Јас 15+5 и иста сум ,исто како пред добивање на циклус ама не трае долго баш пушти фати Од памет ме вади ,магнезиум не пијам оставам така да пројде
Ама препорачливо е магнезиум да се пие, баш за да се ублажат болки и еветуални контракции и грчења на матката.
Еве не ми помогна ако продолжи да интензивира ќе одам на дежурен веројатно. Ваква болка ми е чудна, па и зачестува.
Секакви болки ќе се јавуваат во текот на бременоста ама ако се неиздржливи треба да се оди на лекар. Инаку, зголеми доза на магнезиум и пиј го редовно, а сега истуширај се со топла вода и легни си, мене тоа најмнпгу ми помагало
Здраво мешиња. Да би се придружам тука, мислам дека ми е време… 13+5 сум. Уште си повраќам имам мачнини и ми се гади од одредени миризби и храна… Но си имам и друга мака. Ми најдоа уреаплазма во брисеви ( некако тогаш бев како поднастината) и ми дадоа азитромицим антибиотик (сумамед) и полигенакс вагиналети само не ми кажаа што пробиотик да земам па си зедов pro life пастили… Уште не сум го испила антибиотикот, од пусти страв да пијам антибиотик во бременост а сум на почеток на втор триместар… си одложувам ама денес ќе морам да го почнам… Ве поздравувам сите
Отидов јас срце не ме држеше, виран сум знам ама што да правам Во ред срце, во ред плодова вода и грло. Бебе некако успано беше нишо не правеше само стуткано така дреми. Му видовме органот полов и тоа. Малку се опуштив.
Поголема опасност не дај боже има од инфекцијата него од антибиотикот. Штом ти е препишан од доктор да си го пиеш.
Повеќе ризикуваш ако не пиеш антибиотик. Почни да си го пиеш да си се отарасиш од уреаплазмата, вака само и даваш простор да с емножи и не дај Боже да ти направи проблем.
Ќе го почнам денес, морам, доста си одложувам… Сакав да ве прашам за пробиотик кој ќе го посочите за пиење??? На мм во аптека му дале prо life пастили… не знам дали е безбеден за трудници или да зеам друг?
Пролајф пастилите се безбедни, ама мене грди ми се и благи. Подобро капсули или некој друг пробиотик земи.
Женски се фарбате ли во бременост? Јас сум плава фарбана ама се немам фарбано неколку месеци,коренот ми е пораснат многу,природната коса ми е темна и ке мора прво со бланш па после со фарба за да ми биде еднаква цела коса. Има ли некоја искуство со бланш во бременост? За фарба ке најдам без амонијак ама ова..
Последниве неколку дена имам како ненадејни бодежи од двете страни на вагината, навистина знаат да ме затечат, посебно ако сум во движење, морам да застанам. Неколку пати ќе осетам па прекинуваат. Од што би можело да е ова? 17та недела.
Јас. Редовно се фарбам и тоа со фарба со амонијак . Имам многу бели и не се покриваат. Еднаш и прамени вадев околу 4ти месец.
Девојки денес 19 недела полна од пред 3 дена имам некоја болка како истегнато , не ми е константно цело време но на некои покрети ме пецка наеднаш во левата страна од под градата странично до јајникот некој слично искуство во тој период
кај мене само некои нови работи излегуваат денеска сум 25+6 и 5 дена имам вртоглавици јаки вчера цел ден повраќање и по доктори испадна дека цел лев центар за рамнотежа ми е надвор од функција и за жал решение се лекови кои не смеам да ги пијам и можно е 3 месеци секој ден да си бидам со вртоглавици не можам ништо да правам само да лежам а ме чека испитување прегледи други обврски ништо не ми беше преку нок се смени се најверојатно причината е вирус кој јас не сум го осетила и онака само лежам на боловање сум пишете ако некоја имала ваков проблем во бременост иако не верувам мислам дека сум единствена...
Девојки, помош да смирам психа. Од кога останав бремена месо скоро ич не јадам, освен нешо мелено, од све ми се гади… Вчера имаше за ручек телешки џигер и некако ме фати стрв после толку месеци да јадам. Што ми требаше сега, прочитав дека не требало да се јади… Жива ќе се изедам, цела снага ми трепери… Мм само ме кара, доста читај по интернет доста де оптеретуваш, немало врска вака такс ме теши, и нормално маж неможе да те разбере во овие момемти… Ми се плаче дури, како можев ова да го направам…