Здраво, некоја да имала болка во горниот дел од папакот и зголемен жолт вагинален исцедок ? Бремена 20+5 дена
18 гн и да јас имам од скоро таков исцедок. Инаку без мирис. И да болките се нормални ја имам прашано матичната рече се шири се.
Кас сум 15 недела... баш вчера носев бели гаќи и забележав како жолто ..без мирис а брисеви океу беа.. а на друга бпја гаќи како бело изгледа нз... се додека не чеша..нема мирис мислам дека е океу...А болките и ја сега почнав да осеќам тА нед како во јајнкл болка...па бев кај матичниот рече се е океу со бебе се шири матка нормалнп е да боле...ми даде и магнезум од 250 мг да пијам една недела само
18гн официјално по календар. Дали тоа значи 5м почнав . Е сега денес и вчера така болки осетив по кратки де во ребра де во препони де кичма ме боли . Вчеера и шетавме скоро 2саати бев излезена и шетав. Денес како жарење имам ниско . Мислам дека е нормално на моменти така не цело време. Маж ме теши вика тоа е нормално матка се шири.... Се имам испозаборавено од првата бременост.
Мешковци 19та недела сум и веќе го осеќам клоцањето на бебето ама е многу често, на секој саат, два..кога седам обавезно удира а ако се движам не осеќам ништо. Дали е нормално многу често да клоца и да се осеќа, јас си мислев дека кога ќе почнам да го осеќам дека ќе биде 2-3пати дневно
Нормално е да го осеќаш цело време. Во првата бременост, ќерка ми фудбал си играше внатре по цели денови. На крај дури ми го шеташе цел стомак те на една те на друга страна. Еве ја 2 ипол години уште не е запрена со константно мрдање
Здраво девојки Од денес влагам во 19та недела , стомак расте ама болки се појавуваат Цела ноќ не спиев од болки во стомак .Ме боли и грбот и мислам на што и да помислам ме боли Дали сте имале стомачни болки(ниско над препони) во овој период ? Пред две недели брв на преглед се е ок. Цервикс 44mm беше. Убави празници
Здраво жениии, од денес влегувам во второ тромесечие. 14та недела. Уште имам гадење наутро. А и стомакот ме боли малку безвезална болка, колкови и нозете ме вртат. Среќни празници
Здраво девојки во која недела почна да ви се познава стомачето . Јас сум 16та уште ништо нема само чувствувам тапа слаба болка кај матката.
Јас сум 16та ми се познава мислам од почеток. Ама јас сум со второ бремена, прва бременост покасно се познава.
И јас сум 16 та,ама се познава,не многу,ама се познава. Втора бременост со близнаци,порано почнува да се познава во втора. Со првата таму после 5 ти месец почна да ми се познава. Порано ли,подоцна ли,не е важно,важно да биде се како што треба до крај кај сите.
Освен таа тапа болка нешто друго дали осеќаш? Јас сум 11 недела, рано ми е за во оваа тема, ама дека немам никакви симптоми, ни гадење ни повраќање и ме фаќа паника дали е сѐ во ред. Само таа тапа болка ја осеќам и ништо друго, а стомакот ми е како да сум се најала еднаш, другпат ми изгледа сплескан...
Немам ништо симптоми освен понекогаш болка. Прекинаа во 12 недела кај мене до тогаш доста повраќав и ми се гадеше од храна. Уживај штом немаш симптоми имај си лесна бременост.
Еве сум јас шести месец стомакот наутро не ми се познава навечер ми е како топка ќе пукнам Се зависи од конституција така да не му ја мисли многу. Реално луѓето почнаа да ме приметуваат тек 22 /23 недела. Рано ти е. Кога ќе почне да ти се познава ќе бидеш среќна ама ќе почне и да ти смета затоа уживај сега.
ништо немав и јас симптоми, до 12та недела само поспаност после 12та енергија фул како да не сум бремена. Не се секирај уживај штом немаш симптоми, уште некоја недела ќе почнеш да го осеќаш па нема да се секираш дали е се ок