Да ви се приклучам и јас 19 недела сум и веќе околу една недела осеќам некој треперења бранови што не бев сигурна дали е од бебето ама сношти ми ја исполни душичката со преткањето сигурна сум дека е беба мое... сега само што легнав сеуште го нема ама се надевам пак ќе ме исполни... позз мешиња мои
Прва бременост и еден куп прашања. Полна 23та недела во понеделник. Читам симптоми и потешкотии и баш сум во шема ги имам, ги немам. Денес се преоптоварив со чистење и повремено имам болки во препони. Се повеќе како замор/тежина во нозете сеќавам. Така да следните два дена планирам до максимум да си лежам. Поосетливи гради, последните неколку недели имам. Маки со храна немав никогаш. Е сега читав папокот треба да е нанадвор, кај мене е сеуште навратре. Не го сметам за проблем, само ме интересира дали кај секоја трудница се испапчува? Линеа негра, веќе гледам под папокот некое како потемно влакно, меѓутоа немам комплетно. Засега тоа ми текна од анализите на симптоми.
34+5 сум. Ниту папокот ми е испапчен, ниту имам линеа негра Секоја трудница си е приказна за себе, не се оптоварувај со симптоми и уживај во бременоста
Уживај во бременоста и не се преоптоварувај со читање симптоми, сите сме различни и на различен начин ја носиме бременоста. Кај некои папок внатре,кај други надвор, некои со линеа негра,други без.. Трета бременост ми е, ако не отворам апликација не знам ни која недела сум Преактивна сум,што дома што на работа, што со двете моми дома. Немам време да гуглам и да ти кажам раат ми е главата, и јас читав свашта посебно во првата бременост. Ама подобро гинеколог да си прашаш отколку гугл, секогаш
Луѓе, уште една недела и влегувам во 6ти месец, кога ќе ми пораснат гради да се порадувам и јас малку
Јас сум 8ми, ми пораснаа ама скрос малку.. онака. Инаку даска сум. Се надевам после пораѓај ке пораснат повише коа ќе надојде млеко да можам да дојам.
Ќе пораснат, ама после кога ќе престанеш да доиш.. мене ми се како на жална врба, помали ми се и од пред бременост
Не знам што да ти кажам, можеби е подобро да се радуваш додека се уште не ти пораснале. Јас сега се жалев во другата група (ама таму ме игнорираат) дека 22 недела ненормално ми се пораснати и тешки и не можам да дишам, од 70B на 85C за 5 месеци и еве и во нив ми е тешко,чекам преглед да прашам да не нешто не е во ред. И се тешам дека натаму веќе нема олку да растат, ни мали не ги трпев, не па вака.
Индивидуално е скроз и различно во секоја бременост очигледно. Мене во првата ми немаа пораснато и ми беа исти до пораѓај, се зголемија само кога се наполнија со млеко и после пак се вратија во првобитна состојба. Овој пат е друга приказна. Не се зголемени, ист број на градник носам, ама се тешки и такви тврди ко силикони да имам.
Не се загрижувај без потреба, секоја промена на градите во бременост во смисла на растење, стврднување и слично е нормална. Можеш една самоконтрола да направиш, ако нема ништо нетипично како грутчиња и слично, нема простор за паника. Болката е нормална, и моите се далеку посензитивни од претходно.
Ме плаши десната поконкретно, бајаги порасна поголема од левата и еве веќе неколку дена на долниот дел имам болка како внатре да има сечило, не е она стандардната болка како пред циклуси или на почетокот на бременоста, туку многу остра. Прслукот сабајле го носев пола саат и ме угуши. А и сега со ковидов и кашлицава уште повеќе се влоши болката. Па штом оздравам ќе одам кај матичната, може и она ќе ја ѕирне па ако треба да закажам и преглед.
Здраво девојки, дојде време да се префрлам во оваа тема. Имам прашање, цела вечер не склопив око бидејќи имав пулсирачка болка околу срамната коска, исто и левиот јајник ме боли веќе два дена. Дали е оваа болка од ширење на матката или е нешто загрижувачко? Исто така, многу ме чеша стомакот. Се мачкам со масла, со креми ама џабе, ајде преку ден некако се контролирам, ама во спиење тешко, цело време се чешам и се будам. Совет некој?
За првото прашање немам искуство, би требало да е нормално, се шири матката но сепак прашај доктор. За второто, исто на почеток на второ тромесечие 1-2 ноќи имав страшно чешање на стомак, и јас не спиев и после наеднаш почна да се приметува малку стомакот. Расте затоа и чеша. Кај мене мачкање немаше ефект, само од себе се смири мислам.
Мене ме пецкаше стомакот, многу непријатно чувство ама тоа е од самото растење на стомакот. Почнав да се туширам со маслениот гел на Еуцерин, маслото за стрии на Еуцерин и путерот Хипп, ептен ми помогнаа. Можеш да пробаш ако немаш пробано.
Zdravo denes bev na vtor skrining vo 19 ta nedela(18+6) kazaa deka se e dobro.No gledam na rezultatite e presmetano spored merkite deka odgovara na 18 ta ned(17+6) sto malce me zagrizi bidejki do sega napreduvalo super tocno spored denovite duri nekogas i ponapredno za den dva.Dali e normalno vaka da otstapuva ili da baram i drugo mislenje