Од вчера земам утрогестан да. Се јавив во итната сега ми рекоа ако не стане по обилно да одам во вторник кај матичната да ме види. Многу, ама многу се плашам. Прв пат крварам одкако сум бремена уфф
Е па бидејќи се плашиш да си појдиш да те видат. Јас мислам дека не би требало да е нешто сериозно оти е кафеаво. Ама за да си се смириш Појди си
Женски дали ви се дешава во второво тромесечие да почне да ви се лоши. Терам 18 та недела и еве два дена цело време како да сум гладна а не сум гладна, јадам често и многу грдо чуство не сум спиена Скрос на почеток вака ми беше зар можно е пак да се врати гадење
Да, јас бев таква цело второ тромесечије. И јадев. Подобро ми беше да сум најадена него гладна. Сега трето тромесечие сум веке своја на своето со јадење
Здраво жени, јас сум 23та недела плус 3, имам малку зголемен вагинален исцедок без мирис и малку бела боја, брисеви се океј . И болки во грбот - си правам филмови во глава, дали на некоја друго и се случило ива и дали е нормално?
И јас исто имам исцедок ама малку не нон стоп мислам не е страшно чим е без мирис и бело, а половината над крстот мн ме боли ич неможам да стоам или ако се раздвижам малку и готово после треба два саати да лежам да помине. Ваљда дека сум улегната многу дека треба повеке да одмарам а тек сум 19 недела како ќе биде ова до крај незнам
Дали имал некој искуство со намалена плодова вода 21+4 сум. Денес бев на преглед на итна дека матичниот не работи. Ми кажаа повеќе течности да пијам. Ама не сум мирна. Кој ке чека до вторник и како ќе дочекам незнам.
Женски како сте? Сакав да ве прашам колку често ги чувствувате движењата на бебето во второто тромесечје? Јас сум 21 недела и моево е доста активно, некогаш од сабајле, понекогаш навечер е по активно. Ја прашав матичната ми вели дека било нормално и дека е големо бебче и затоа го осеќам скоро секое движење.
Леле како да ми ги прочита мислите Јас сум 26та, утре во 27 влегувам, и мислев денес да го прашам гинекологот дали е се во ред, бидејќи бебе е многу активно, наутро и навечер пред спиење. Од околината одма добив "осуди" дека сигурно сум си јадела многу благичко и сум го размрдувала, ама јас не сум воопшто љубител на благо. Во денот после ручек јадам едно нешто благичко, дали ред чоколадо, некое домашно колаче ако сум направила... и толку. Наутро кога ке станам вода само што сум се напила, тој е активен Јас му се радувам на неговата активност, си мислам дека е добар знак, ама ме исплашија и мене демек му правам нешто што не му се допаѓа или јадам благо па затоа толку мрда
Ахх нека си зборат што сакаат, и јас насабајле водичка да се напијам и одма е активен.. јас неколку пати ја прашав матичната ми вели дека тоа е добро дека расти, се развива. Јас онака сакав да направам споредба со некого дека прва бременост ми е и не знам што е добро што не е. Инаку и те како се радувам на секоја негова активност, уживам во движењата
И мене ми е прва бременост, и затоа и ми влијае ако некој нешто ми каже, бидејќи се сомневаш дали се правиш како што си треба за да му е удобно Ама ако волку ни бидат активни и кога ќе се родат, незнам дали многу ќе се радуваме (се шегувам) Само да се живи и здрави