И јс ги имам и тие прободувања во вагина и понекогаш во анус но многу повеќе ми се изразени ниско долу во стомак баш над препон, па за неколку дена ако не пројде пак ке одам и многу ми е страв и сега само сум ви кревет и лежам. Ајде пиши баш што ке ти каже докторот за тие прободувања во вагина
Имам и јас прободувања во вагина и како печење жарење а понекогаш и во анус но повеќе ми се изразени ниско долу во стомак баш над препон ако не ми проаѓа за некој ден пак ке одам на доктор мн м е страв. Ајде пиши баш и ти што ке каже твојот доктор
Какви доктори има страшно. Ако е се во ред на ехо и брисеви немаш потреба од грижа. Јаки болки пропратени со крварење се заканувачки абортус. И јас имав болки периодично и лекарот ми објасни дека болки во бременост се нормални се додека се благи и издржливи. Пиеш ли магнезиум?
Бев на доктор му кажав за болките ми рече дека се нормални ме виде на ехо ми го измери цервиксот и се си било во ред ми рече повеќе да одмарам ќе го послушам пошто сакам да пешачам сега ќе одмарам, магнезиум да пијам сега од пред некој ден почнав да ги пијам, односи да немам не ни имав до сега и сега од кога се прегледав по лесно ми е.
Па издржливи се до некаде болките кога одмарам но кога се раздвижам после се појаки. Заборавив да кажам дека повремено се пропратени со бол во кичма. Магнезим пијам 2x300 но не ми помага. Се молам да биде се добро.
Одмарај повеќе тогаш. Не кревај тешко, не се заморувај многу. Пробај со магнезиум директ од 400мг со б витамин што е. Ако продолжувате оди пак на гинеколог. Се ке биде добро немој да се грижиш, сите сме искусиле болки во бременоста.
Јас сум 26 недела и за цела бременост до сега само два пати имав осетено болка, пред два месеци во горниот дел на стомакот и пред еден месец кичмата и горниот дел на стомакот ме болеа цела ноќ без престан до сабајле. И двата пати во паники и плачење отидов на гинеколог и ми рече само што повеќе течности и магнезиум да пијам. Да ама последниве неколку дена осеќам менструална болка по цел ден, не е јака ама многу сд плашам и се трудам да не паничам, задутре имам ултразвук. Многу ми е страв од приказни за предвремено породување а мене ми е ептен рано за тоа. Подобро да не доаѓав на одмор, се пореметив скроз и горештините ме пореметија, за прв пат во бременост ми се врти и тоа чиден притисок во главата, матно ми е се. Исплашена сум ама го осеќам синчето како постојано мрда и тоа ме теши. Сепак и загрижувачки ми е што последниве 3 дена мрда само кога лежам иначе е многу активно. Дали би можело тоа од горештиниве да биде иако избегнувам сонце ептен или можеби што пијам кисела вода премногу? Повеќе од едно шише на ден. За вртењето мислам.
Во 17та недела зар толку простор имаат што час го осеќам десно, час лево, ама скроз на различни страни, си шета пеперутчето. Некако за разлика од син ми ова го осеќам повеќе и поконкретно, синко поише ко меурчиња го осеќав, ова се тртка, се вртка, се осеќа дека е тука.
Здраво мамички,18 недела сум, дали има некоја со нехомогена постелка на преден ѕид со лакуни, да лежи постојано?
Ајде и тука да прашам можеби некој ке ми одговоре како се чуствувате во 25-26 недела од бременоста јас ја почнувам 26 и имам како некое тежење на стомакот и мала како болка од десната страна ама не постојана така кога се вртам од лево десно осеќам или кога станувам незнам дали е нормално матичниот ми е на одмор нема кој да прашам
Јас сум толку отприлика,цело време си чувствувам болки и странично кај препоните/јајниците и кај резот од претходниот царски...
Во 18та недела, колку често ги осеќате/вте бебулињата? Не се сеќавам за синко искрено, пред некое време ова го осеќав одвреме навреме, ама еве недела дена го нема. Да не ми е стомакот и фактот што сум поправена, ко да не сум трудна се осеќам. И апетитот за машала.
Uste od 14-ta nedela osekam peckanja niz stomakot. Vo 18-ta osekav osobeno navecer pred spienje, znaese i da go snema, taka da ne se plasi a po 18-ta pocesto, mi se slucuva i vo nok da osekam i da stanam od spienje bidejki lesno spijam Probaj kasni si blakce i koka kola moze ke se razmrda i zavisi i kako e postaveno, preden ili zaden zid ....
Ја сум 19та, највеќе го осеќам кога ќе легнам на грб , или кога ќе легнам да спијам. Вака преку ден многу слабо.. Кога ќе ме фати паника зошто го нема јадам благо легнувам и чекам
Јас докај 22 ептен слабо го осеќав. Исто некогаш заборавав дека сум трудна, се случуваше во 4-5 дена да осетам само како една вибрација слична на гасови кога имаш. Е после 22 почна со спортови, акробации и брзи ора и што ли уште не
Женски , јас сум 21 недела. Бев на втор скрининг во Ремедика кај Др.Петрова ми кажа дека ми е скратено грлото на матката , дека е 3цм . Дека сум имала некоја инфекција во плодовата вода (брисевите ми се чисти) и дека ради тоа можело да дојде до предвремено породувсње.Со оглед на тоа дека имам 3 спонтани претходно ми препорача да пијам сумамед по 1 грам дневно 7 дена и да идам на контрола за 14 дена. Дали има некој искуство со тоа? Дали е ок сумамед во бременост? Испаничена сум скрос.
Јас првпат го осетив точно кога влегов во 18та. И осеќав можда на 3-4дена мрдање, сега во 20та веќе почесто го осеќам