И јас паничам периодов за цервиксот. Зошто сум висока, голема и со претходната бременост ми беше 50+ цервиксот на контроли и никогаш испод 40мм. А сега ми го измерија 30мм во 18та нед. Едвај чекам на 27ми на скрининг да видиме како е. Плус постелката ми е доле спуштена, веќе дел над грлото на матката... Инаку незнам што е со грчењава. Контракции мислам не се (знам какви се, со две родени ги почувствував). Ова камен ми е стомакот, не фаќа и пушта... туку константно ме држи грч. Тврд, стега и боли, поцрвенет... отпечатоци се оставаат бели ако допрам со прсти. Пијам магнезиум... по две, па и три почнав по потреба.
цервиксот кај мене во 23 гн беше 40+ цм Сега во 33 е исто 40+цм , баш во четврток ја прашав матичната и ми кажа инаку секој преглед ми е вагинален и со рака проверува плус. Денес имав некои чудни бодежи од долу на седњње и почнав да се жалам маж го фати паника вика неммој жено издржи уште малку барем уште 6 недели .
И јас сум паничар голем, со анксиозност 6 години ама во бременост некако супер смирена сум, за чудо е сега вака ќе се јави по некој страв ама ете си велам нормално е Од ко пишав па повеќе го осеќам, баш како шо си беше, требало да се пожалам овде ете Супер штом го нема полипот, а за цервикс и мене ми кажаа димензија ама ми рекоа супер е тврдо е па не се замарам, ако имало нешто и кај тебе ќе ти кажеле.
Мене ми беше 35,сега на контрола ми го измерија 33,25 недела сум,докторката вели не е краток добар е ама ми дадоа и утрогедтан да пијам бидејќи имам и како грчеви,за да се смири матката.И сега сум малце во паника
Во паника си зашто ти дале терапија превентивно за остане се во ред? А да не ти дадоа урогестан ќе беше све топ... Ајде олабави каква паника...
Се префрлам и јас во втор триместар. Не ми се верува како помина времето. Знам кај секоја е индивидуално, ама кога да очекувам движење на бебе? Ќе почнам со перницата за трудници да спијам. Не ми е баш лагодно. Се вртам махинално да легнам како на стомак ама не иде. Па се будам свртена на страна према стомак и одма се сецнувам и фаќам некоја положба. Ме боли и тртникот или како да го опишам делот над задник. Од лошо седење ми е, ама се надевам ќе помине. Утре ќе прашам и матичната дали можам да правам некои јога вежби за трудници, прилагодени за втор семестар. Ме уби грбот и делот околу вратот од болка. Ми треба истегнување. Дефинитивно после пораѓај, штом добијам зелено светло почнувам со вежбање. И мене стомак на моменти ми е баш тврд. Се почешав и цели црвени лининии се појавија како да ме глебеле мачки. Утре сум со список прашања кај др. Инаку на колку време ви закажуваат прегледи? Мене ми е овој после еден месец. Во меѓувреме имав скрининг.
@BellaBibi после 14та недела го осеќав, како благо треперење. Сега во 18та е поактивно и баш се осеќа, нормално надворешно не, но внатрешно го осеќам како мрда. Реагира одма на чудни звуци Грчеви докторката на гинекологија ми рече може да имаме и од нередовна столица. Најлошо ми е кога ми се јаде. Ако во моментот не земам нешто да јадам многу ми е лошо и имам нагон на повраќање. Лошо е што не осеќам глад, па да трпам и ај да си речам јас сум крива, него одеднаш ми се пријадува и лошо ми е.
Мене за грчевите ми дадоа и No Spa. Денеска прв пат се напив и мислам доста ми помогна и олесна. Мене 30мм во 18та нед сега ми беше.. со постелка доле над цервикс.. на контрола сум на 27ми (ќе бидам 20+2).
Значи да очекувам кај и да е мрткање. 14+3 сум. Ќе прашам и постелката како ми е поставена. Јас како за чудо, поредовна столица не сум имала во мој живот. Може ќе се смени, не велам не, ама сега е супер, одлична да не кажам. Ааа за јадење. Станувам се мијам и јас веќе мртва гладна сум. И како тебе одеднаш ми се пријадува и лошо дури ми е. Затоа со време спремам јадење или овошје при рака да имам, да залажам желудник до оброк.
Не сум во Мк,ама пијам и едни други на природна база,се надевам дека се ќе биде во ред и кај мене и тебе.Јас на 28ми сум на контрола.
Мислам негде 16 или 17 го осетив првото мрдање ама благо како некое чешкање во стомак. Сега сум 22 +4. Прегледите ми се сега на месец дена. Мене уште ми се гади од некои јадења и миризби или ако сум гладна малку само одма ми се гади. Се надевам дека нема да ми трае до 9 ти месец ова гадење и одвреме навреме повраќање зошто психички веќе ме мава и немам желба за ништо ептен станувам депресивна Ајде мора да издржиме само тоа си го викам себеси
Во 18 недела го осеќав баш убаво, прва бременост, заден зид постелка. Ова со столицава исто, поредовна никад не била.
Втора бременост ми е но овојпат постелка напред некаде 18 19 нед го псетив но тоа не беше секој ден или побеќе пати денот, кога како еднап денот, некогаш два, некогап ич.. редовно убаво по неколку пати на ден 22 недела некаде
Од денеска 19та ја почнувам. Него морам да ве прашам за удариве. На последното ехо беше со нозе надоле... (во 18+2). Удари осеќам многу ниско, баш доле над таквата... под раната од царскиот Лево и десно ниско од препоните. Не е многу ниско тоа? E како на сликава кај што обележав, таму... и од надвор и маж ми на рака осеќа и јас и од внатре и од надвор, подрипнува.
Јас таму осеќам ама внатрешно ме удира, надвор неможам да осетам а горе над папок осетив и некое ковче прееска дали лакт беше или раче. И кај мене мислам се свртел со нозе надолу па како да ме гази, ама па баш за надвор да ги осеќаш таму незнам шо да ти речам..
Се гледаат и на око, рипка. Удира баш таму. Ако ми се нагоре свиткани нозете кога ќе удри, ударот го осеќам и на бутов што допира кај препонот А бев и до Чаир пред некој ден (не би да зборам за тоа искуство, последно стапнувам таму), па таа на ехо исто баш ниско ме гледаше... скроз и на таквата ми го стави ехото. Со вагинално ехо ме ве виде..
Јас сум 19+3 и почнав веќе ептен да го осеќам и без да ставам рака..некогаш долу под папокот, некогаш околу папокот. Мислам уште се малечки и имаат место да шетаат, затоа ваљда осеќаме на различни места
И јас баш таму ги осеќам ударите,дури језиво ми стана и од страв кога прашав на контрола ми рекоа нормално било.