Јас имав често такви крварење ама кај мене полип беше во прашање па од него. Тогаш мојот др. ми рече и секс, долго пешачење, дигање тешко може да префизвика крварење како и дека се исчистува старата крв па затоа така засирена, веројатно не е ништо за паники ама за мирна глава слушни се па и нека те види ако треба. Поздрав
Се ќе биде во ред, со секојдневен стрес си правиш полошо и за тебе и за бебето, пробај да се опуштиш. Јави му се обавезно да те види, во меѓувреме мирувај. Ако не ти спомнал сам прашај си ти дали имаш потреба од прогестерон, тој е за подршка на бременоста а нема штетност. Со лесно, па пиши ни што си направила.
Ти благодарам многу на одговорите и подршката. Утре ќе му се јавам пак од сабајле сега не бил тука. Само господ да е со мене и моето второ бебенце.
на секоја промена треба да се реагира и веднаш да се појде на дежурен/матичен. На време да се даде терапија и открие причината. Претпоставувам дека после 1 от пат ве ставил на тетрапија некоја.
Не, само ми рече сега ќе видиме и го виде бебето на ултразвук кажа дела е се во ред. А во истиот ден испитував и крв и мокраќа, се беше во ред. И така остана работат…ништо не ми кажа за тоа.
Здраво срцки, почнувам со фемибиом2, па гледам има по две апчиња бело и портокалово, е сега прашањето ми е дали и двете се пијат исти ден и дали исто време?
До денес примав пролутекс преку еден ден и кринон гел навечер. 13+4 сум, денес Др ми рече да прекинам со пролутекс само со кринон гел да продолжам. Дека постелките си произведуваат прогестерон, нема место за паника така?
Бев на преглед утредента ама немав време да пишам. Се е во ред, ми рече дека најверојатно крварам по малку од плацентата бидејќи е многу ниско поставена, а сега полека се поместува нагоре,
Супер, мило ми е дека сте добро. Одмарај колку можеш повеќе ќе си се намести бебчето и нема да имаш мака. Ти даде терапија, совет нешто?
Не ми даде терапија никаква и ми рече продолжи да си живвеш нормало, не треба на ништо посебно да внимаваш.
Здраво , извините сакам да прашам нешто за да бидем раат зошто малку ме фаќа паника. 19 недела сум и последниве неколку дена имам болки ама не јаки кј колкот , кичмата , препоните буквално како некој да ме стиска и кога ќе легнем поготово на десната страна го осеќам потешко и ме притиска , а на левата воопшто. Треба да паничим или тоа е “нормално”?
Девојки јас сум 13+4, веќе секој ден осеќам како меструална болка, како тргање од сите страни како притисок, на кашлање исто болка скроз долу фактички како под стомакот. Не е страшна не издржлива болка, повеќе како нелагодност, ама се грижам така малку. Бев пред некој ден на преглед, се беше во ред, докторот вика нормално било. До кога се "нормални" овие болки од ширење на матката?
И јас сум 13+7 дена и јас истото го чуствувам како некоја чудна болка, ама не како менструална и при кашлање исто така, и кога ќе легнам да се одмарам и ми поминува
И јас сум 21+5 и осеќам болки повремено во кичма, во колкови, во спиење некогаш ми се укочува ногата и имам болки дур да сменам страна, исто и колковите ме болат, некогаш нозете ги осеќам буквално ко скапани. Сега последниве денови почнаја и вртоглавици по некогаш да ми се јавуваат. Тоа е, слатки маки, ќе истрпиме за нашите најмили што допрва ќе ни пристигнат Со лесно на сите
Јас сум 15та недела и еве да се приклучам со болкиве .. осеќам доле како благи менструални болки, прилично ме боли од вчера левиов препон и плус повремено кичмава.Со бременоста се е во ред иначе.
Девојки некоја да нѐ била во ремедика на втор скрининг и на трансфузиолог? Да ми кажете за цена и ме интересира дали даваат ЦД од бебчето од скринингот?