Јас и за првото немав индикации, а го правев скринингот за срце. И сега за второто ќе го правам, едноставно сум помирна кога специјалист за срце ќе направи таков детален преглед.
Не се секирај,лошо поставен плод неможеле да го видат убаво срценцето и јас бев во 24 дополнително и се си беше во ред.
Јас и ти како што гледав тука се со термините, може ќе се начекаме у породилно иначе не се секирај мене на втор скрининг ме извадија од памет ми кажаа во лева кпмора на срце имало бело голф топче. Не ми ни објаснија нешто подетално само ми рекоа треба да се прати ситуација и ми рекоа уште еден преглед насрце во 24 недела. Ама ја не издржав отидов приватно ииспадна дека ништо нема дека уствари тоа бело што се гледало е всушност предкомора на срцето. Иматичната ме прегледуваше и она истото ми кажа. Така да не се секирај, ништо не е само не можеле бебе да го видат убаво.
Здраво на сите. Бремена сум 24та недела денеска официјално. Потребна ми е консултација околу зголемено количество на исцедок. Читав тука дека е нормално, меѓутоа кај мене количеството на исцедок се случува после подолго седење или веднаш по станување од спиење. Во текот на денот знае да го има ама не во големи количини. Дали имал некој вакво искуство? Благодарам
Јас имам исцедок чат пат. Дали направи брисеви? Ако ти се чисти брисевите, ако нема мирис исцедокот и ако матичната не ти кажала ништо, не се секирај.
Петок сум на контрола и брисеви па ќе видам. Нема миризба исцедокот, па се надевам дека е нормално. Благодарам
Да прашам јас за ддимери мора да се испитаат или има некој предизвикувачи па испитувате? Јас 5ти месец сум сега освен крвна слика и урина ништо друго немам испитано до сега
Mene sekoj mesec mi davala da ispitam,se chudam vaka koga kje pishete deka ne vi imaat dadeno da ispitate.
Јас кај матичниот сама си барам и за крв и урина иначе ни тоа не би ми дал верувај, а кај што одам приватно на контроли ми бара докторката секој месец, не знам што доктори се искрено..
Јас прв пат во 7ми месец испитав, и сега во 8ми, мене ми кажа нема потреба се е во ред, ама за секој случај
Јас и слабокрвна сум едвај месецоб железото го донесов до 12, хемоглобинот ми падна на граница, се мислам може и тоа има врска. На дм сестра му се породи пред 1 месец неа ја прашав она па секој месец испитувала ради модрици што и се појавиле ама па тестот за шеќер не го правела. Не знаеш на кој доктор да му веруваш денес
Ако е сè во ред, мислам дека како проверка димери и скриен шеќер ги кажуваат после втор скрининг. На некои ни тогаш не им спомнуваат за димери ако на ехо е океј и ако се нема некоја индкација.
До сега уредна ми е постелката. За скриен шеќер,како редовна процедура без некоја индикација ќе си проверам за недела,две.
Здраво на сите Дали на некоја и се имаат појавено црвени флеки по целиот грб, кои подоцна станале темни? Да даде некој совет...Матичната ми вели дека било нормално од бременоста, но мене ме загрижуваат. Иначе сум 6 месец...