Фала ви девојки. Мене чудно ми е дека сега во втор семестар ми започна. И сега ме фаќа некој умор што претходно го немав, може ми е од притисокот. Прво тромесечие ми беше прилично лесно.
13 + 5 сум денес мислам официјално можам да се приклучам овдека. Јас главоболки решавам со викс, си се мачкам на чело. Имам хронични синуси, ама и без тие - кога е обична главоболка тоа ми помага на чело и странично кога се мачкам. Малце трне челото, ама 5+.
I od pritisokot i od bebeto sega rasti poveke se siri matka organi se premestuvaat. Ke ima po nekoja bolka muskulna, karlicna kaj mene vo 2 tromesecie pocnaa i braxton hiks nikogas ne obrnuvav vnimanie osven za bolka koja ne se trpi i koja ti ja smetas za golema. Bez paniki, uzivajte samo za se dr konsultacija odma so lekar.
Женски знам дека правилно мерење на грло на матка е со вагинално ехо, но бидејќи некој доктори го мерат и абдоменално и сепак ќе кажат ова мерење не е точно која е разликата на милиметри во мерење на адбоменално и вагинално дали некој знае? Даки некоја и имаат исти ден мерено и абдоменално и вагинално грло на матка??
Јас сега пред некој ден на ургентен во Систина докторот ми рече вагинално ќе провериме подобро гледам така се, и поточни се мерките се гледа цело дно на матката инаку должината на цервиксот има разлика и при неколку дена зависи и бебето како притиска и како е поставено некогаш.
Да знам дека е најточно вагинално и поубаво но ме интересираше разликата во милиметри од вагинално и абдоменално мерено. Сепак фала ти многу
Кај мене мерењата вагинално и абдоминално од двајца различни доктори испаднаа скрос исти. Прво матичната со вагинално ехо, па после една недела бев на скрининг во Ремедика и таму докторката со абдоминално ехо.
Ја до ссега само вагинално ми е мерено веќе 26 гурам и докторката секогаш вика суупер еа никогаш не јљ ни прашав колку мм е . Близнаци носам додекљ во првата бременост никогаш ништо не ми мереле па родив точно на последен ден. Полна 40гн
13 + 3 сум, имам исцедок секој ден, брисевите ми се чисти, а матичната ми препиша полигинакс, но на упатството пишува дека не се препорачуваат во бременост. Дали некој ги користел
Девојки дали знаете каде можам да купам полигинакс вагиналети без рецепта? Матичната утрово на вибер ми врати да почнам да ги користам, па некако на мисла ми е ако чекам до понеделник.
Ја сум 16 недела.. 4 5 дена немав повраќање и еве денес пак од сабајле де исповратив а ништо не сум јадела. Киселина жолта повраќам.. Се тешев у 2 триместср ке прекинат ама јоок..
Иста сум. Пред 3-4 дена повратив така жолта како мрсна течност од сабајле уште додека бев гладна и неколку дена ми беше смирено повраќањето. Денес од сабајле се што доручкував, се повратив. Нема спас...
Девојки .. 15+3 сум, осеќам благи болки во кичмата и благи менструални болки не се страшни ќе легнам ќе одморам се смируваат .. дали е во ред да ги чуствувам така? Матичната ми вика нема место за паника се додека не се неиздржливи,нормално е .. До пред недела дена бев цело време во кревет поради кафенкасти вагинални исцедоци кои се јавуваа на 7-8 дена сега е во ред веќе 2-3 недели нема исцедок и почнав по малку да се движам по дома,барем основните работи да ги извршувам .. е сега дали е од тоа што се движам или па од лежењето цело време досега .. ваше мислење..? П.с со ин витро сум ..
Девојки, може некој да ми објасни зошто не е добро да се спие на грб во бременост? Мене на страна ми е толку непријатно што жива ненаспана сум. Кој ви кажал дека не смее на грб? Зошто мене лично никој не ми спомнал.
Послаб проток на воздух има до бебето, повеќе се притискаат на тој начин органите. Јас лежев ама многу ретко, на тој начин па повеќе го осеќав бебето кога мрда.
15+2 денес дали осеќате како некоја напнатост доле како кога идете по голема нузда кога малку напнувате некако како така да имам чуство овие 2-3 дена контантно нарочито кога сум легната без разлика како лежам.. тек на 8ми сум на контрола па ме фати малку паника да не е нешто со должинава на грло на матка
Јас гледам да спијам на страна малку ми е тешко ама .. на грб лежам кога одмарам и тоа во полулежечка сум скроз легната на грб немам легнати е сега евентуално ноќе ако се вртам а да не осеќам дека така спијам. Знам дека е поради убав проток до детето на кислород така имам слушнато ...