Муаебети рекла казала не се кажуваат за да се прави паника меѓу трудници нептребно. Немале реагенси и пишувале дека сите имаа кламидија. Па сигурно кога немаат реагенси за хив, не пишуваат дека сите се хив позитивни. Зашто сум инволвирана и тековно се среќавам со тематикава, реагенси, испитувања и сл, можам да кажам дека реагенсите се тие и на Институт за микробиологија и во приватните лаборатории. На Институт резултатите ги читаат професори на медицински факултет, а по приватните лаборатории дипломирани микробиолози (не се доктори) па им ги одобрува доктор. Грешки се прават сегде и на приватно и на државно. Единствена разлика е што државно имаат поголем обем на работа и грешки има почесто и што на приватно може да ти ги засадат брисевите и попладне, а државно само од сабајле работат.
Женски кога сме кај испитувањава во Авицена прв пат во бременост правам урина и уринокултура досега стално во synlab и сега на резултативе кај урина + за бактерии а уринокултурата резултстот искача чист. 16та недела сум трета уринокултура од почеток на бременост ми е стално е чиста. Ви се случило ваква ситуација?
Нормално е во бременост до два плуса. Ако нема нитрити, леукпцити качени и уринокултура е чиста ок е. Прошлата бременост цело време бев со два плуса.
Леукоцитите во крвта ми се качени ама уште од почеток на бременост. Специјалистот од систина ми вика ќе се раководиме по урино култура. јас дека сум на bed rest и со кафен исцедок и неколку крварења уште од почеток сега и на ладно дувам од стресови
Мислев на леукоцити во урина. Ти пуштам слика како би личеле резз од анализа на урина ако стварно има бактерија.
Можно е да има плус на обична урина непатогени бактерии а на уринокултура да е чисто бидејќи се непатогени.
Можно ли е да си направам проблем од многу напнување? 4 дена веќе не сум била по вц. И прегеска напнав малку повеќе и сеа ми е у мисла. Ништо не ми е ама да прашам.. И сливи и јогурти.. Џабе е
Koja nedela si? Ne napnuvaj mn bidejki znaat hemoroidi da se napravat. I jas imam problem vo posledno ama sum 36 nedela pa mleko poveke supi jogurt pa na 4 5 dena ednas odam. Ke izdrzime.
Женчиња денес 14+3 завчера и ноќеска кога легнав да спијам како долу да ми беше срцето да ми чукаше .. а коќеска плус двапати како долу тапа болка на сец имав .. ме фаќа некако страв што ли може да е .. оваа недела треба да идам на контрола ама до тогаш фуфки дали на некој му се случило ова ?? И од кога почнува да мерат грло на матка до сега ми немаат мерено ..
Јас сум 14+2, ноќеска ич не спиев осеќав како некој притисок долу во стомакот, како тапа болка. Ставив и перница меѓу нозе, џабе. Претпоставувам е нормално ама секако планирам матичната конечно да ја посетам неделава дека одев до сега само кај докторот што ме води во Систина. Мене ми измерија на скринингот (12+4) грло на матка. Пишуваше 42мм, претпоставувам ок е чим не ми искоментира ништо докторот.
Јас таква нелагодност имам цели два дена. Имав и пред 2 недели исто вака, еве сега пак. Го осеќам како да ми тежи бешиката Јас вчера имав кратко менструална болка поприлично јака, и напред и позади, ама траеше кратко негде една минута. За мерење грло матичната ми рече во 16 недела најчесто прв пат се мерело, не дека ако се измери порано е погрешно. Ама така ми рече. На прегледот во 16 недела ќе го измериме и грлото. Валда си имаат некаква пракса, не знам.
Јас цело време од 5та недела имам по некоја болка и последно на еден ургентен преглед една вечер Сарџовски од Систина ми рече сама со го бараш ајде доста не мисли на најлошо при секоја тапа болка, дете расте во тебе паники сум цела и ја од почеток и мене ми е прво, плус на 33год, плус сум со крварења и кафен исцедок цело време. Откако ме искара вечерта сум спиела најубаво, ништо не ме заболе веќе
Лелелелел не да ќе се пореметиме незнам што ќе се врави вака те нешѕо слушаш те нешто на некој и одма паники. Мене не ми измерија на скрининг и ми е страв, имаче се е еупер до 30мм цервикс надолу под 30мм е веќе скратен затоа ништо не ти спомнале. Мене ме плашат овие палпирања доле што ги имав неколку пати, и од сабајле имам како грчеви во десен препон..
Да отидам и мене да ме искараат . Те разбирам, јас сум со еден мисед, 36 години и не беше така едноставно повторно да забременам. Психата на најјако ни работи бидејќи стварно не знаеме со сигурност што е нормално, а што не...
Да не ти се грчеви тоа како палпации што ги осеќаш? Иначе болката си шета цело време. Веројатно како се шири матката, така ќе менува локација болката.
по се што се изначитав ништо не е ненормално и ништо не е нормално во бременост буквално секакви прикаски има. Од најубави бремености до крај па на пораѓај се дешаваат тристс глупости, јас си се тешам викам до 17та недела сега само стресови и трауми видов ај можда пороѓајот ќе биде полесен да се утешиме некако и да тргнеме мисли де
Не баш како срцето доле да ми е така осеѓав два вечери навечер.. немав никакви грчеви неколку дена сега почнаа пак .. за мачниниве и повраќањево да не зборам ..