Дали може да ми кажеш каде правеше микробиолошки што ти покажа уреоплазма? Јас во 13 недела правев микробиолошки, и ми излезе gardnerella vaginalis на брисот од вагина само, па ми даде матичниот вагиналети. Но она што ме збуни и цело време го мислам е што му кажав дека пред две години имав уреоплазма, но дека ја исчистив се. И тој ми рече: може и ова е уреоплазма, ама државните брисеви не ја детектираат, демек следни во Авивена ќе направиме за секој случај. Искрено воопшто не ми се верува дека државните не детектираат уреоплазма, ама ми ја дтави бубачката да си мислам.
Во државно правеше @Bebulleee ,а во ист ден однесов и јас. Кај неа уреаплазма, кај мене гарднерела покажа. Нема шанси на државно да не покажуваат, јас и во Плодност на приватно ко правев пред неколку години беа испратени во истата државна лабараторија, само што си дадов пари без врска.
Овие неколку дена ми е прелесно дури и стомакот не ми е толку голем колку што ми беше, бебе го немам осетено неколку дена и ме фаќа паника.. 15недела...
Отиди направи си ехо, ако ти е мисла. Инаку нормално е некогаш помал некогаш поголем стомак, во тој период стомакот е повеќе отечен отколку што е од бебето. Зависи и од храна. А не знам во 15 недела што осеќаш од бебето. Не е малце прерано? И ја имам такви мисли понекогаш, еве периодов баш 17+1 сум, а не знам дали во стомакот осеќам бебе или гасови. Ама тоа е, сите изгледа поминуваат така.
Можеби е рано ама осеќам (нежен допир внатре, некогаш пулсирање околу папокот и под него значи 100% се разликува што се гасови а што е бебе не е исто... За претходната бременост со син ми во 17недела веќе и надвор се познаваше ко ќе клоцаше.. Индивидуално е Која бременост ти е ?
Јас сум 17+3, пишав претходно до пред некој ден како голицкање осеќав, сега веќе не, некогаш имам чуство дека ми ја тегне папочната врвца, сега баш јадев благо и чекам ламбада да ми се случи во стомак, ама некако незнам ко да ми се јавуваат некои благи вибрации ама незнам како да ги дефинирам. Некои членки кажуваат дека во овој период осеќаат клоцкање дури. Мене ми е 2 бременост и искрено уште незнам кај да го очекувам да го осетам над папок, шод папок, околу папок... се надевам се е во ред сонсите наши бебушки, може се само мрзливки
И јас ја осекам, како пеперутка 16недела сум. Али дефинитивно не секој ден, бев на преглед се е океј. Закажи си преглед да не ти е шубе.
Прва. Секако дека е индивидуално, затоа секој за себе најубаво знае што осеќа и кога треба малце паника. Инаку ја кога го осеќам баш пониско е, на последна контрола таму и си беше кога го гледавме на ехо. Докторката рече дека за некоја недела ќе се крене повисоко.
Под папокот барем јас така го осеќав тој период , во 17та недела прв пат. Иначе индивидуално е мрдкањето зависи и до бебенцето некои се помирни не мрдаат толку па не ги осеќате секој ден , се е во ред без грижи
Zdravo devojki jas sum 17 nedela. Sabajle mi izleze herpes na ustata prv pat vo bremenosta. Inaku pred da ostanam bremena znaese cesto da mi izleguva. Ima li prostor za zagrizenost. Inaku mackam pasta za zabi. Ve molam za iskustva pozz.
Женски се пријавувам свечено во второ тромесечие Денес конечно малку излегов набрзина си купам некои фармерчиња со ластик а ич не излегувам од дома после крварењто во 6 недела кое брзо го снема, а и со ивф сум па пусти страв и одма нешто ми е. Сега осеќам како боцкања во вагината кои поминуваат брзо како струја, дали е загрижувачки?
И јас исто осеќам. 16 недела сум. Читав дека се од ширењето на матката. Некогаш и погоре под папокот така ќе ме пресече, од лигаментите е тоа. Дури се издржува и кратко трае не е страшно.
Здраво. Девојки дали често мокрење во почетокот на второ тромес.е нормално. Правам споредба од првата бременост, каде тоа беше во последните месеци кога бебе беше големо и нормално, а сега со втората бременост тоа некако рано ми се појави онака немам други симптоми.
И јас споредувам со првата бременост и како небо и земја . Со првото исто како тебе имав почесто мокрење на крај на трето тромесечие, сега сум 22ра недела и од почеток на бременоста сум пола ден во тоалет . Секоја бременост си е приказна за себе
Sosema e normalno. Jas koga vlegov vo vtoro trimesecje mnogu pocesto mokrev, od utre vleguvam vo treto trimesecje a poslednive dve nedeli samo navecer stanuvam po 5-7pati za u wc, preku den nemozam ni da gi izbrojam hahah.
Девојки, од ваше искуство, кога би се вратил нормален мирис и вкус на некои нешта (кафе, месо, риба, цигари...) кои се предизвикани од бременоста?
Јас сум 18+6 , уште неможам да поднесам мирис на турско кафе и одредени парфеми , не е со истиот интензитет како на почетокот ама ми сметаат