На која страна најчесто спиете? До пред некој ден смо на лево спиев . Сега почнав и на десна и на грб да спијам која страна е најбезбедна ?
Гледам да е најчесто на лева ,ама десната некако поомилена ми е , а на грб што знам во тек на спиење ако се преместам
Во ред се двете страни одвикнувај се од грб зошто како ќе расте бебе ќе тежи ќе прави притисок матката, отежнува протоци на крв и кислород до бебе. Земи си перница за трудници или ставај 2 3 позади тебе да те блокираат.
Баш за ова прашав и матичната и докторот што ќе ме пораѓа... Двајцата ми рекоа како ми е згодно така да спијам. И перница за трудници и други перниџи џабе пак станувам на грб. Еве моментално два дена ме боли кичма неможам ни да седам ни да лежам на страна све сум на грб, па бебето е супер.
Никој не вика дека ќе му се случи нешто на бебето од спиење на грб, едноставно е подобро да се спие на страна особено во трето тромесечие каде што самиот стомак,плодова,бебе,матка ствараат огромен притисок на кичма па ни природно не ми доаѓа да спијам на грб зошто боли и тешко е за дишење. Јас сум на мирување од сам старт па мене перница за трудници и те како ми помогна и за болки и за правилно држење на телото во спиење и потпора.
Значи ја сум единствена што ништо не ми помага... Ама искрено 22ра недела сум и машала голема сум. Му викам на маж ми до 9ти ја ќе се тркалам. Кога ќе одам на контрола у чаир и ќе кажам која недела сум ме прашуваат да не сум грешка нешто
Ако имаш уредна бременост обиди се со некои благи јога вежби истегнувања, за тебе зошто веќе од 28ма баааш башш почнуваат болки и во препони,кичма,колкови
И ја сун тука... 14 недела веќе терам... од кога почнавте да осеќате движења со втора бременост..со оглед на тоа што рече на преден ѕид постелка ми е
Трета бременост ми е близначка 16+5 мене ме водат како 17 гн. од пред два дена почнав да чувствувам движење како тапа болка . Баш вчера ја прашав матичната на преглед бев кажа да можно е порано да осетам мрдање но не мн тек после 18 -20 се осеќа убаво .
Јас сум 24та недела, спиев само на левата до скоро. Ме фатија такви грчеви кога станував и добив препорака од гинеколог да се менам. Обично заспивам на една страна па кога одам до тоалет на друга легнувам. Некогаш и на грб се будам ама викат ако му штети ќе ти се распрета и сама ќе се префрлиш на страна. Иначе мене пред да останам бремена на грб ми беше најубаво да спијам.
здраво дали некоја се соочила со уринарната бактеријата Klebsiella pneumoniae за време на бременоста? детектирана ми е бактеријата во втор третомесечие
15 недела само што ја почнав...овие два три дена осеќам како некоја нелагдност, како грчеви ... повеќе гледам да одмарам... читам нормално шири се матката.. ама некако ми е на мосла... друг некој со иста ситуација ило да идам до матичен ?
Јас сум 14та и до сега имав секакви симптоми грчеви, пецкања, менструални болки, благ осеќај на сечење ама поминува се , земи магнезиум нормални се грчеви чудно е до сега како си немала Ако е нешто неиздржливо тогаш пиши и одма на матичната
Препорака за доктор во приватна болница за втор скрининг? Претходната бременост бев кај Димчев, си ја знае работата, ама очекувам повеќе детали на тој преглед да ми пренесе самиот доктор..