Сакам да прашам дали има некоја што е 19/20 недела и што немала никакви болки или затегања? Ни осеќам нешто нит ме боли нешто. До толку да сум дебело кожец? Паника немам зошто си се тешам дека се е ок, а потсвесно ги бројам деновите до втор скрининг
Тука сум и јас со неделите ама заморно ми е и често мокрам... ти можеби си одмараш повеќе и затоа се осеќаш супер а и мош тек сега ќе почнеш да растеш во стомакот па ќе осеќаш некој нелагодности... верувај нема да е се така туку ќе издржиме само живи и здрави да се родат
Точно повеќе одмарам. А за мокрењето не само што ми е често туку имам и проблем да пуштам ако ме фати кивавица. самиот стомак не ми е голем туку како да сум се прејала а не сум била во тоалет.
Јас. 19+ 5 болки и затегнувања немав воопшто. Но од пред два дена баш како што пиша во следниот пост како да сум се прејала. Посебно после ручек, салата и супа да изедам само ми е мака како кој знае колку да сум јадена. Но си викам подобро вака одколку да не можам да се сопрам од јадење како во првата бременост. Стомак сега рипна малку иначе немав. Да не се подречам и со често мокрење немам мака. Јас како влегов во второ тромесечие како да не бев бремена, ништо не осеќав. Сеуште сум ок, но како да почнува најава дека допрва иде тешкото Кај планираш втор скрининг? @DaisyDoo добродојде и уживај сега во второ тромесечие.
Стомакот ми е тупанче само навечер преку ден даска рамен, затоа малце ми е шубе. За апетит што знам никогаш не сум ни јадела многу, јадам онолку колку што ми се јаде во моментот, денес може хамбургер и благо да се натепам, а другите денови на еден тањир манџа без благо да живеам. Инаку втор скрининг ќе правам во систина кај Ивановски, он ме води кај него бев и за првиот.
Да не ти е шубе, иста сум и јас. Навечер е проблемот, сабајле равна сум . Јас да изедам хамбургер мислам дека ќе препукам од тешко што ќе ми биде. @Снегулк@23 дури сега почнувам по малку да го осеќам навечер кога ќе се испружам.
Нормално е да осеќам напнатост во стомакот? Мислам ќе ми пукне од вчера наваму. Како притисок, болка, не сум сигурна како да опишам. Само кога мирувам, лежам како потсмирено да ми е. Инаку на нога кога сум и кога седам на работа ме фаќа и половина и напред стомак и препони... Пијам магнезиум ама нешто како да не врши работа. Треба да реагирам нешто да ме ѕирнат или нормално е за оваа недела 14+
Нормално е, подуен е стомакот, се јавуваат гасови а плус и матката се шири. Ќе имаш различни периоди, нркогаш ќе е е полесно, некогаш потешко. Деновите кога ти е многу тешко можеш да појачаш магнезиум
Исто, јас искрено се надевам дека ова е период кога најмногу се шири матката па после ќе е полесно, иначе не знам како ќе терам вака до крај. Јас сум секој ден со болка во половина, најдов поза која ми го намалува притисокот и ме релаксира, но тоа не е решение. Ќе почнам со јога вежби од следната недела па ќе видам дали нешто ќе помогне. Катастрофа жива сум, не можам да станам од кревет од болка.
Близу сме со неделите? А јас демек добро се осеќам на работа тргнав, на боловање бев до пред некој ден. Ама едвај одам од болка, тегнење, притисок, надуеност... не очекував волку рано да почне вакво чувство. Земаш магнезиум? Обично секој грч ми минеше со него, ама ова нејќе, а не земам мала доза...
15та недела. Мене ми е вака скоро 4 недели, и станува се полошо и полошо. Ако седам подолго време ( а работата ми е со седење ) не можам да станам после. Вчера ептен се измачив на работа, седни вака седни така никако поза да фатам. Пијам магнезиум ама џабе. Сеа за сеа едино што ми помага кога имам многу болка и сум вкочанета е легнување на под со грбот, и кревање на нозете накај стомакот. Така лежам 10 минути и многу ми олеснува. Ама пак, ова не е решение.
Јас бев исто. И повеќе паники си правев баш дека немам симптоми. Е сега веќе 23+ наеднаш пораснат стомак, почести движења, веќе ми почна нелагодност во препони така да мислам уживај додека не се јавиле појаки симптоми.
Некаде од 17 ама со несигурност оно ли е нели е а сега од 20 та дефинитивно секоја вечер некогаш и на сабалје
Девојки дали сте се соочиле со почести главоболки во пределот на темето? Јас сум 15 недела и во последниве две недели почнаа се почесто да ми појавуваат, а притисокот како и пред да останам бремена 90/60.Исто се соочувам и со затнат нос.