Јас сум 21ва, и исто паничам, некои денови ич ги нема, ама мислам дека најдов решение. Сфатив дека многу сакаат сладолед, па кога ги нема, каснувам и одма имам поздрав назад Денес цел ден не мрднаа, а од сабајле бев на депилација и мислев истрауматизирани се, ама сега каснав сладолед и добив клоци или што и да беа во папок. Така што, додека не ми забранат благо, тоа ќе е лекот
Во која продавница праша? И јас се интересирам за количка. Имавме една подарена, користена неколку години, ама веќе расклатена е во тркалата. Што мислите, да купувам нова? До 10.000 би дала.
Во врска со клоцањето и храната јас се трудам да приметам разлика ама нема. Еднаш јадев лут ајвар и мислам ми излезе низ папок и реков ете, тоа ја чека ако ја нема. После тоа уште 2 пати јадев нигде ја немаше. Исто е и со благо, ладна вода/пијалок, значи некогаш реагира на конкретно нешто, а после тоа друг пат на истото не. Активна е сабајле и навечер, поретко преку ден, а кога се движам воопшто ја нема (читав дека совршено им е за спиење дур се движиме).
А јас во 16 недела се секирам што по цели денови ги нема кај ми е крајот, до пролет Бардовци ќе фатам.
Јас сум дополнително затоа што со претходната бременост проблемите ми почнаа во 16 недела и сега таму до 21 /22 посебно нема да имам мир.
Почна ли да ги осеќаш? Јас моево не. Само вчера на два пати ко еден погласен звук како некој меур да имав во стомакот и кратко ме болеше кај папок, ама не знам дали е бебето. Досадна сум знам, ама со душа чекам да почнам да го осеќам…
Бебушот билтака почнува, мене тие ми беа истите знаци. Кај и да е, за недела дена-две ќе осетиш и убав удар.
Јас имам како некое кркорење и како превртување,мислам дека е тоа.Бев понделникот на контрола докторката ми рече за 2 недели ќе почнам да го чуствувам.
Абе јас уште од 12 недела осеќам некои движења ептен нежни, кога бев на скриниг го прашав Димчев ми кажа да можно е затоа што се две. Еве трет ден као послабо осеќам и паничам , среќа денес сум на контрола и ќе се ослободам дај боже. Кај и да е ќе знаеш сигурно дали е бебето.
Ти го разбирам стравот, ама имај на ум дека премногу е рано за да ги осеќаш често и силно иако се две. Ќе ни се смири душата уште малку после втор скрининг и на двете.
Вратена од преглед, бебињата се добро мама ќе диши слободно некој ден па после пак ќе почне со паники... Ја прашав докторката за тоа дека веќе ги осеќам бебињата она вика рано било таму после 20 недела ќе сум ги осеќала, а јас сум сигурна дека нив ги осеќам.
Во теорија е рано да, ама праксата некогаш знае да биде различна. Како и да е околу 20та недела ќе си ги осеќаш редовно и поинтензивно, на тоа мислела веројатно.
И јас ја осеќам веќе. Сигурна сум дека е бебка. Вчера дури и мини клоца добив и маж ја осети. Инаку се како бранчиња, меурчиња, нешто такво.
Неќев да коментирам со нејзе , убедена беше дека се нешто цревата што сум ги осеќала Па ние сме тука некаде двете , и јас еднаш до сега осетив као мини клоца али не бев сигурна, завчера му ја ставив раката на татичко да ги осети али неќеа да му одговорат.