@mariz @_budaletinka* Исто, грчење, стегање кај карличната, притисок ко од внатре на усните, и кога движам ко да ми се грчат препоните... А таа неугодност ко да сум во овулација ми е скроз чудна и ме застраши премногу. Изгледа е нормално?
Мене па едниот препон ме боли овие денови.. А леле луѓе јас сум предосадна знам,ама какви треба да им бидат движењата на бебите у 20 недела? До некни како повеќе да чувствував како мрдкање под папок, вчера не многу ко еднаш само, еве и денес многу малце..
И мене како едниот препон десниот да ми е фатен на моменти инаку дали сте имале течење на крв од носот во бременоста, синоќа во спиење наеднаш почна да ми течи многу по устата лицето, вратот, многу се исплашивме и јас и мм, и тоа некое време не застануваше вакво нешто до сега до толку да ми течи крв од носот не ми се случило и тоа во спиење
Јас откако сум бремена постојано при дување на носот имам по мало крвче, како пукнат капилар. Ама буквално секој пат. Не се случило да ми тече така, иако читав по фб еден пост ( мислам кај некој доктор Дракуловски, не сум сигурна ) дека се случува и тоа..Најдобро консултирај се со гинекологот и општиот матичен. Инаку, глупо - неглупо ќе си прашам Прва бременост До кога е дозволено или препорачливо да се имаат сексуални односи и да се оди на депилација со восок? Секако ќе ја прашам и матичната задутре, до сега ми викаше може секако бидејќи се работи за нормална бременост
Мене докторот од стар ми дозволи депилација, јас одам со шеќерна ме депилираат па засега сум немала некоја мака од тоа, исто односи ни дозволи од старт докторот бидејќи имам нормална бременост само со заштита за секој случај од инфекција
Истото ми се случи синоќа накај 4. Пиеш аспирин? Јас пиев 150мг, ми крвареше нос, па ми го намалија на 100, и после ова синоќа одма ми го прекина и ми рече да земам по 2000мг витамин ц. Честа појава е да се крвари од нос од аспиринот.
Не не пијам никаква антикоагулантна терапија, можеби требаше и јас да го прашам матичниот за витамин ц
Искрено последниов период немам мерено притисок мерев во првото тромесечие кога бев со главоболки, ама не сум имала некој проблем сега за да мерам последниов месец
Дали некоја од вас е премногу осетлива на звуци? Од понеделникот ми смета се, фрижидерот кога работи го слушам и ме буди од сон. Понекогаш и на маж ми дишењето ми смета и ме буди од сон. Знам глупаво звучи, како да си помогнам?
Првите три месеци од бременоста ми беа такви. Жива ненаспана бев се ми сметаше и најмал звук. И најстрашно што по неколку часа си лежев така будна не можев да призаспијам повторно. Ништо не ми помогна а и не се случуваше секоја вечер ама доста често. Хорор невиден мажето го бркав во друга соба знам злобно ама што да правев. Сега веќе не петти месец сум моментално пак се будам ама брзо призаспивам
Секоја вечер заспивам од 03:00-05:00h сабајле сон не ме фаќа навечер како вампир сум станата па спијам до 12:00-13:00h пробав да станам и порано за порано да легнам и џабе исто .. за звуци незнам освен некој гласно кога пушта и кога има многу луѓе па се надвикавааат 20 недела сум
Kaj mene pa cudno legnuvam vo 10ipol i obavezno se razbuduvam vo period pomegju 3 i 5. Shetam eden krug niz doma pijam voda i me fakja dremka
Девојки 16+5 сум и овие 2-3 дена ептен ме чеша кожата кај папокот..не целиот стомак, туку само кај папокот и под него. Ставам Нивеа млеко за тело и се потсмирува, а вака немам нити сува нити црвена кожа кај што ме чеша..ништо нема Некоја истово да не и се случува?
Иста сум 16+1 цел ден можам да си се чешкам по стомак, исто без реакција на кожата. Најверојатно си расте бебе па се шири и кожата на стомакот.