И јасс за две сум кај Димчев па после за уште две на клиника. Одвај чекам да си гов идам бебуш. Пред една недела си беше мирно си пафташе нешто со рачето хаха. Сеа се повеќе ја осеќам, пак се пеперутки ама некогаш го одеќам метото како оптегнато и ја осеќам дека е таму.
Леле и јас такво чувство на оптегнатост осеќам. Со лесно! На две места ќе правиш скрининг? И во која недела? Јас во Ремедика во 21недела и 3 дена.
19+3 кај Димчев 21ва на гак. Димчев е на одмор па после јас сум и неможе да се погодиме. И мораше вака. Ама одвај чекам.
Нормално е кога не се премногу јаки и во текот на цела бременоста можеш да ги почувствуваш било кога. Еве јас овие денови имав благи менструални со лажни контракции. Ако вратиш поназад во темата ќе видиш дека има пишувано за тоа. Не се секирај, нормално си е. Допрва кај тебе ќе има нелагодности и болки сепак и 2 бебчиња носиш. Ќе растат ќе притискаат
Да те утешам ама јас тој страв уште си го имам 26 недела сум Болки во тој период осеќав и јас доста ниско доле кај стомакот и десен јајник ме доста болеше. И сега од време на време исто знае така да ме боли. Кога ќе прашаш на Доктор, велат се' е нормално расте бебе и од таму болките.
И јас овие денови дали од топлото или од тоа што читам неможам да заспан од страв како да го пребродиме ова. Здраво ислам ќе забегам додека да го родам само бројам денови. Синоќа ставам утрогестан и многу лесно го ставив и страв ме фати уште толку да не се има отворено..
Ќути иста сум, само бројам да стигнам до сигурна недела. Што ќе прочитам тука одма мислам и за мене е исто. Па зошто јас тоа не сум го проверила, зошто не пијам повеќе работи за да бидам сигурна дека правам се' добро. Само го замарам маж ми и тој е скроз различен и позитивен и ме кара само зошто читам тука. Јас па уште му се лутам дека никој не ме сваќа и дека од страв така правам... Нека не чува Господ сите нас и нашите бебенца!
И мене мм ми вели да бараме уште секоа некоја психијатрија и ми го зема тел да не читам женски муабети... А до кога е е таа сигурна недела?! Како што. Читам и нема сигурна затоа што има некој со лошо искуство и во 9ти.. Недај боже
Многу читаме, ама премногу… тука ни е грешката. Се соживуваме со туѓи искуства, заради стравот. Ама посилно е од нас, желбата да е се во ред и стравот си го прават своето. Со господ напред се ќе биде во ред кај сите
Нормално е, сега бебе расте поинтензивно и бутка внатре, се шират лигаменти..матка. не му се секирај се дур болката е неподнослива ❤️
Kaj mene koga kese razbutkaat dvete.Vo red fala vi na odgovorite,samo sakav da prasam dali e normalno zosto veke sum vlezena vo vtor trimestar
Jas sum 19+2 pa uste go imam istiot strav ne znam zasto, so prvoto bebe ne mi bese vaka dali e od stres ne znam...
Денес бев на кратка прошетка божем на воздух и кога дојдов дома одма повратив. И еве цел ден ме боцка јајник, па дури и додека се возев како болки доле да имав од седење. Хаос Господ нека ни е на помош, мислам дека додека не ги земеме во раце бебињата ќе имаме страв во нас. Мене искрено најмногу од се ме плаши полипот, да не ми направи некој проблем.
Леле ќути, утрово ме боцкаше десен јајник и кога ќе ме погодеше дури долу на ногата на малото прсте ми се префрлуваше како струја, вечерта сакав да прошетам само до маркет бев со кола и кога се вратив ко почнаа и двата препони да ме болат како да ме печат, а сега и желудникот ме убива аман веќе кај ни е крајот а може ли на пример да мачкам препони со некоа лута маст?!
Лигаментите се тоа, се тегнат. Тие и на кивање и на вртење знаат така да печат и да болат. Јас некад исто навечер кога ќе шетам и свртам повеќе километри, подле знае вака да ме боли. Магнезиум или б6 и се смирува. Дури и ако многу седам после имам како нелагодност.