Јас таман си го погодив прслукот со жици и по мека корпа ко шо велиш сега ми сметаат жиците, како иритација ми прават незнам зошто. Во првата бременост носев спортски цело време ко ќе се видам на слика ко сто ќила да имам, а јас со 63 ојдов на пораѓај. И сега сватив или удобно или прибрани двете опции неможи
Да, па тоа е тоа. Ајде ваљда ќе си најдеме некој што ќе ни одговара... ^^ и ти си ко мене мала во обем а големи гради, според килажата што ја кажа. А намалување на гради не би направила искрено, баш ми беа соодветно со телото зашто сум со некое килце плус, само сеа вака туу мач.. од 85 до 105 стигнав...
Офф да видиш шо се дешава после престанок на доење, виснати се едно 5цм сигурно па одма ќе ги намалам да можам, само да најдам добар доктор
Хахахах и јас сум со прво за некој ден влагам во 23 недела не ми збира во прслук веќе а и брадавиците толку ми се испакнати и зголемија круговите тоа е невидено
Хахах да, леле мислам дека ми се гледаат и низ црна блуза Мене сеуште ми се нема направено онаква темна линија на стомакот, незнам дали е сеуште рано. Тебе?
Јас немав таква црна линија и со двете понинати бремености... можеби минимално светло кафена да имав тек на крајот од 8,9ти месец...
За линеа нерва?? Не искача кај секој иначе кај мене се појави малку линија потемна од 20недела од папук надоле се приметува баш да видам дали ќе потемнува какп идат неделите нагоре таа знае баш да потемни скроз и после до 6мес од пораѓај се губи
Дали имате грчеви женички?? Јас веќе два дена пукам од грчеви навечер .. легни на лева 15мин се укочено трне ајде на десна пак 15-20мин и јово на ново .. пијам мг 2х375мг дали е од времево или што е незнам.. нозе, колкови, бутови абе се .. и дали имате како нелагодност во лева, десна или средина доле? 22+5 сум денес.
Јас ја имам уште од 3 месец до папок, сега веќе почнува и над папок. Ама ептен е светла, не е потемнета, иста е како што беше кога прв пат ја забележав.
Јас имам само болка во колкови кога спијам, зависно од која страна спијам. И кај пубичната коска некогаш имам како тежина, не е баш болка тоа. Гречеви, немам.
Здраво на сите , бремена сум 19+5 , пијам Фемибион 2 од витамини , сакав да ве прашам дали се добри или има и некој по добри , и која храна би му помогнала на бебето да развива повеќе (да биде по големо за 2-3 дена од неделата што треба) ?
Што и да пиеш, колку и да пиеш, колку и да јадеш, бебето зима само толку колку што му треба. Јас со првото не пиев никакви пренатални витамини, само фолна и магнезиум до крај на бременоста. Го родив 4400. Ама тоа се гени. И второто не беше мало, девојче 3800, со неа пиев ПреМама. И со третово пијам ПреМама, сега за сега си е точно со неделите од менструација, не е крупно. Но имам и поситни во фамилија (мајка ми, свекрва ми, баба на маж ми била 160, сестра му е ниска мн), така да секогаш се е можно А може па и до крај ќе стави повеќе и ова. Сама да го поправиш во стомак, не можеш
Истите грижи се вртат кај сите, ако е помало зошто е помало, ако е поголемо, зошто е поголемо... Па стресови пред преглед итн, итн. Ако доктор не алармира мислам дека секоја наша грижа е беспотребна.
Ti blagodaram mila, da se zagriziv zosto da e po malo prva bremenost mi e , a ne mi kaza mnogu maticniot okolu toa i neznaev kako tocno da postavam prasanje
Ti blagodaram kazuvaa deka e 4 dena po malo od sto treba da bide i toa me zagrizi , inace site sme krupni visoki ama mozebi samo na sebe ke si bide po malecko …
Не знам како уште у 19 недела си заклучувате дека ќе било ситно/крупно ама океј. Јас сум 185 висока и пред месец дена бев мртва болна ослабев 2 кила, бебе понапредно за недела ипол. Послето отидов со качени 5 кила и пак понапредно за недела ипол. Убаво ти пишале, природа е тоа - самото си зема колку му е потребно. Има случаи кај што мајки качиле 30 кила родиле 2 кила бебчиња, или обратно 4 кила. Има случаи кај што качиле 10 кила па родиле 2 кила бебиња или 4 кила бебиња. Не знам, попросто не можам да објаснам. Оди си на прегледи редовно и уживај. Додека докторите не ти кажат дека не дај боже нешто не е во ред, значи се е во ред. А дека 2 дена поназад од мерките стандардни е загрижувачко, не не е.
Башка што на 3 места различни да отидеш, на 3 места различно ќе го измерат. Ем што постојано се врти, мрда, ем различно си мерат. Милиметар со тоа маусот погоре подоле на тоа линијата што ја ставаат, прави денови разлика Битно е да не отстапуваат мерките многу. @behappy111 Па и помало да се роди, тоа не значи дека мало ситно ќе биде. Бебе знам со малава моја што се роди 2ипол кг, мојата 3800г, ја стигна и ја надмина. Додека мојата ставаше помалку, тоа машала качуваше. Еве ги 6г, покрупно е тоа од неа А и обратен случај со роднина која е 4ипол кг родена. Сега е возрасна, 160 макс висока со макс 50кг Воопшто не е битно колкав си, битно да си здрав.