Здраво Оваа бременост ми е 100 пати поразлично од првата, првата екстра лесна, сега од се ми е страв Осеќам како остра болка по ширина на стомакот во пределот на папокот... 16+4 сум... Бебка ја осеќам кај што мрда веќе.. Ама оваа болката од ум ме ваѓа.... не е контракција сигурна сум Јас од 14-15 почнав да осеќам така да можно е... Течење на крв од носот е нормално... Во првата бременост секогаш ми течеше... Не плаши се, пиј вит. Ц
Девојки да ве прашам 36 мм цервикс во 13 гн дали е во ред .докторката ми рече само под 25 да не е. Ама се исплашив искрено.кај вас колку беше?
Ти вратив во другата тема, читни и поназад тука, во труднички и во можност за предвремено породување, баш пишував за мојата ситуација детално од пред некој ден
Aj da prasham imam zaboraveno...vo koja nedela go merat cervix-ot? Dali i kaj mene ke go merat iako imam polip..?
Мене и во првата и сега во втората бременост на секој преглед ми мерат. Сигурно доколку е во ред не го коментираат.
Ве молам ако сака некој да ми каже дали ви се случило на два различни апарати мерењата да се различни на цервикс? 40мм па за 2 недели 36мм
@angel4444 имаше таков случај, дури и помалку од 2 недели... разлика за 4,5 дена од 7мм. Читни пишуваше наназад..
За мирна глава, оди.. Кај неа од 31мм, за 5,6 дена мерено 38. Различно мерат.. Башка и објасниле дека и празна/полна бешика прави разлика (ради притискњето). Затоа и различно е секогаш секое мерење. Битно да не е многу скратено..
Мене на прв скрининг 37 ми беше,на една контрола 35,на друга 47,и сега на втор скрининг 38.Докторката ми кажа дека зависи и од бебе како е поставено во моментот.
Да инаку, јас од памет се извадив..ќе се пореметев да не се консултирав со уште 2ца лекари и кај трет на преглед да отидам. Ептен е важно како е поставено бебето ( кај мене беше баш со глава надоле притискајќи ) и бешиката полна/празна зошто мене ми е одма залепена до матката и цело време трчам во вц.. Не се секирај, ми кажаа на 25мм даваат терапија, под 20 серклаж и не знам уште што..Не е ништо страшно и да е 38/36/30мм, зошто не може сите исти матки и грла да имаме