Изгледа не е рано. Јас се си мислев таму во осми месец тоа се појавува, ама отечена сум од 20та недела константно, само на два три дена се повлекоа, инаку цело време имам топки кај глуждовите и на горниот дел од стапалото. Докториве викаат штом се повлекуваат, тоа е, ок е, уживај. Мене димерите ми се 2000, ама само аспирин ми дадоа, а отоците си стојат, стари чевли/патики не ми се точни. Прашај си кога ќе одиш на преглед пак за секој случај, може ќе ти дадат поконкретен одговор. Јас добив како одговор само фармерки и тесни чевли не!
Штом д димери и хемостаза се во ред, контролирај притисок, ако тој е во ред, јади помалку солено и гледај да се движиш
Првото после 22, знам после скрининг беше. Мене ме интересира мајки за вторите деца кога го осетивте?
Епаа јас од утре почнувам 16 недела, ми кажаа дека го носам високо, ваљда нема да има нешто влијаени тоа кога ќе го осетам ама кај и да е ќе треба.
Со првата бременост имав од рано но не памтам точно од кога. И раце и нозе имав и страшни болки. Сите доктори викаа дека е нормално. По порагај, после одреден период се среди. Првото во 14 недела, како бранови и пеперутки. Ова сега од 18 та како пулс/удар еднаш-два пати, а од 20 та убаво се осеќаше веќе.
Е тоа незнам дали влијае. Јас баш ниско го осеќав долу како клоцкаше долго време. После тоа се крена нагоре, дури как 22-23 недела.
И јас сум со аспирин уште пред бременост, по еден на ден. Ајде баш следна контрола ми е за неделаипол-две, ќе потенцирам. Притисокот знае некогаш така да ме заебава, ама пак не е некоја ризична бројка, барем за сега.... Солено, апнувам не е за маана изгледа ќе треба да намалам. Ајде ќе следиме, тоа е... Ако ептен ти прави мака пробај листови од зелка, ациди борици облоги. @Iris-1234 Фала Ирис, те слушам секогаш
Јас по потреба пијам, ако ме боли глава или осетам некоја болкичка. Ама ќе почнам да пијам редовно. Баш слушав еден доктор некни дека на светско ниво секој човек најголем недостаток има од магнезиум, освен нели тие што редовно зимаат суплемент. Вика почнете со 500мг дневно, пијте две недели. Ако почнат да се намалуваат проблемите, пример болки во зглобови, главоболки, висок притисок, значи ви одговара дозата, ако не, зголемете.
Јас има некои чудни појави. Веќе извесно време сум константо со затнат нос при тоа не сум настината… чат пат ми се пушта ама и тогаш мислам дека протокот на воздух ми е 20%… посебно за дпиење ми е ужас, воопшо не го уживам спиењето, се будам, скроз цело исусшено грло, уста, полошо чувство амин… Друго последните 10ти а дена, имам чешање на грбот, така ме чеша што помислив дека сум фатила сипаници… чешање како да носам некој бодликав џемпер… не знам од што вака… 14+сум и уште си повраќам насабајле. Гадење имам, осетлива на миризби и наеднаш може да ми дојде нагон за повраќање…. Алал да им е на жените штоне чувствуваат никакви промени во бременост. Јас мислам како главата на друго тело да ми е ставена, неможам да се препознаам…. На полни 16недели ќе одам да видиме пол. Не правев пренатален тест, докторката ми е многу спремна, го почитувам нејзиното искуство, и ми рече ако видам јас нешто сомнително тогаш ќе правиме… Искрено одвреме навреме го мислам тоа и си велам зошто не напраив, ама ајде бидна веќе… Ве поздравувам мешиња
Ова ти е од труднички ринит или како и да се вима. И првата и оваа бременост имам. Во моментов помешано со настинка ужасно ми е. Инаку и првата и оваа бременост хрчев заради ова многу. Сама себе се плашев на моменти и веќе при крај морав да спијам во полулежечка позицина
23-та недела сум, сеуште сум затната 80% од времето. Навечер исто, спијам со отворена уста. Грб ме чеша/ше и мене многу. Сега и стомак знае да зачеша. Де мачкам почесто и знае да се смири.
Цела бременост сум затната, еве веќе 26 недела. Преку ден засипнувам и гѕбам воздух, ако затворам уста воопшто не можам да дишам, а навечер е најстрашно, спијам (ако воопшто тоа е спиење) со отворена уста за да не се угушам и се будам на секои 20 мин со отрпнат јазик, како здрвен, суво грло, па пијам вода и ми е гадно и така цело време. Матичната ми даде само аква марис спреј за нос, ама искрено ич не ми помага, али ако сакаш пробај. И чешањето е нормално, маж ми ми вика ќе ти ги врзам рацете, крвови се правам. Мене ме чешаше околу коските на колковите, ваљда како се шири кожата, половината, стомакот и градите нормално, а плус и се суши од бременоста дополнително.Бањање со маслена купка и после мачкам шо фатам, на почетокот мачкав павловичева, бејбилов масло, а сега комбинирам насабајле кремата против стрии на мустела, а навечер маслото на веледа, затоа што имам пресува кожа и се перутам, а и гарант ќе испукам.
@Homme @Tess36 Чисто сугестија може ќе ви помогне. Овие денови дека дополнително сум затната и од настинка забележав дека кога дишам свеж воздух ми се опушта носот. Вчера утрото бев целосно блокирана. Излегов на прошетка, после 5 минути на свеж воздух, ако ми верувате носот целосно ми се пушти. Често проветрување и спиење во колку можете поладна просторија. Вчера вечерта и ова го испробав зошто пак носот ми беше целосно блокиран, си легнав со отворен прозор. Носот исто ми се пушти и речиси цела ноќ спиев без проблем.
Девојки, само навлажнувач за воздух му е мајката. Верувајте се препородив откако земавме, пред тоа устата сува барут, спиев со чаша вода до мене, бидејќи носот ми беше затнат и само на уста дишев. Откако го зедовме се наспав саглам, се осеќа ептен свежина во воздухот. Најтопла препорака за ова, јас мислам најдобра инвестиција ми е во бременоста.
Ние имаме навлажнувач од претходно, ама кај мене е друг проблем со хроничен синузит и не ми помага кој знае колку. Во спална ни е постојано отворено лето/зима, само сега кога ќе легнам затворам прозор, отварам врата, воопшто не ја грееме, ама како напредува бременоста јас сум се повеќе затната и ми крвари носот. Или недај боже ако излезам да прошетам на загаденово, после нема ич спиење 3 дена. Другите години овој период бев обавезно со антибиотик (зинат или сумамед) и еден куп спрејови и таблети, ама сега ништо не ми даваат, а и да ми дадат, не би пиела, мора да се издржи некако.
И ние спалната ја држиме цело време отворена, ама пак навечер се осеќаше сув воздух, иако пример го исклучувам греењето во таа соба преку вечер. Еве една недела со навлажнувачот немам проблем, носот си е затнат но немам проблеми со дишењето преку уста.
Значи на мака сме со спиење… јас викам уште сеа неможам да спијам сжод затнат нос, ами кога ќе порасне стомал здравје, е тогаш нема да се поднесувам сама себе. И ние спиеме на ладно, обично проветрувам пред сопиење обавезно… Ќе го барам чарето и јас во навлажнувачот… вака инаку се осеќа. Ко болна цело време, а и реално не е добро да се диши често односно цело време… Што се тиче чешање, разбирам да ме чеша стомак ај се шири, па и гради растат, ама чешање на грб неможам да најдам логика… али тоа е, за тоа го викаат изгледа “друго стање”…