирен и така. Не се секирај и нервирај, се' е нормално. Ќе си отидеш на доктор и ќе видиш што и како. Само не сум сигурна дали на тебе ти имаше пишано некоја членка во лп? Пошто и мене баш тогаш ми имаше пишано. Пиши ми и лп ако сакаш за муабет. Уживкај си.
Софи душо , те читам нон стоп дури и памтам дека ни пушташе слика колку исцедок имаш ако не грешам овие денови сите пораки ти ги пријдов да се уверам дека е се океј кај тебе а си имала ист исцедок .. буквално сите пораки ти ги прочитав и решив да одам денес на матичен пошто сум голема паничарка немам пројдено низ никакви работи како вас ама буквално сум свесна за се што може да ми се случи и дека живееме во такво време што ретко која жена лесно останува бремена и го носи бебето како што треба, се некои нервози неможам да се опуштам скроз и да си свиркам пошто имам и примери од многу блиски што се може да се случи.. Само што се вратив од кај матичната ми провери PH со некои лентички за кои прв пат слушам и се излезе дека е океј немам ниту инфекција ниту е плодова вода и цервиксот беше 46 мм ама ете рат глава ќе ми е до вторник тогаш бебушот ќе го видам. За личната порака што ја добив ме изнервира фактор на неемпатичноста и не премисленоста пред тоа да се направи на паничарки како нас уште такви реални пораки ни треба за кои се подсвесно свесни што може да се случи .. Фала ти многу што ми пиша не сакав да те замарам во лп ! Уживај во бременоста уште малку па ќе се гушкате
Здраво идни мамички Стигав и јас до второто тромесечие сакам на сите да ви посакам лесна и безгрижна бременост Денеска сум 14+4, супер се осеќам освен што имам понекогаш главоболки и осеќам такихардии,пулсот ми оди некаде до 90. Сакав да ве прашам дали некоја од вас била на првиот скрининг во плодност и како е задоволна и кај кој др.?