Може другиве ми биле со главата надоле, па затоа ударите од ноџињата биле погоре. А ова е доле со нозе, па затоа таму да удира Периодов ништо друго не осеќам нагоре, само тие удари доле...
Исто и јас тука го осеќав до пред 1 недела, дури и имав чувство дека во препони ми е и од тоалет не излегов, цело време мочав. Сега е веке погоре 22+.
Прашај баш дали е со нозете таму, ако е со нозе може е и нормално. Сега ми текна дека таму ниско со првите две па имам осеќано икање Они со главчето беа надоле од старт.. Малата само накај 30та 31ва направи круг и баш со тоа икање сфатив дека е со главата горе После до 34та пак се заврте со глава надоле.
Се тркалам сега сама од смеење. Ве читам дека порано сте почнале да ги чувствувате движењата и си викав јас уште ништо немам осетено, или бар не сум сигурна дека е тоа тоа. Оваа недела навечер како во сон да ги осеќам, ама си викав параноична сум, од што мислам на тоа. Зошто преку ден мислам дека нема ништо такво. Башка читав дека кај секого е индивидуално, иако и кај мене е на заден ѕид постелката. Ама бепче секој преглед е многу мирен, син на мајка. Еве сега пијам магнезиум и конечно го осетив истото како навечер во сон. 18+6 сум.
Кај мене е журка во меше преку целиот ден. Уште од 18 та недела ги осеќам,еве почнав 27 ма недела,сега поголеми се,ама престан нема,се тепаат ли,си играат ли кој ги знае. Во исто време осеќам удари и доле во канал и горе во гради,не можам да дишам,па од страна удари...,но мора да се трпи. Тие 4 ри нози,4 раци,2 глави мора нешто да работат во меше. Има моменти кога е штамааа,па ми недостасуват тогаш,никако не бива.
Само јас изгледа не ги осеќам мн јако докторката ми кажа дека се е во ред и дека девојчињата биле понежни едното девојче е повеќе активно од другото и малку е поголемо но др. Ми кажа и за тоа дека се е во ред. Јаас ги осеќам не дека не но благи удари какко црвчиња во меше да имам инаку сум 33+1 гн .
Понежни биле девојчињата?!?!?! Мислам дека зависи од темпераментот на детенцето. Ќерче да е жива и здрава, пд стомак душа ми вадеше. Цел стомак ми го поместуваше. 2.5 години е, уште не запрела. Синко што е во стомак моментално, еднаш дневно ако мавне супер е.
Големиот син по цел ден го осеќав си играше в стомак ама ноќе ко ќе легнев да спијам мирен беше дури да станам на сабајле, најверојатно спиеше и тој. Од ко се роди исто, гајле немав со него, по цела ноќ си спиеше без проблем. Сега и брат му исто го осеќам, дење ровари, ноќе спие се надевам исто ќе е со спиењето и ко ќе се роди..
Втора бременост и батко носам пак.. првото синче беше доста активно со удари.. сега ова е нежно дали така ке се поместе и то е то ..многу поразличен . Бато е и сега темпераметен не застанува.. сега че видиме баш како ке е
18+6 сум денес(постелка на заден ѕид) сосема на истото место ја чуствувам внатрешно како мрда, надворешно уште не.
Јас со синко цел ден го осеќав како фудбал да играше по цел денн , жив и здрав и сега е исти . Ќе видиме девојчињата какви ќе ми бидат уште малку остана
Јас и ти сме мај само јас сум на крајот...со првпто се ппродив 36 недела.. нЗ оти ама се молам да издржам април да мине и после кога сака нека е
И јас се молам само да добијат на килажа уште малку барем по 2кг и нешто да се и еден ден са влезам во 9 и да си се породам маж вика не неема шанса ќе тераш 39/40 гн.
Аии, јас да ви кажам пред две недели беа лимитирани движењата во еден регион баш доле како кај @mariz ваљда дека беше заплеткана со папочната, а сеа изгледа се отплеткала и сум сигурна дека оваа мојава изгледа ќе биде атлетичарка цели кругови се врти клоца сегде, стомакот почна да ми рипа, те околу пупак, те доле кај таквата, те странично. Вчера баш сефте си го снимив стомакот како ми рипаше цела страна... Скроз активно бебе, мајка ми цел живот вика едно дете да си родиш душата да ти ја извади, ова коа сум била мн немирна хахаха и ете, ајде само здрави живи нека се А инаку сфатив зашто немам апетит, зашто имам и болки последниве две недели, ми тежат градите на стомак... Огромни ми се, 105ка купив прслуче од тие памучните на NBB... А сум апла ниска и искрено напорно е, особено зашто е големо бебе на раст на татко му што е 190 xD све на све тежи. Алал ви на вие високите... А ова градите ми тежат баш на црниот дроб, на кој имам бенинген тумор па изглеа или се притиска од органи или се притиска со желудник. Осеќам дека ќе почнува тоа жустрото кај мене.
Ќе се качи и јас скроз доле го осеќав неколку недели... Баш и ја имав прашано матичната зашто ми беше шубе. Секоја бременост различна, како викаат... Ноу вори
Леле и ти ли имаш мака со градите, моиве со секоја бременост се поголеми се а и јас не сум баш висока, па тежат страшно, сега почнаа да ме стегаат прслуците и да ме чешаат од долу и како мозолчиња имам. Ставам бебешка пудра ама џабе, неможат да дишат од шо се огромни Му реков на мм за две години да ми плати операција за намалување на гради оти ова веќе не се трпи 105ка ќе сум сигурно и јас сега, сакам некој без жица да земам ама не ќе можам да ги приберам со таков
Јас од кога научив што ми е удобно во животов носам прслуци без корпи или скроз мека корпа, ама со жица зашто само тие ми ги прибираат... И баш онака лабаво пристојно се осеќам. А сеа сите зашто знаат дека носам такви прслуци ми кажаа да не сум носела жици во бременост... И со овие другиве без жица тооолку многу ми е тешко неможам да опишам. Не држат воопшто... Со лесно нека ни е искрено да ти кажам... Јас 105 стигнав а тек влегувам во 6ти месец. А висока сум 147. Сачуј боже