Еве истрчав и јас денес за проверка одма на исти апарат и 40мм/39мм како штонси беше. Ама друга дијгноза добив плацента превиа.страшно е се што ми кажаа
Немам искуство и знаење околу тоа..се надевам ќе биде се добро Не се стресувај и плаши, можно е да се решава со лежење или некаква терапија..Само оди на редовни прегледи и ќе биде добро
Јас колку што знам за тоа е дека ќе мора со царски да се пораѓаш. Не знам дали е проблем нешто друго...
Женичкии како стее? Да ве прашам дали се фарбате во бременост? И дали почнавте да купувате облека или ако не кога планирате? И дали некоја од вас размислувала за фотосесија.. Мене на ум ми се сите работи моментално и фриз сакам да менувам на црвено сум сега ама сакам темна..
Со фарбањето јас сто пати се предомислив и на крај од шубе нема да се исфарбам а колку убава боја си имав Од купување јас започнав најпрво со гнездо бидејќи многу си бендисав едно, потоа купивме две бодиња за почеток а сега пред скоро и свекрва ми ми нарачала исто бодиња во сет и шпикозни цел ден ги гледав Знам дека јас и ти сме тука некаде со неделите
Јас ќе се шатирам само да до соберам пари инаку не е штетно некои се фарбаат цела бременост, некои од второ тромесечие. Кај мене сега така се погоди претходно прамени вадев па издржав, инаку да бев скроз плава како претходно ќе се фарбав сигурно, подрасната неможев да се гледам после еден месец не па повеќе. За купување имаме се од баткото, ќе му купам пак нешто ново ама поголемиот дел ги имам добро сочувани, во првата бременост се имав купено до 7ми месец оти после неможев да шетам многу, тежеше бебе и на секое ми се мочаше
Јас си офарбав корен. Мојата боја ја ставам (кафена), дека имам по некое бело влакно. Без амонијак фарба. Облека имам еден тон.. и јас што сум купувала и од блиска другарка од малата Од кеиф ќе купам нормално нешто, ама доста имам... Работи што ги сакам, а ги немам се: слинг марама, пумпа за гради (се мислам дали рачна или електрична) и нова количка Ама тоа после 7ми месец...
Јас се фарбам да, фарби без амонијак и активатори млечни(природно имам темно кафеава коса, која сега е полна со бели влакна, а се фарбам плава) За облека уште не сум размислила, некако рано ми се гледа, може кога ќе бидам 6 или 7 месец.
Се фарбам ама ретко, иако бели влакна имам многу. Не е ради бременоста него тешко ми е да се наведнам за миење, а не сакам фарбата да ми оди по тело кога ја мијам. Имам креветче и количка и нема смисла да купувам само колку да биде ново. Иако прво дете, се трудам да бидам разумна Чекам пол па да почнам да купувам гардероба.
И јас се фарбам со фарба без амонијак , бев кафена баш она светла како на првата слика а сега ми ее како втората девојка темна Спојлер: Коса и да ја утнав фарбата и морам сега пакк да сум темно кафена ај па едно се тешам и мојатта природна боја е таква нешто . Гардероба почнав да купувам сега од како влегов во 8ми месец за жал немам тука ништо освен единачна количка од синко но не ми врши работа морам да купам дупла за близнаци. Вчера баш купив доста комплети за викенд ќе одиме во primark поефтино ми е таму па ќе накупам и бодиња за почеток незнам далли 50ки или 56 ки да земам дека близнаци за синко и 50те му бе големи он се роди 49цм а 3250г ..
Ќе ти осветли со миење полека. И јас скоро црна испаднав еднаш и со миење ми паѓање и си стана како мојата природна. Јас и со двајцата со 56ки почнав ама дека голема сум, очекував поголеми бебиња. На синко 56ка му беше мала, едвај му ја оптегнаа во болница (56цм роден) На малата па 56ка и беше голема, 51цм родена ама па за брзо веќе и станаа таманка. За 1м растат 2-4цм.
Не се фарбам, уште од пред 4 години кога решив мојата да ја оставам, ама почнаа бели влакна веќе, ме нервираат. Ќе почекам после пород, здравје, зошто сакам да ја осветлам и сакам прамени. Гардероба уште не сум почнала, најмногу ме двоуми тоа што не знам колкаво ќе биде, а величини се од 50-ка нагоре. И 48-ца мислав сретнав. Исто, ме двоуми дека август ќе се роди, па не знам ниту колку на кратки да купам, дали и на долго да земам нешто и за почеток... ќе видиме.
Не ти треба 48 ца.Дали две недели ке носи толкава бројка.Можеби и ич.Плус се перење се собира облеката,ова ке дојде ептен кнап за носење.Купи си и на долги,ти си во странство таму заладува порано отколку кај нас (со огледа на тоа дека на крај на август ти е термин).
Женски пред некој ден многу јак грч имав во стомак, дури се мислевме со маж ми да одиме итно на лекар (навечер) ама легнав на страна и ми подпомина, па и заспав... Сабајлево пак некои чудни грчења, а бебе ниско осеќав како ме шутира. Бев на лекар денеска, бебе е со глава горе, нозе надоле (затоа шутеви таму). Ама цервикс 30мм, а сум 18+1. Три пати премери.. Плус постелката отишла надоле многу ниско, веќе над грло малку.. па си добив и дијагноза placenta previa. Прашав дали би се кренала нагоре и ми рече не.. Навистина не се крева? Рече само ќе биде добро тука да стои и да не се спушти скроз доле... Терапија Утрогестан х2. Едно навечер, едно сабајле вагинално. Како го ставате тоа сабајле и после колку време се движите? Колку треба да полежам за да не истече одма?
Јас имав со првото плацента превиа само не памтам во која недела, порано беше па се крена после. Мислам до 28ма се крева.
Јас немам искуство со плацента, ама од туѓи искуства може да се крене до некоја недела. Може докторот видел плус причина зошто кај тебе не би се кренала па затоа одговорил така. За цервиксот не е загрижувачки краток за терапија или залегнување. До 2,5 го сметаат нормален. Не мора да значи дека ќе се крати уште. Брисевите ти беа чисти? Колку што можеш штеди се, ама не залегнувај.
За Утрогестан ставав околу 17:00 после работа и таман еден час си лежев, си одмарав. И наутро на кај 5 наутро, ставав и си продолжував со спиење, до времето за на работа. Е сега во тоа време јас бев без деца и можев да си лежам.
Чисти брисеви, чиста уринокултура. Кај матичната кога прокрварев тогаш (13та нед).. 3,8 ми беше. А имам грчеви чудни, никако не ги поврзав дека се од матка, се мислев од цревата ми се нешто. Пред некој ден болка грч да неможам да се исправам Тоа изгледа од матка ми било. Три пати мереше, ваљда не е утка. Дури и на празна бешика мерено.. Рече да мирувам, да не кревам тешко, односи никако. @Miss_S Како ќе го изведам тоа незнам. Малата е дома, од саботата е многу болна. Машково 9г од утре дома, го фати и него изглеа. Кој кого да чува Големи се 9г и 6г па ќе гледам сите да си помагаме. Ќе направам доручек сабајле, ќе јадеме, па ќе пуштам некои цртани анимирани долгометражни и така да полежам бар 2ч после утрогестанот. А другиот пред спиење...
Мене кога ме фаќаат грчеви или некои тапи болки пијам но спа апчиња.Секако одобрени се од доктор.Прашај дали би ти помогнале и тебе