Немав ни со тоа ни со тоа пред бременоста, ми се појави веројатно поради покачен прогестерон кој е најчест виновник за состојбата, некое тело едноставно реагира како моето на него. Инаку проблемот е со црниот дроб кој не ја филтрира киселината и се излива во крвта, колку со разбрав ид објаснувањето. Ама добра сум сега, требаше да ме породат 37ма ако не се спуштеа вредностите, за среќа на време открија и имав неделно по двапати проверка на вредностите и терапија со урсодоксицилна киселина висока доза, скоро два месеци и за чудо ми се симнаа во граници па решија река нема ризик и ќе чекаат до 40та. Кај мене почна со чешање на табаните и дланките ама продолжи со екстремно чешање насекаде, не спиев со ноќи целата бев со гребаници што се чешам како луда. Благодарна сум што сум тука и што тука одма реагираат на чешање како симптом, да бев во МК не верувам дека ќе ме замареа оти таму препишуваат на хормони, на пирење на кожата дрн, дрн.
Те прочитав и малце ме замисли, во последно време и јас се многу чешам по тело посебно околе зглобовите на нозите и рацете..
Здраво девојки, незнам дали е дека ми е пониско постелката или се работи за нешто друго ,но цело време осеќам како притисок на бешиката . Дали има и некоја друга вака? Направени брисеви ,ПАП , уринокултура се е чисто . Кога им кажувам на докториве ми велат ништо не е , воедно ми го прекинаа и утрогестанот и откако престанав да го користам чуствувам болки почесто. Пијам и магнезиум 2 пати на ден меѓутоа ми помага сега за сега откако ќе го испијам и после пак исто со болки сум .. Се двоумам дали да отидам и до некој друг доктор чисто да слушнам мислење . 16 +4 сум инаку..
И јас сум со пониска постелка, и осеќав како притсок доле кај јајникот од левата страна, исто 16 недела. Кога потпорасна бебе 22, 23 недела почна да ме притиска на бешика дури и до подмочување Др ми рече карлично е поставена бебка и затоа. Магезиум пијам 750 на ден една таблетка насабајле две навечер ради спуштена постелка и тоа е тоа. Мислам дека не треба да се секираш чим брисеви и све ти е чисто.
23 nedela, kaj mene l kako sitni bruncinja crveni nekade zabelezuvam dali so cesanje gi sozdavam nz..
Јас спиев некаде до пред 2 недели 20недела, ама почна да ми расте стомакот сега и да сакам не можам ме боли и знае да ме клоца ако легнам на стомак.
Јас сум 21+ и понекогаш знам да се разбудам... веќе ми смета, па и не е баш удобно. Ми беше кажано од доктор, се додека не ти смета тебе, спиј си. Ќе осетиш кога нема да можеш повеќе
Јас никако не спијам, имам несоница од првото дете, 4 год сон немам, спијам од 10 и пол до кај 1 тие саати ми се споени, после само се вртам и никако да запијам, дури кон 5, 6ч заспивам и во 7 за на работа и в градинка станувам секој ден. И така го туркам секој ден преморена.
да ве прашам кога го почувствувавте бебето како мрда? јас сум 20 недела, и уште го нема ни еднаш и почнав малку да се секирам. трета бременост ми е и си реков рано ќе го осетам ама го нема.: и се концентрирам и држам раце - ништо - што мислите, има простор за паника? на интернет вика после 24 ако уште не тогаш на преглед.. тука сме само на гости и не ми се оди по доктори.. што да правам?
Jas bev 19+4 koga go osetiv prv pat. Ako ti e bas misla pojdi si na pregled. Neznam sto da te sovetuvam
ми мрдна седнав со лаптопот на мене и одеднаш оп оп) ќе се расплачев од среќа)) си мислам требаше да се пожалам па да се јави ќе набљудувам сега прво некој ден
Na pocetok jas ne go osekav bas sekoj den. Taka da nemoj i toa da te zagrizuva. Malecko e uste ima mesto da pliva
Здраво мамички, бремена сум 14+2, синоќе околу 1ипол часот имав кафеав исцедок кога ќе се избришев, гинекологот ми препиша утрогестан прогестерон, дали некоја која се е соочила со ваков проблем и дали има место за паника?
Мирувај повеќе и примај терапија, ако треба ако работиш и боледување земи си. Ако ги пиеш можно е да имаш вртоглавици да не се плашиш од нив е. Кај мене 11та недела беше розево на бришење и од тогаш земам добростон исто е прогестерон. Плус магнезиум и вит Ц земав тогаш. Магнезиум си земам секој ден. Па одма прекина и не се повтори, продолжив на работа и фала богу е во ред досега се 21ва недела сум.