Мене како што ми текнува тие недели имав такви слаби менструални болки (преслаби) до 17та/18та после мислам дека не , сега ги заборавив какво е чуството а имам доста болна менструација ќе биде весело на пораѓај
Последно бев пред 2 недели на преглед, и матичната ми кажа штом ќе одам на скрининг приватно, дури во април кај неа на контрола.... Неделава сум 17 г.н. Што испитувања/контроли ќе следат?
И јас сум 15+5 и еве денес исто се осекам, во половина болка и како во јајниците непријатност. Утре сум на преглед, не ми мереле цервикс воопшто до сега. Ептен ми е страв се надевам дека се е нормално.
Се е океј доколку се слаби болките ништо не е страшно ама те разбирам и тебе и сите тие недели еден ден ги има па 5 ги нема и се вадиш памет
А ТОРЧ каде се прави? На гинекологија или некаде по другиве клиники? Како оди со закажување, дали мн се чека? Сега тоа ми го ставија на дневен ред да го правам
Си отидов јас вчера во Ремедика на контрола. Подобро да отидам а да е лажна паника, отколку да требало а да не отидам. Бебе беше суепр, плодова вода доволно, цервикс 3.57 мерено со вагинална сонда. Докторката ми рече дека е солидно, ама од ова што читам по интернетов и не е баш. До 13 недела примав утрогестан, сега ми е прекинат, 16 недела сум. Што да правам да го нормализирам цервиксов?
Добар ти е цервиксот нема потреба да се замараш , не се споредувај со никој сите сме различни јас сум 36та со 4 cm цервикс значи ужас !
Башка ептен милиметарски е тоа и гледаат и дали е затворено и мене и ми кажа дека и на ехо гледаат дали е долго или скратено. Мене за еден ден кај матичен 36 во Ремедика 43 еднаш ми измерија.
Некаде до 7ми месец многу се плашев да не ми се крати цервиксот па ја терав матичната ми го мереше и секогаш беше над 4 ама јас пак не се движев толку, и од како влегов во 8ми сакав повеќе да се движам ама болките у цервикс ме убиваа и мислев дека почнал да се крати викам супер ама вчера кога ми кажа баш се разочарав па ќе гледам сега повеќе да одам и да ме боли тоа е..
Девојки дали некоја има проблем со мака во желудник кога ќе лежи? Кога и да легнам како камен во желудникот да ми се појавува. Се исправам да ми помине и така цела цела ноќ. Мачнините ми поминаа, киселини немам, ама икам и ждригам цело време. Ако некоја имала искуство што пиете, да препорачате???
Нема врска движењето. Јас за прва бременост одев на работа, по свадби, шетав цело лето па на ден на термин 4.7 ми беше цервиксот. Некогаш е до физиономија, плус како е поставено бебето.