Има ли и други мајки со онакво чувство на глад по јадење? Ве потеков со ова, ама стварно ме нервира ова. Наутро немам така, ама попладне да. Прееска за ручек многу добро се накркав, имав такво чувство малце ко нелагодност, ама сега не да ми се јаде ццц. Добро јас ручав до кај 5 и пол сега е скоро 10. Шеќерот ок беше, протеините ок беа, останува да мислам дека е хормонска работа. А и желудникот можда како што е потиснат ми предизвикува нелагодност или пак вода ако треба да пијам повеќе. Колку ви се јаде, ајде кажувајте, да бидам вака подиректна.
Јас 15+5 денес некако оваа недела се помалку желби за јадење имам и со малку се најадувам, па веќе имам и киселини посебно навечер. Додуша веќе и цела недела сум со настинка, кога затнат нос, кога растечем. Денес се чувствувам и преморено. Демек ќе прередував алишта,да видам од есенските што ми чини и што ќе можам да користам, а цело попладне си го поминав во лежење и без желба да станам.
Јас сум напорна со ова не се осеќам трудно, ама стварно никакви посебни симптоми сем апетит за мрсно и суво, сендвичи, помфрит, бурек, кифла некоја, ама дека нешто посебно имам желба за јадење, не, освен сабајле рано околу 10 што ми се јаде и кога некој спомнува некое јадење баш ми се пријадува ама не до степен да не можам да издржам туку си го меморирам да си направам. Иначе од 5 до 10 е размак од 5ч кој како сакаш гледај е доволен да ти се пријаде, не е нешто дека посебно се дешава, едноставно ти се пријало вечера. Ти си слабичка, имаш фора, ручај си 3 оброка и ич да не му ја мислиш.
Друга работа е што потта ми мириса повеќе. Значи се туширам, ставам антиперспирант и за 1 час како ништо да немам користено. Лидера кремот претпоставувам е дозволен да почнам да ставам и од него? За маки и јас немам некои големи. Досега поминав без повраќање. Ретко кога да ми се лоши од нешто. Некогаш и размислувам дали е се во ред нели колку да има нешто за грижа. Друго не нервираат муабети од типот зошто само не си лежиш? Нека доаѓа овој или оној да ти работи. Нека ти спремаат ручек мајката или свекрвата итн... Мислам не дека нешто посебно тешко работам и се мачам ама кога засега немам потешкотии зошто би го поминувала времето во лежење? Вака со сопругот си завршуваме се што е потребно.
Potta ne da mi mirisa, tuku smrdi nemozam da se podnesam. Jas koristam lidera krem i da ne te razocaruvam ama ne pomaga voopsto. I jas od istata pricina go kupiv. Dejstvo samo 1 cas otkako ke stavam, posle isto. Pizamata gorna na dva dena ja menuvam, ako ja ostavam vo spalna cela soba ke ja zamirisa. Mislam care nema, hormoni se vo prasanje.
Мене од лидера кожата цела ми се иритира. Имам егзема бај д веј. Пробај да направиш сама дезодоранс. Со кокосово масло, сода и густин. Имаш на јутјуб. Само ако ти е нежна кожата помалку сода стави.
За под пазуви од Лидл Нодерма дезодоранс само ми е спасот, како ролон е, ем убаво мириса ем откако ќе се исуши ми праи некој слој како сув прашок и не се потам толку. А џиво џабе беа.
И јас на почетокот многу мирисав смрдев и многу ми беше непријатно да не им смрдам и на другите околу мене, прашував рандом луѓе на работа дали смрдам, ми викаа не дали од култура или можеби само јас си осеќав не знам, сега сум 15+2 не се осеќам толку.
Здраво девојќи, бремена сум 14+1, и последниве неколку дена имам како бодежи во вагина, како болка во грлото на матката и по изразени се кога мирувам. Дали некоја се соочила со ваков симптом во овие недели од бременоста?
Јас имав бодежи од 15 или 16 мене ми почнаа ко со игла некој да ме боди бев на доктор нормално било па ми прекинаа па пак ми се јавија во 20 недела тогаш ептен имав болки и мислев ќе се породам и тогаш бев на доктор во ред си беше ми рекоа кај некои жени се појавувале такви болки е сеа ако имаа врска бодежите и вагина ко потечена ми беше од бебето што беше хоризонтално наместено па ако се ширеше маткава па од тоа болки да имав сеа ми престанаа и бебево е сеа со главата нагоре карлично.
Имав запек еднаш, два пати од ко сум бремена. Ама ретко нормална столица, или дијареа или нешто слично, ретко правилна столица. Скроз ми се изпоремети од ко сум бремена, некогаш бодежи имам внатре во ректум. Не знам можеби имам хемороиди, ми се случи и крв малку на бришење еднаш. Некогаш си помислувам дека имам ректален карцином. Магнезиум земам по едно навечер 375мг. Од повеќе имам дијареа исто, ама ако треба некогаш 2 најмногу.
Не бе каков карцином. Млада си за таква работа, пупупу скраја. Изгледа таков ти е метаболизмот и од магнезиумот што земаш секоја вечер. И мене некогаш како покашава ми е, како брбувчиња хахах, ама некогаш не можам да се испразнам лесно. Дур ми дојде ехеее не е лесно.
На устата на ќошот? Не е страшно, сум имала и во двете бремености. Во претходната бременост имав дури и при крајот на бременоста, ништо страшно. Иако, знам, и јас се штрекам да не е нешто опасно, ама реално не е.
Девојки, колку ви тежеле бебињата на почеток од 15-та недела, 14 полни? Мене ме збунува апликацијата, вика треба по отприлика 45 грама, па сега во 15та да стигнат до 70 грама, а на преглед ми ги измерија по 104 и 105 грама и кажаа дека се сосема во ред и си одговараат на неделата со по ден/два плус. Најмногу ми е страв од гестациски дијабет, па се плашам да не ова е некоја индикација и дали треба да испитувам порано, макар што ниеден доктор не ми ни спомнал такво нешто? Секако ќе прашам на следен преглед, ама дотогаш ќе ме копка, па затоа си прашувам и тука.