Јас од мои 18 год случајно прв преглед закажав кај Кристинка. Еве до сега и две деца родив со неа, презадоволна сум. А не дека ќе згрешиш ако одиш кај Марија, сите во Плодност се врв доктори. За мене пример тој што го сметам за најдобар, можи зс друг некој да е најлош. Ама еве од мене топла препорака за Кристинка.
Здраво, дали некоја се соочила со нарушена вагинална флора во бременост (ph 5.5) и како ја третирате ?
Majki, rekov ke se raduvam loshenjeto sto namali ama 2 dena haos sum, vo paniki, 15ta nedela sum i namali epten, gradite osetlivi mnogu ama od um se vadam so gadenjeto nekako si velev ok, tuka e, luda glava
Нормално е од 15/16 недела да се намали и целосно исчезне лошењето. Мислам не постои трудница која овие 3 4 недели до првите удари (околу 18/19 недела) не доживеала барем еден нервен слом од страв дека нешто не е ок со бебето . Јас одев на 2 недели на контрола па тоа ме смируваше, не се секирај така нормално си оди бременоста
Туку кажувајте органите во 26та недела кај ни се низ стомак ? прво си осеќам дека од мноооогу мала количина храна се осеќам прејадена, после кога ќе застанам мислам горниот дел од стомакот ми е поголем од долниот каде е бебо како да ми отекува и ми тежи од горе не можам да одам. Одам само кон потешкото само а?
Здраво мајки, барав нешто по конкретно во врска со мојот,,проблем'' но не најдов, сакам да се консултирам во вас нешто се надевам дека некоја ке ми олесни. Бремена сум 23+4 некое време чуствувам полсирање на стомакот кога ке си ја ставам раката некогаш е по забрзано, некогаш е смирено, трае по неколку секунди, дали е нормално, дали некоја имала слично искуство? Ви благодарам
Подмочана патка само паничам упорно веќе 10 недели дека ми пушта плодова вода, докториве викаат нема шанси количина е секогаш добра ама пусто страв бре а поодам осеќам си потекува по малце воден бел исцедок и кругче мокро се отепав од студирање исцедоци, долна облека,да сфатам што е
Е за ова и ја си имав шокови ќе стојам, седам и одеднаш ќе потече нешто..трчање во тоалет, поголемо кругче на гаќи, прозирна течност, па филмови дека е плодова вода ама после се навикнав и сфатив дека е нормално, и денес посмирено реагирам. Инаку за органите, да те "утешам" еве пример моите се во нос и грло си клоцка кај папок, па ми се стврднува стомакот дооста често, Брекстон си ги имам уште може од 21 недела, па тешко дишење, задишување, па срце лупање забавно е ама ништо не ми е, слатки маки, се доближувам до крајот, и од сега сè ова ќе ми фали, ќе ми фали клоцањето, периодов Мајка сè издржува за бебче
Хахаха еее баш иста сум!!! Веќе 10та недела како имам такви исцедоци и не отрпнувам ,џабе. Леле јас среќа еве уште ги немам осетено контракциите (т.е осеќам некое стврднување ама само на една страна од стомакот во висина на папок не цел стомак ама изгледа баш тогаш бебо е таму наместено со газе па си викам ај не се, си се тешам да не кревам паники дека се скинал водењакот од нив ) Сè ќе издржи мајкичка Да си ги дочекаме сите термински
Језивки се малку контракциите ама навика станува, па после не ги приметуваш до толку Мајка, една и единствена, јас уште во старт кога почнував со ин витрото бев пре опуштена, мах се препуштив на докторот знаев дека знае што прави, и таа позитивна мисла, среќа и надеж ме направија среќна и бремена А поврзаноста на мама и бебе, вау, не можам да ја опишам, ќе ја погалам, душа, одма враќа, ме клоцка затоа сè вреди да се трпи за нив Ти мајка догура до тука, немаш гајле, помалку стрес, повеќе позитива и возбуда дека ќе си го видиш бебо и да знаеш дека до крај ќе догураш мислите многу значат
@Fenix05 @Cherry blossom89 за исцедокот и јас трчам на секое во вц, ако сум надвор од дома и ако осетам да ми потече нешто 300 филмови ми се прават Брекстон ги чувствувам и јас, имам и round ligament pain, магнезиум си пијам некогаш и 2 пати во денот. Инаку од која недела е 7ми месец, 27ма или 28ма?
По моиве 2 апликации вика од 27ма полна дека е 7ми (и да не е така јас ќе си славам во сабота секако едвај дочекав 27 да видам ич не ми е гајле ) @Cherry blossom89 ве гушкаме
Добро е не сум единствена ама веќе полудувам. Ќе ми потече нешто, почнува тахикардија и правец во тоалет. Многу сум наплашена веќе ептен анксиозна станувам. Баш водлест исцедок се чудам некогаш дали сум испотена, помочана или е исцедок
Иста сум и јас Само во вц сум и само се бришам и одма гледам што има каква боја е Почна и мене да ме маваат мисли да не ми тече плодовата вода
Помина и вториот скрининг кај Димчев ,20+1 недела ,бебе си одговара на неделата Супер задоволна од докторот си ја знае работата Тоа што ми беше на мисла си прашав Не е ниско беби како што си умишљав, тој воден исцедок не е плодовата вода ии најбитно цервикс ми измери Уште незнам што е моето пиленце, денес правиме откривање на пол Ми олесна после прегледов ,малку воздух да земам Веќе многу повеќе го осеќам бебе и посилно ,дури кога лежам стомакот ми се изобличува Втора бременост ми е, но можам да кажам дека некои работи се заборават, на момент се осеќам како прва да ми е