Јас бидејќи одам на скрининг и кај матичен и во Ремедика кај Елена, на првиот скрининг Елена ми рече да се видиме во 20та недела на втор скрининг, така што ќе ја послушам и тогаш ќе одам да го видиме мојот мал господин ❤️
@Animini Ве читам и си велам добро е мене уште не ме фатиле киселини.. Па да не сум по кусо од пред 1 саат ми гори желудникот и хранопроводникот
Во првата бременост немав ни киселини,ни мачнини ни ништо, но сега во втора бременост од се ми е мака. 14 недела сум количински многу малку јадам и што и да јадам после ме боли желудникот. Дај предложете нешто со што би можела да ги намалам мачнините и болки во желудникот.
Jас вечерва се лечам од киселините со ладно млеко. Содата престана да ми помага веќе, а и да сменам малце. Кисело млеко многу помага исто така.
14+4н ги зедов денес резултатите од брисеви - имам Уреаплазма во цервикс и бактерии во мокрача Од терапија Сума Мед, пробиотик и Полигинакс. Некоја со слично искуство ?
Мноооогу досадна бактерија. Јас со Ева ја имав, ама тогаш ми дадоа еритромицин вагинални и ми помина. Не постојат веќе.
Дај боже да помини сум ја немала одамна бактеријава - тогаш се исчисти со една доза. И сега се надевам на тоа
Ај пак да прашам, правени брисеви и уринокултура се си е чисто, ама некои денови чуствувам непријатност некоја, неможам да ја дефинирам не е чешање нити печење, нешто ама стварно незнам како да го дефинирам, ама осеќам дека нешто не е ко што треба. Нема секрет, нема мирис. Можно ли е да е нарушена вагинална флора? Како тоа да го проверам? Има ли некој некое слично искуство?
Ако правиш брисеви на бактериолошкиот цервикс и вагина ќе ти покаже, мене ми беше намалена флората , ми дадоа ацидосалус вагиналети. Мислам дека се добри, но еве сега пак осеќам дека е исто иако матичната ми вика реакција од состојка на утрогестанот.
Па ок беа во 13 недела, утре сум полни 17 недели. Се мислам пак ли да правам брисеви. Немам памет ич веќе, ама ќе се исконсултирам со матичната друго чаре нема