Дефинитивно зависи од аптека до аптека, зошто ми текна јас Фемибион 1 прв пат ги земав 690 денари, а после тоа 100 денари повеќе 790 во друга аптека. Мене од 2000 до 2500 ми биле месечно давачките до сега за витамини и апчиња за бременоста, што е многу.
Мислење за резултативе? Матичната рече хематокрит намален - анемија. Искуство некоја 27 недела сум,фала однапред
Мене ми изгледат во ред освен што да железото ти е пониско. Јас пред 2 недели проверив железо 7, а 26 недела сум. Но преку еден ден јадев салата рендано цвекло и морков со лимон сол и масло. Вчера пак направив контрола железото 12.9. Така да моја препорака ти е да си земеш цвекло со лимон ако не можеш салата смути или сок.
Рачунај по менструација. Мерките со текот на времето ќе варираат , не може како по книга да бидат сите бебиња некои за истите недели ќе имаат повеќе тежина некои помалку. Скроз на првиот преглед можат да те водат пример поназад ради доцна овулација ако пример нема сеуште плод и срцева акција ради доцна овулација Мене така ме водеа една недела поназад цела бременост, па јас се породив некаде на средина односно неколку дена по терминот според циклус и неколку дена пред терминот според мерки
Јас пак да прашам нешто, последнава недела осеќам болки во препоните како воспалени мускули после вежбање ете така да ја опишам болката, дали некој имал таква болка не константно ама кога одам подолго или ако сакам крс нозе да седам, инаку сум 14+3
Јас имав такви болки во препони и вагинава ко потечена ја осекав ми почнаја во 16 па ми траеја неколку дена па ми прекратија па ми се јавија во 20 недела и ептен ме фати да ме боли мислев готово ќе се породам бев на лекар со плачење ама се си беше во ред и ми престанаја од време на време знае да ме боцне ко со игла пијам магнезиум еднаш во денот со б и ц што е така да ми рекоја нормално болки биле кај некои жени се појавувале.
Ко за подарок во второ тромесечие настинка или вирус. Искрено прв пат ми е и преплашена сум. Минатата недела сопругот помина со растечен нос. Утрово јас главоболка, бидејќи бев на работа не мерев ни притисок, ни температура. На моменти затнат, на моменти растечен нос. Сега мерев температура веќе 2 часа ми е 37.4. Засега земам супи, чаеви, сите витамини што ги земав плус витамин Ц почнав од денес. Утрово зедов и парацетамол бидејќи ми беше појака главоболката, засега немам земено. Утре ќе се консултирам со гинекологот, дали е потребна некоја терапија плус.
Веќе трет ден со затнат/растечен нос. Без температура. Никогаш не сум поминувала вируси и настинки без лекарства, па си мислам сега бавно ми поминува. Црп повишено и димери 510. Според граничните вредности за второ тромесечие ми е Ок. Бо лабораторијата во која испитувам вредностите за второ тромесечие се 320-1290. Следна недела нов преглед. Таман ќе е 16та недела, па се надевам и пол ќе видиме. Сеуште се мислам дали да направиме некоја скромна забава за откривање на полот, за нас и нашите родители. Или воопшто да не правиме бидејќи и онака сме таков тип на луѓе. Битно ни е да е здраво, живо, а полот небитен
@Lina-Detelina ќе те означам тебе дека блиску сме со недели. Дали имаш болки во колкови сега? И дали го имаш она чувство на некоја недонајаденост по јадење, како празен желудник не знам како да опишам. Упорно не си заминува Колку протеини внесуваш? И дали ја откри постелката на кој ѕид е? Вака се` на куп прашања
Болки во колкови преку ден ретко ми се случуваат, амаа ноќе на левиот не смеам да легнам, многу ме боли. Недонајаденост немам, ми се гади после јадење, ама ќути сеа не повраќам како во саботата, сабајле бурек јадев аоо после мака си видов, цела топка имав во желудник, ми се гадеше, ама не повратив. Протеини незнам колку внесувам, месо, јајаца не јадам, млечни производи земам повеќе и овошје, тестенините ми се најубави ама веќе тешки за јадење. Постелката ми рече дека е во ред, а на кој зид е не прашав. Пак го има истото пишано за постелката што го толкувавме минатиот пат: 920 или д20 незнам што е. Во кој дел го чувствуваш бебуш? Кај мене движењата се под папокот некогаш и подолу.
Го осеќам под папокот, како притисок како растегнување, како некој момент на возбуда онака кога воздух ти подзастанува. Да и подолу сум имала чувство како скокоткање. Туку, колкав ти е стомакот? Мене ко за 5ти ми е. Си го мерев 80 цм. Ај мери го и ти на најширокото.
Исто и јас така го чувствубам, нежно движење, скокоткање. Стомакот ми е големичок и мене, личам на трудна веќе, баш се радувам. Ама нема со што да мерам сега.