Побарај си да ти измерат вагинално. Јас во првата бременост поим немав за мерење на цервикс,дознав од форумов. Случајно во 20та недела и побарав на матичната да ми измери и веќе беше многу скратен па се крена паника. Ако можеш нешто да превенираш,ништо не им е тешко да измерат.
Исто и јас сама си барам последно на скринингот си побарав од Димчев да ми измери. Он ми рече нема потреба, ама инсистирав, за да си бидам мирна
И мене досега не ми имат мерено цервикс, 24та недела сум, и со првото не ми мереа, вагинално воопшто не сум гледана дури и кога имав мало крварење не ме виде вагинално. Ме прашуваат кој месец си? Му викам нз мислам 6ти нз од која до која недела се месециве
6ти месец си со полни 27 влегуваш во 7ми . Така ми објасни докторот последно. Со полни 31 - 8ми , со полни 35 - 9 месец
Ви се случило долен дел од стомак пресекување онаква безвезна болка, така средно јака... легнав сеа помина. Не знам дали од тоа што не одам редовно во тоалет ама убаво ме пресече... Инаку 16та недела... Осеќам веќе движења од бебуш како црвче ровари под папок...
Мене да. И тоа секогаш кога подолго нема да отидам во веце. И дури знае и отпосле да ме боли, ваљда додека ми се наместат цревата...
Здраво женски 19+ сум имам зеленкаст вагинален исцедок, преглед имам закажено дури во вторник и некако не ми се чека до тогаш, дали некоја од вас се соочува со истото и дали да реагирам одма ?
Јас би отишла веднаш искрено. Може и да не е ништо. Кај мене последниот пат, имав исцедок со мирис и сите брисеви ми беа негативни... Јас за се одма идам ама не би чекала ни за ова
Јас имав иако правев после брисеви и ми беа негативни. На крај било ми падна имунитет. Тоа ми се случило еднаш и одтогаш не ми се повтори.
Женски, а дали имате Braxton Hicks, стврднувања на стомакот? Денес бев во молот и шетајќи ми се здрави стомакот... нели е рано уште од сега да се осеќаат... 25+ сум
Девојки, искуство со Полигинакс вагинални таблети? Брисевите ми се чисти, ама поради жолтеников исцедок и јадеж матичната ми ги даде. Синоќа го ставив првото, дури ме заболе од што е огромно апче Од сабајле уште повеќе ми е жолтиот исцедок и повеќе ме чеша... Дали е нормално, не знам, веќе почна и нервоза да ме фака, што од исцедокот, што од дневните влошки
А да ве прашам... каде ве маваат најчесто бебушките во меше? Мене човече доле скроз ме мава дури кај препони го осеќам хаха... нели треба да е качено горе? Може и лупам, не знам...
Која недела? Кај мене долу се претежно, кон папок и над папок тек сега почнсв пред 2 недели да осеќам, значи околу 21-22 недела, сега сум 24та и уште таму се, сега на пр над папок ме маваше Видов погоре 25та си, значи претежно долу се движењата кај мене.