Isto i jas si pijam sekoj den po edno. Od ona sto imam citano, ne treba da se preteruva, vo nasoka da ne se pijat poveke od 3-4 na den.
Ако наутро не се напијам прво кафе јас нема шанса да мрднам од кревет. Значи првото ми е задолжително турско со две три капки млеко. И после ручек пијам нес, капучино или ладно макијато.
Пијам по едно лате и сум среќна што можам да пијам кафе, првата бременост повраќав од кафето, сега уживам
Jas pijam po edno na den na pladne pred bremenost piev po dve sega po edno. Od pocetok do sega menuvav vidovi na kafe na pocetok piev pareno nes pa letoska minse piese onie od kese nes frape so led me osvezuvase, pa piev od apart dolce gusto pa tursko pa nes, kao se prezasuruvam od eden vid pa smenam nekoja nedela ama dozata e taa edno kafe od bilo koj I da e vid nekogas so stevia nekogas so kafeav seker zavisno dali vo tek na den ke jadam nesto blago Ili ne.
Мене како да почнуваат да ми отекуваат. Вчера приметив на едната нога ме стегаше чизмата околу глуждот а ги носам често и таман ми се инаку
Не сум. 17та недела. Само мешко рипна, и мислам дека го осеќам бебе чат пат нежно. Втора бременост викаат порано се осеќало. Со првата дури 20та недела знам фати. Не знам ова дали е правило или мит.
Девојки, влегов во 23 та недела, бев на скрининг во петокот, се беше ок, ама еве од тогаш овие два дена имам болки ептен доле во стомакот, и во срамната коска, во вагината и коските околу вагината, дури и кај анусот како притисок чувствувам, бебето е активно го осеќам многу ниско ептен во препони како клоца, можно ли е вака од него да ме боли да притиска од движењата, а и утрогестан ставам редовно и магнезиум пијам и пак не поминуваат болките, има ли некоја од вас искуство со ваков тип на болки оваа недела влез во 23 та?
Да во петокот на скринингот ми мереа 3.2 cm, баш ја прашав докторката рече демек е ок за овој период.. ако не се смират два три дена еве да почекам па пак да одам да видам, незнам дали е нормално вака да боли, дека ми е прва бременост и сета сум на анализа и аларми
Мене така ми е од 18та недела, последнава недела до денес ми се намалија, денес не можам од кревет да станам. Штом цервиксот е добар немај гајле, сигурно бебче е ниско. Барем мене вака докторката ми кажа, кај мене беше ниско и во препон мислам ме маваше Мене покрај утрогестанот ми зголеми дпза на магнезиум 2×400, и ми препорача повеќе мирување со кренати нозе. Последна контрола кога бев ми рече сега да ставам утрогестан и втор магнезиум во ден да пијам само по потреба.
Добра е таа вредност, но нажалост кај некои (кај мене зс многу кратко време се скрати) за кратко време знае да да се скрате. Ти пишале погоре магнезиумот земај го по 2х и утрогестанот. Лежење а не седење. Од седењето дополнително ќе биде ниско и со ударите плус сеуште е мал плодот. Бањање со помлака вода/жешка никакоиж и тоа набрзина. Обавезно доктор ако продолжат болките. Смирено и практикувај ги советите
Мами, како сте до хормоните? Во последните 2 недели за нигде сум, некако лесно раздразлива, прееска од нигде никаде си плачев, дали ќе знам да го гледам бебето .
хаха и јас иста сум, плус ме дразнат работи кои што претходно ми биле смешни, си барам причина за кавга со мм за без веза се си препишувам на хормониве и се надевам ќе пројде.
Здраво идни мамички Бремена сум 15 та недела, пред две недели бев на прв скрининг и се беше ок. Еве веќе неколку недели приметувам како мали траги од засирена крв на тоалетната. На секои 2-3 дена ми се појавува. Незнам дали да го контактирам докторот? Ова ми се случуваше и пред да одам на последната контрола аи му кажав на докторот, ама откако ме прегледа и виде дека се е во ред, не ми одговори ништо во врска со ова. Дали ви се случила и на некоја од вас ваква појава? И дали е ова нормално?
Може и да не е ништо страшно, да се прочистува заостаната крв ама за да си бидеш мирна и да не мислиш јави му се на матичниот. Користиш поргестерон?