Па цел ден активна бев, не прилегнав и ја тресев јас на секое Сега ми враќа... Уф што не чека со ударите тек. Еве сега раце, нозе како поминуваат низ стомак осеќам, на рака баш се приметува дека е бебка, кофчиња тврди Инаку и кај мене се случува да се стутка, врти нешто прави.. и во моментот во грч ми е цела матка. Викендов еден ден од стрес ли, од неубаво спиење (на крш душек), лежев во болница со поголемото 3 ноќи и цел ден беше во грч. Не магнезиум, не б6, не врти лево, десно.. абе не пушти се до вечерта. И во тие моменти така кога ми е стврднат, не ја осеќам како удира...
Девојки здраво Ве молам за искуство дали на вториот скрининг Ви мерат вратен набор на бебето(NF - nuchal fold) и дали некоја се соочила со зголемен вратен набор на бебето во втор триместар. Многу би ми значеле Вашите искуства!
Може мереле, но не ми кажале незнам... во 12та се мери со приската инаку и толку. На прв скрининг мереа, колку беше?
На првиот скрининг набор на три пати мерен беше (1,3 ; 1,5 ; 1,6) средна вредност 1,5 . Додека Др. што ми ја води бременоста измери 2,2 во истата недела се двете мерки земени( 12 недела) .... Сега повторно на втор скрининг треба да биде наводно до 6мм, а кај мене е доста поголем....
26+4 денес, синоќа око не сум склопила од нервоза ми одеше да плачам, не знам како се воздржав. Морам да прашам, зошто планирам на лекар да одам па да не ми се смеат, на апликацијава мамма.мк вика нормално е Работата е следнава: Уште од самиот почеток на сите им кажував дека имам болка на бешиката и дека мокрам цело време макар и по 2 капки, никој не веруваше дека ова ми се случува уште од 5-6 недела. Уринокултура еве 6 месеци по ред чиста. Секое ехо ми е исто - матката залепена над бешиката скроз, бебе со глава надоле директ у бешика. Никад не смени позиција само така наопаку си седи..Вчера завчера празници, торти, се опуштив со благо и сок, и мрдаше екстремно многу, дури дека поголемо ( ~ 900г ) ептен се осеќаа јако ударите. Не прекина да ја удира бешиката, до степен да ме боли, од 22 до 4 сабајле. Без разлика празна/полна оно си шутира. Ме загрижи тоа што никад во живот не сум пуштила капка, а синоќа 3 пати се пресоблакав што од ударите осеќав капка две како ми истекува. Ви се случува ова и на вас или да си барам чаре на лекар нешто да се снаоѓам? Не знам зошто ептен се изнервирав и исплашив
На почетокот немав вакви проблеми, ама после 30та недела неколку пати ми се случи да пуштам на долниот веш. Уринокултурите исто чисти. Едноставно лежи бебе со глава на бешика и притисокот си го прави своето. Мислам дека се е во ред, не се секирај.
Ова не прекина со лежење и удирање таму од декември до ден денес..матичнава се смее вика од почеток до крај му се заарни положбава, замисли на крај дури да се сврти Edit: од сабалево е мирен, немам ваква мака ни болки 5 пати се проверив, чист ми е вешот алелуја, мислев никад нема да прекине
Сигурно му е ептен погодено, нека си седи така А за пуштањево, ќе прекине, па пак ќе има периоди и се така во круг. Јас сега 15мин можам нормално да се прошетам, натака веќе имам потреба за ВЦ или готово свршив работа.
Од вчера исто и јас, цел ден вчера и сабајлево како да ми протекуваат неколку капки, на секое одење во вц на влошка како влажно, а бебе активно цело време, си удира, си мава Еве попладнево се смири и само два пати трчав во тоалет ама се суво фала богу.Матичната ми рече нормално е, си се мрда и врти бебе и притиска на бешика.Инаку денес 26 недела. Така да не се грижи, ќе помине.
Дојдов да прашам за влажноста ама гледам ко нормално да е. Не знам колку пати се одмивам и менувам долна облека. Беба нека е жив и здрав ама ич не е мирен, цело време е активен. Јас сум мало човече ама мешето ми е големо и час е доле, час горе, час ја влече папочната врвца и мислам дека тоа ми е најнепријатно. Сабајле од 5.30 почна да мрда и еве го уште шета Пред малку бев со внука ми, мислам дека од стомак ќе излезеше. Ваљда ја осеќа мојата радост спрема неа, па се приклучува
Me cudi ova so vlaznosta. So prvata bremenost ne sum imal vakov problem. A ovoj period nekolku projavivme..
Исто и јас да се пријавам во влажнте Сега бев во тоалет, не само гаќи дури и на пижамите имав протечено. Мислам дека вака ми скоро од сам старт на бременоста, ако не се лажам. Од каде е течноста стварно не ми е јасно и се од памет се вадам кога ќе осетам влажно.
Хахахаха Периодов е таков или што е? Надвор од дома без секојдневна не излагам. Па и дека сега почнав удари во бешика да добивам, тоа па плус е.
Иста сум цело време од почеток на бременост, во првата бременост имав периоди кога паничев ама еве и сега е исто. А, ако е малку потопло времето бетер лом... Незнам колку пати на ден менувам гаќи само