Мешиња, од тие што сте биле на втор скрининг на ГАК и имате искуство таму, кој доктор го препорачувате кој што е спремен за тоа? Исто ме интересира и за Плодност? За Систина знам Димчев ама тешко до него се доаѓа…
Јас бев на ГАК кај Горан Димитров односно кај неговата докторка Елена тешко се доаѓа и кај нив до термини јас лично од докторката и од Димитров сум многу задоволна се прецизно гледаат и објаснуваат
Kolku cesto gi osekjate bebinjata? Denes cel den nemozam da ja osetam I me fati strav, do vcera ubavo mrdase I se cuvstvuvase... 18 nedela sum...
исто имам и јас исцедок... на брисеви нема ништо, не знам освен оние стандардни брисеви за бременост, дали за некоја инфекција може да се направи плус нешто
Торч тест се вика. Се испитува и цитомегаловирус ,рубеола ,херпес симплекс вирус и уште нешто беше покрај токсоплазмозата.Мене ми го даде да го испитам матичната без индикации. На некои не им даваат гледам ама на повеќето да.
26та недела сум... лекар ми нема кажано да правам, дали е доцна да отидам на своја рака да си направам торч тест?
Јас го правев накај 15та недела,можеш упат да си побараш од матичниот за торч тест за во центар за јавно здравје и таму бесплатно ке ти биде со шифра за трудници,иначе на приватно не е баш ефтино да си направиш.
Не немаш термин го земаш упатот и можеш секој ден до 12 да отидеш да те боцнат,нема гужва одма завршуваш рабпта,зошто да плаќаш по 3-4 илјади кога можеш бесплатно,ке си купиш нешто со тие пари
И јас немам правено, ни матичен ни докторката што ми води бременост не ми кажале да направам. Едно време ќе барав упат на своја рака ама заборавив. И онака нема терапија за било што што детектира ТОРЧ, не си стварај непотребни стресови.
реално испаничив малце од што читав тука Значи и да е позитивно, не даваат терапија? Мора и некои симптоми да има или?
Не знам, а и искрено не сакам да знам. Премногу се изморувам психички со сите прегледи и испитувања, а и онака сум под притисок ради претходно искуство. Крај немаат испитувањата реално, само нешто излегува. Порано ни огтт, ни ддимери, ни торч, ништо не испитувале. Некој ќе рече друго е сега времето, е друго е да ама ако нешто недај Боже треба да се случи колку сакаш биди редовен во сите испитувања, ќе се случи. Мој совет е да се опуштиш и да не мислиш на тоа. Не читај баш се на форумов, ќе се разболиш верувај.
Во првата бременост кога правев, матичниот ми кажаа дека имало терапија за херпес и за цитомегаловирус, но даваат во зависност од бројката во резултатот.
Не се плаши, можеби имаш антитела од мината инфекција. Доколку пак добиеш нејасен резултат, повтори го тестот во приватна лабораторија со вклучен avidity тест. Висок авидитет значи стара инфекција. Поздрав