Леле тој период мислам за сите ист е и јас сонував живи глупости, бебе сум изгубила, ми го земале кога сум го родила пишав и тука памтам. Б6 си пиев и пред спиење. Занимавај се, серии, прошетки, кафе, positive birth stories на yt гледав јас. Една kenzas што ја следам на инста сега и ги изгледав влоговите со првото бебе, таа трето чека плачев малку со неа кога кажуваше како се мачела ама ете ја 3 детенце ке си роди. Мене и такви работи ми помагаа да не мисла безвезе глупости.
баш истоо сум и јас сонувам како ми го зимаат бебето, без причина се карам со мм дури некогаш ми станува жал за него како ме трпи искрено
Девојки дали на почетокот на второто тромесечије ви изчезнаа сите симптоми па за момент сте се запрашале дали е се во ред. Јас и во првото тромесечије немав којзнае колкави симптоми освен што понекогаш знаеше да ме заболи стомакот и осеќав како болка во матката сега ништо од тоа нема и дека пишав пред некој ден дека се нервирав баш се загрижив. Многу лесно се чуствувам и ништо не ме боли. Исто така секое сабајле станував со тешкотија порано а сега многу лесно и енергично. Ве молам за совет. Во среда сум на контрола и пишав на матичната но ми рече штом немам болка ништо не ми е ама јас се плашам да не престанало да чука срцето на бебето од нервозата.
Која недела си? Не можам да ти пишам, ако сакаш пиши ми. Не би требало да е нешто, почеток на втор триместар е чуден, уште не осеќаш бебе, симптомите се намалуваат, имав и јас такви паники. Само пробај да мислиш позитивно и штом имаш закажано преглед ќе видиш ќе ти олесни.
Не се плаши на сите второ тромесечие ни е најлесно, тогаш зимаш здив од бременоста шо се вика хахаа. И мене ми беше така наеднаш престана и да ми се гади, и енергија ми се врати освен што имав стомаче друго ништо не ме потсеќаше дека сум трудна Уживај два три месеца после пак доаѓа тешкото, болки у грб и кичма, киселини голем стомак, али све сетоа слатки маки Со лесно да ти е бременоста и пиши ни како си поминала на преглед.
Не се секирај со првата бременост само повраќањето го имав подолг период ама после открив и од што ми е . Други симптоми немав се до 36та недела кога веќе не можев да се поднесам и едвај дишев додека да излезе бебе.
Секоја жена и секоја бременост е приказна за себе. Кај секого е различно.. Јас од како влегов во второ тромесечие ми ги снема киселините и престанав да повраќам.. Кај секого е индивидуално. Сега сум 19та и немам симптоми освен што се повеќе и повеќе го осеќам движењето на бебето. Затоа не се плаши, некој дури воопшто нема симптоми. Не се секирај само позитивни мисли, ќе биде се во ред
Лелеее дали има некоја како мене што е постојанооо како помочана? 26та недела сум денес и веќе ми е смачено од менување на гаќи и секојдневнии..
Поздрав, иста сум од некаде 21-22 недела, еве уште исто ми е. И јас од денес 26 терам, нема лек очигледно. Сега повеќе улошки мислам потрошив одколку кога имав циклус
Од денес 25та јас, засега немам мн исцедок, со првото знам мн имав само водена бев, сега еднаш денот знај да ми истечи наеднаш и после мирно Мн активно е денес машала, бранови на стомак имам
Значи исто. Ама се форсирам и вода да пијам многу и поише сум во веце него на столче на работа хаха јас и ти сме ептен со неделиве
И јас по 3литри обаврзно пијам, имав мака на почетокот дехидтирана бев од повраќање од тогаш навика по 3 литри обаврзно. Да да, кога ти е термин?
Тука сум и јас 38ма сакат царски да ме породат дека втор, 15 дена порано од термин кој е до 29ти ама пораѓај ќе биде од 12 до 15 август така ми рече докторката па здравје до тогаш.
Море да биде се добро, најбитно. Ќе се печеме тоа е мене првото ми е 2ри Јули родено и таа година беше пекол уште во Јуни. Ама се се издржува