Мене ми нема кажано до сега дека му мерел грамажа. 18та недела сум. А го запишуваат тоа негде во мајчина книшка? Да видам да не има запишано.
Не ја гледај апликацијата. Гледај на сликичката од ехото грамажата на колку недели одговара. Мислам дека е супер вредноста.
Јас не ни имам мајчина книшка На сликичката од ехото пишува, така видов, инаку докторот само кажа дека биле одлични.
Супер, да не дигам паника за глупости. Инаку да, на сликичката од ехо пишува, едното бебче 104 грама 14+6, другото 105 15+0. А по циклус вчера бев 14+5, значи таман си се. Ќе ја избришам таа апликација да не ми бута бубачки во глава
16+1 помина прегледот во најдобар ред. И јас направив узбуна ради апликациите. Кај мене за 16та недела пишува 100-110 гр, докторката ми измери 150-160 грама. Викам нема шанси да е толку поголемо. За после да поминам време пребарувајќи на интернет и да испадне дека баш така е во ред. Инаку веројатно е девојче. Засега така личи. Ќе го чекаме скринингот следен за потврда. Некако бев уверена дека е машко ама битно да е се во ред и здраво, па полот не е битен.
Девојки дали некоја од вас има константно вртоглавици? 18 та недела сум и по цели денови имам. Да напоменам дека имам и вратна спондилоза, но никогаш немало вакви вртоглавици
Јас имав ама после недела недела ипол престанаа. Нормални се , крвниот притисок се крева баш од тие недели. Избегавај нагло станување и внесувај доста течности.
Пак јас за истото. Добро, има ли некоја што по јадење ручек осеќа пак ко потреба за храна? Како празнина осеќам, па пијам вода ама шо дека. Јадев риба со две парчиња тонус и зелка салата. А во глава си замислувам бурече, пице итн. Зошто вака? Не ми е секогаш така чувството, претходно нели ко имав мачнини ми беше слично, ама немав апетит. Сега баш би јадела, ама знам дека треба мерка. Почнав да се сомневам на скриен шеќер и од ум не ми излегува. А 16та недела сум полна. А да знаете внимавам, е сега тек тук ќе си земам по нешто појако, сладолед или калцоне имав земено пред два дена. А главно внимавам. Шо да прам? Фикме си набив.
А зошто не си каснеш тоа што ти се јаде? Бурек и пица нормално е да ти се јаде понекогаш. Важно е да се има разнообразна храна ама не е воопшто погрешно да си каснеме тоа што ни бара душата (секако тоа не подразбира нонстоп јадење нездрава храна во неограничени количини). Имаш индикации за скриен шеќер? Голем плод? Многу плодова вода? Некако многу рано ти е да го мислиш, тек од 24 до 28 недела се прави. Опушти се малце и дај и на душата тоа што си бара. И мене кога ми поминаа мачнините осеќав глад и нонстоп јадев па фала на Бога сега сум 28+ и во ред ми е сè.
Јас сум 15 недела и овие денови баш истото се прашував. Претходно имав еднаш неделно, ама сега неколку дена по ред постојано. И кога си легнувам цела соба ми се врти, пијам вода демек повеќе ама пак исто. Читав по нет, за ова тромесечие пишува дека се очекувани, како мачнини во прво. Ама сепак, ако се чувствуваш многу чудно, прашај си и матичен, нека ти измерат пулс, притисок, шеќер, за секој случај.
Индикациите се првично во мојата глава. Пред некој ден се качив на вага и оп шо ќе видам 2 кила и нешто плус. А само до пред 3 недели бев на иста почетна килажа. Зедов метро се мерив, запишав бројки споредив со претходната бременост како сум се движела и горе долу слично беше. Не се осеќам здебелено а сум си качила кила и тоа откако помина тој период на мачнини. Па некако тоа чувство во желудник од почеток ми е тука, ко недојадена некогаш, некогаш ко мачно да ми е, ми се ждрига, како качен стомакот в желудник. Во претходна бременост нормално се здебелив, 11 кила само. И до 17та недела сум си ја имала истата почетна килажа. А сега до 16та скоро 3 кила. Ај втора бременост е ќе речам. Ама одма филмови почнаа. Па као демек многу мочам и дали сум жедна не знам, а навечер не станувам да пијам сега, повеќе на почетокот. Овие две не ми се веродостојни, особено за хипохондрик кој може и да си умислува за мочањето и пиењето вода Плодова и плодот тек во 18та ќе го провериме. Ама друго што ме буни е стомаков нагло скокна, додуша ептен, личам ко за 6ти месец. Ај тоа можда дека второ ми е, а и дијастаз имав, сигурно има влијание. И тоа е, главно, еве ми се јаде. И вечер одам на претстава после земам бурек.
Не си прави филмови пред време. Моето од прв преглед беше поголемо на секој преглед еве се до сега на 18та недела си одговара точно, уште е рано да да прават узбуни може пак ќе се помести до нареден преглед. Ти направи си анализа за скриен шеќер кога ќе треба, а до тогаш не му ја мисли битно да не е назад 2 недели, а после макар имала шеќер и тоа се средува ќе биде во ред бебушот. За килограмите исто, од 16 недела наваму магично ми се накачуваат по кило плус а претходно се немав поправено ни грам. Нормално е и тоа.
Јас од одма почнав да качувам и еве проверено вчера немам скриен шеќер. Не си прај склети. Нормално е да качиш, не е исто сега и првата бременост, не се потресувај. И нормално е да ти се јаде, не знам и тоа зошто го мислиш. Гладна си, јади, ама јади разновидно, не леб и протеин, во бременост мора да има од се по малку, протеин, скроб, јх, баш се. Тонус мене 2 парчиња ми се малку, не знам за тебе, ама појачај малку на храна и немаш потреба од стресови. Иначе да, дојдоа резултати од скриен шеќер, супер се, можам да здивнам сега. А Бејби е во форма, будала невиден! Љуби га мајка! Поздрав од продолжен викенд на планина мешиња!
Фала ти на одговорот и утехата. Сега вторава бременост можда малку поинтензивно ми е сѐ. Првата бременост не бев ваква. Еднаш при стрес шеќерот до 5, 2 ми беше. Аха ок си реков, ништо страшно. Докторот ме натера да ја повторам крвната слика и во ред беше. Па каков скриен шеќер ништо на тоа не мислев. Сегааа, хах поремечај. Супееер шо ти се во ред резултатите. Кај ќе ојш на планина? Дај идеја
Хормони во глава ми маваат деновиве. Пред да го направам тестот за бременост сонував сон каде што раѓам машко бебе и после тестот супер сигурно е машко според сонот. Нели си поминуваат недели,јас уверена дека е машко си гледам гардероба, играчки за машки. За пред некој ден на прегледот докторката да речи бебето е женско. Секако не ни беше битен полот, меѓутоа сега не можам да се навикнам на идејата за женско . Нормално најбитно ни е да е здраво и живо и секако ќе е најсакано за нас, а мене ќе ми поминат бубачките кај да е. Друго кои прегледи следуваат после 16-17 недела. Малку во гужви кај матичната не прашав, освен што ми даде упат за крвна слика, да ја направам за 2-3 недели. Претпоставувам следен преглед ако е се како досега околу 20та недела.
Девојки, дали некоја се соочила со меко грло на матка во 14недела, и со темно кафеав исцедок? Јас сум многу исплашена па ќе ве молам за искуства?