Болки во кичма и грб ми се скоро секојдневие. Јас и онака си имам мака со тоа, па не обраќам внимание на тоа. Битно преглед помина одлично. Бебе е супер. Уште е женско Ми измери и грло, супер е 4 цм, плацента исто. Тоа ми беше најбитно.
И ја си имам болки и во кичма и доле јајници. Бев на преглед се е во ред. Но некако бебе го осеќам само навечер малку и наутро уште бо кребетот малку. Минатата недела мислам повеќе го осеќав како мрдка и преку денот. 26та сум. Како сте вие? Нон стоп чувствувате мрдкања?
Јас најмногу навечер и насабајле ама и преку ден знае да се осеќа еве последниот период кај 16/17 h мрда многу или пак некој ако зборува гласно ако има музика гласна и тогаш знае да се размрда
Пак јас со глупите прашања До пред кратко време ептен ако ме загледаш ми се познаваше стомакот. Но, оваа недела мислам дека ми се дуплира секој ден, нормално е ова? Ме загрижува дали е океј за толку краток период толку да ми рипне, 22 недела сум од утре.. Мислев си замислувам од горе дека си се гледам, ама и домашните, колешки сите ми рекоа дека сега ми е гооолем стомакот И ептен ми се крена нагоре, имам едвај 2 прста под града да ставам и ми почнува стомакот Инаку со бебенце се е океј, си мрдка, си го осеќам во различни периоди од денот, бев пред 3 дена на преглед супер е се. Цервиксот е исто се како минатиот пат, ми остана уште скриен шеќер да проверам, закажав за 2 недели со упат Ако сте во план, јавете се во Авицена со време бидејќи мислам се ограничен број боцкања преку фондот, а упатот трае 1 месец.
Најмногу ја осеќам насабајле кон 5.30- 6h знае некои денови да мрдне и кон 10h, преку ден и навечер воопшто не ја осеќам.21 недела сум.
Така е, јас 24та а од пред некоја недела навака секој ден дупло ми е стомакот, машала машала, ајде со лесно нека ни е уживанција
Женички а да прашам можи е глупо прашањето. Се шишате во бременост? Јас негде по фб уште минатата година прочитав ко демек не се шишало во бременост.. И ми остана у глава тоа..
Јас се шишав пред 2-3 недели и јас имам слушнато дека не се шиша и причина така кажале старите така е останато, косата неможев да ја исчешлам 2h после миење и пак не беше исчешлана туку пола уплеткана па отидов и си олеснив и супер ми дојде.
Иста сум, секој периодов што ме виде веќе примети дека сум трудна, трудна И маж ми дури ми рече, многу вика оддеднаш стомаков ти порасна Сум заборавила како беше и со другиве две
21ва недела дали имавте болки во половина? Веќе цела недела траат, ниско долу стомак и назад цела половина, бев на скрининг пред три дена се беше супер ми рече нормални биле болките ама и со два магнезиуми пак да боли и неможам ни да лежам ни да се движам си боли ептен
И јас одма се шишав утре ке се шатирам, остај шо пишат логички шишањето никако неможи да и штети на бременоста.
Јас 3 дена бев укочена, некој нерв ми се фати и чекав дали ќе помине сам и ми се смири.. ама ме фаќа на моменти пак (особено после легнување на грб). Позади десно од опавче, на моменти и цела десна нога ми се вкочанува.. Прв пат вакво нешто искусувам со третово... во другите колкови ме фаќаа па, а сега колковите не, позади кичмата Болки во стомак немам како пред 20та нед, ама ми се појавуваат повремено и мислам дека тоа повеќе се цревата, него матката Оно боли цел стомак, па незнам што боли.. незнам ни кај ми се цревата моментално Јас проверував еве мешето колкаво е во 22ра хахах и ова ми излезе... така да најверојатно нормално е се што не снаоѓа..
И колкови и препони и кичма се си боли, ај за препони и колкови знам ме болеа и во првата бременост ама ова со кичмава шо си боли си врти незнам шо ќе се прај
Кога легнуваш на рамно, под кичма и задник ставај перничка... јас така се спасив од болката. Без прекин ме бодеше, како игла некој да ми збрцал и да ја држи. Како станував од кревет, страшно беше... А се укочив спиејќи со децата на спална заедно (болни кога беа), па не мрднав цела ноќ и толку требаше. А и бебињава си растат машала сега, мешиња растат и си се оптерерува кичмата... Јас сум и со сколиоза, ама па не ми правела проблем ваков до сега. Гледам сега повеќе на страна да лежам, на грб ретко...
Шишај си се слободно, тоа се само измислици. Еве јас вчера се шишав и тоа сама Дека тоа ми е струката, а не сум во Мк и веќе не се правеше никако мораше да се шиша. Во првата бременост и се фарбав ама со фарби без амонијак. Има премногу измислени работи и посебно луѓе што многу и не се разбираат па те убедуваат или доволно е што ќе ти речат и потоа ти е премисла.