Vi blagodaram mnogu mi olesna. A dali vi se desavalo toa nekoj den voopsto da ne go osetite bebko da kloca.sinokja beshe epten aktivno nokeska isto ama od sabajlevo go nemam oseteno me fakja panika.
Жени 14 та недела сум и втор ден имам чешање на нозете во предел на бутовите, од денес и под гради и на лицето некои црвенила. Гинекологот рече лоратадин ама сеуште чеша иако е испиен пред неколку часа. Слично искуство?
Здраво на сите. Пред две недели правен серклаж поради грло на матка 10мм. Моментално сум 18 недела. Вчера и денес осеќам од време на време болка тапа не многу интензивна повеќе досадна доле кај матката односно најдолниот дел од абдоменот, болката неможам ни да ја дефинирам ни да ја објаснам убаво, не е менструална. Повеќе е како стегање слично на грч, некогаш држи повеќе време некогаш помалку се случува неколку пати во текот на денот. Дали сте имале слично искуство, се мислам дали на доктор да отидам, во вторникот бев, се беше во ред, а и сум на строго мирување во кревет не ми е баш од полза да се шетам по доктори.
Јас кога имам болки матичната ми рече Утрогестан вагиналети да ставам,сепак консултирај се со матичен.