Мене како така кафеава кожата на градите ми стана накај пазувите тој дел баш ги гледав и се чудев зошто, се надевам нормално е
Жени вие што сте 16, 17 недела. Колку често ги чувствувате движењата на бебето? Знам е рано, нема клоцања и слично, но сепак се чувствува некакво движење, голицкање. Е сега колку често го чувствувате, дали секој ден или? Зошто јас одвреме на време ќе почуствувам, особено навечер кога лежам на грб, а преку ден некогаш како затегнување на стомакот осеќам. Но ова е од времето на време.
Рано е мила. Јас тек 18 та недела почнав да го осеќам, како да ми движи. Сега сум 20+3 и удар знае да ми даде. И јас осеќав најчесто кога сум легната, сега веќе и кога седам или стојам , осеќам удари мали.
Јас од денес почнувам 18та недела. Истото го прашував скоро бидејќи мене ми беше чудно. Во 16та почнав да го осеќам нежно ама првите 3-4 дена многу често осеќав како скокоткање и кога лежев и кога седев. Оваа недела многу слабо дури не бев ни сигурна дали е бебе па се нервирав. Ама исто како тебе осеќам овие последниве дена како затегнување во стомакот кога лежам и на страна и ќе го осетам нежно бебе.
И јас некаде во 16 почнав да го осеќам бебуш. Тогаш баш се осети дека се движи. Но оваа недела повеќе како затегнување, па ме интересираше како другите ги чувствуваат. Веројатно менуваат.
Последнава недела осеќам буквално горење, како огин да имам измеѓу 2те гради..Сите ми рекоа нормално е, сме имале Без разлика дали сум гладна или најадена, без разлика што имам јадено си се појавува на 2 дена Викаат киселина е, ама не осеќам дека ми се качува киселина за да е од тоа..25+2 сум инаку, вие имате вакво нешто?
Еве сум иста Не се издржува некогаш, баш исто така јадела не јадела гори и напред на гради и позади на грб.(За два дена влегувам во 25 недела) Со што не пробав, јаболки, млеко, зрна ориз, гастрогард таблети......ништо, само лажичка сода ми помага. Ако бараш виновник - прогестеронот Нормално е.
Мене највеќе ме фаќа додека лежам, затоа одма се исправам и шетам малце полесно ми е Толку ме жеже што мислам дека чад ми излегува кога дишам
Мене веќе и во лежење и во стоење ми се појавуваат се си викам ќе помине ама секој ден се почесто е. Ако најдеш начин да се справиш пиши совет.
Да, добро е и што ти сподели мислење за затегнувањето. Бидејќи баш сакав да прашувам дали и некоја друга така чувствува. Од сабајле еве уште ја немам осетено
Рано е за да го осеќаш бебето постојано. Уште е мало за да може да се осетат удари. Тек 18 та недела си. Некои до 20 та воопшто не осеќаат.
Јас 2ро па тек поаче 20 почнав и не секој ден и не постојано.. онака убаво секојдневно вече посче 23та недела почнав кога достигнува веќе 400 500 грама
Срцка и јас исто осеќам уште 14 15 ама ми велат нема шанси особено ако ти е прво а јас осеќам како вибрации кратки може поретки се ама сигурна сум дека ќе тоа
Да осеќам повеќе како пливање, треперење незнам како да го опишам. Среќна сум и што порано го имам осетно дури со постелка на преден ѕид и вишок на кг.
24+3 денес и ме руши од удари, прееска се пикна десно до ребро абе воздух снемав, стомакот десно камен тврд тој ко заглавен таму ај се смести после убаво, сега скоро еден саат не застана со удари и вртење мислам ќе излези од долу,малку и страв ме фаќа шо е толку јако да не нешто не е во ред скраја да е ако е мирен па се чудам зошто и така
И моето удира растура, ама уште ниско е испод папок.. далеку од ребра Башка карлично.. мене ме шутира во бешика и препони периодов Вака јакичко и толку рано прв пат осеќам во трета бременост, па има ваљда врска постелката што е позади. Уште сега стомак ми се изместува, надворешно јаки удари се гледаат... па и колку ика моево. Икањето најинтересно ми е, ми рипа цел стомак А има и периоди кога па чудно.. ич не го осеќам. Ама фаќа разни позиции... а јас 180цм, има простор колку сака
Мислам нозете му се кај ребра, истото ребро од брат му ме болеше сега и ова, воздух снемав ко ме удри а долу ниско најверојатно со рацете мава се врти бранови низ стомак, па најслатко ми е ко ќе осетам со допир ковче од лакт или колено а икање уште немам осетено. Сега заспа изгледа несмеам да мрднам да одморам малку почнува многу да ме боли стомакот и половината, се шири најверојатно ама се осеќа по тешко ми е..
@mariz ја и ти сме разлика у висина ко едно бебле 26та недела @flower55555 мене ме гилицкаше од внатре на половина пред некоја недела значи се утепав од смеење, онака на страна бев легната. А инаку денес се спушти доле некако се напика цел ден лежам со перница, башка се сврте навнатре и ме клоцаше онака жустро дури до солзи дојдов еве сеа се качи пред саат време конечно можам да мрднам...
Твоето заспа, моево сега тек фати жустро да мава Бранови прави доле... уште си е значи карлично. Ја осеќам дека е така, кога ика дека главчето највеќе им скока.. рипа горе високо кај папокот во исто време. А сега шутчиња над бешика ми дава, на секој шут ми се примочува
Мене ме преплаши ко се стутка на една страна, наеднаш ме фати јака болка во половина и напред камен стомакот си реков скраја да е раѓам Уште две недели и 7ми месец возбуда ме фаќа, треба да почнам полека да се спремам, за првото баш овој период се средив пазарив и арно си напраив после многу тешко ми беше едвај се движев. Ааа се наспа твојата изгледа денеска Остај за мочањето не зборај таман ке ми дојди дремка ми се моча, па после 3-4 саати пак се будам за во вц па дури да презаспијам и после цел ден ко зомби