Здраво, би сакала да ве прашам дали некоја се соочила со нарушена вагинална ph вредност во бременост. Ми излезе во 18 недела на преглед 5.5ph , a резултатите од микробиолошки брисеви се чисти. Се исплашив зошто читав дека може да доведе со предвремено породување, а матичниот од кога излегоа чисти брисевите не ми даде никакви насоки.
Дали е нормално да се осеќа затегнатост на стомакот мислиш кожата ми се растега. 17.5 недели. Насабајле го немам ова чувство ама како што јадам и пијам во текот на денот ми се подувува стомакот и се зголемува притисокот и оваа затегнатост се појавува. Некогаш толку оптегната се осеќам ко да ќе пукнам.
Да, се шири кожата. Мене кога стојам цел стомак ми е како балонче и така тврдо а така истегнување осеќам кога ќе се намести бебе со газе и се врти, тогаш мислам секој момент низ пупак ќе ѕирне
Ќе мислиш дека низ папокот ќе излезе. Мене дека ми е 2ра бременост сега во трет триместар ми го испапчува цел стомак здравје ќе видиш како се истега стомак
Хаха ќе се навикнеш Јас скоро 26та, кога почна така да излегува паничев дека се контракции додека не сфатам дека е движење од бебе и телце а не затегање на стомакот , ластикот од долната облека ми го превртува надоле кога си се пика кај пупак душички се
Како ви оди со мачкање крема по два пати на ден стомак, гради и бутови? Мене толку ме мрзи и само еднаш после туширање ставам....
Se mackam so kokosovo, samo posle tusiranje duri nekogas zaboravam na 2 dena sto ne e dobro. Nekako maka sto velis.
Ако ти се верува од цела бременост еве уште имам од путерот а веќе 8ми месец сум многу ретко се мачкам од што ме мрзи. Маслото ми е по практично некако. Али повеќе игра генетиката улога и нормално нагло ако се поправиш или ослабеш пак можат да се појават.
Кое масло го користиш? И јас дали 3 пати до сега се намачкав во 6 месеци ама викам од сега да почнам поредовно ваљда сега допрва би излегувале стриите до сега немам ниедна
Јас се мачкам само навечер. Ставам масло на Еуцерин. Лесно се размачкува. И во првата бременост се мачкав исто,испукав буквално пред пораѓај. Почнаа да ме чешаат два дена пред да се породам и жар црвени стрии ми се направија. Сега се истите тука,обледени,а и не се познаваат толку. Така да ,самото мачкање може да спаси нешто ама не значи дека нема да ти се појават.
Јас го користам маслото од Еуцерин. Се мачкам редовно, до сега да чукнам во дрво, ми се немаат појавено стрии. Терам 8 месец.
Да ова масло е и за после пораѓај ако ти се појават додека се црвени избелуваат Сега на бејбилов го користам искрено маслото поефтино ми е и убаво ја прави кожата мека и убаво мириса. А со еуцеринот се фрлив тоа што носев зошто после перење алиштата како на старо мирисаат.
Јас се мачкам 2 пати дневно. Наутро со путерот на Хип, а навечер со маслото на Веледа. До сега немам стрии, што не мора да значи дека натаму нема да се појават
Јас на почеток се мачкав секоја вечер со Хип, сега со невен. Маичките од невенот ми се нспраени ужас ама тоа е. 30та недела сум скоро, немам за сеа стрии, мислам покритичниот период за стрии тек допрва ќе дојде
Јас сум 8ми месец, не се мачкам секој ден, секој втор после туш, и баш обожавам да си се негувам така, ептен ми е мерак, дури ко масажа си правам на мешко и фала богу, кожава ми е мека, нежна, пре пре задоволна сум од маслото од Еуцерин
Здраво мамички. Дали некоја од вас има искуства со втор скрининг во Плодност. Се двоумам меѓу Марија и Кристинка незнам каде да закажам....