Да провериш уште еднаш во друга лабараторија. Мене во Биотек ми искочи 40 ка железо, после проверив истиот ден 22 на друго место, па нареден ден на трето место исто 22 беше.
Од 12та недела и ја прекина метилираната. Само на премама ја оставија. И она со мутации е. Веќе е породена.
За Димчев има и не сјајни коментари низ темиве од пред 2/3години ако проверите на search, за однос кон пациентки особено во осетливи моменти, не е само он доктор способен за скрининг во цела држава. Некој да се дигне од Гевгелија или Охрид за кај него без посебна индикација, не е господ. Башка побарувачката му ја диктира цената за скрининг, кај другите е поефтин.
мислев само јас живеам во страв откако останав бремена, ама ете повеќе сме биле. ќе биде се во ред се надевам. Може и од што само седам дома на пеколов, денес прошетав конечно и ми се олабави главата.
Далеку од тоа дека нема други способни. За мене искрено најспособен, и од Гевгелија би се тегнела за да одам кај него на преглед. Јас два пати, два пати искачам преполна со позитива и односот му е предобар. Пак ќе кажам на другарка само он и виде аномаилија на срценцето на бебето. Димчев е престручен и секоја пара вреди, за мене да знам дека е се во ред. Здравје боже за второ пак кај него би одела.
Дечки нормално ли е немање здив како гушење, 15 недела сум, денес ми се појави прво мала тахикардија, па снемав здив и така цело време како не можам убаво да се издишам како да се гушам. Читам нормално било оваа недела, дијафрагмата била оптеретена, ама пуста мисла…
18та недела ми се деси, се препаничив… мислев умирам.. пробав се премивав до вода на фаца на врат ништо не помогна… за на крај од паника пулдон плафон коа измерив… не знаев кај терам пошо никад ми се немаше десено. И наеднаш се исповратив од никаде онака кофа извадив од мене. И наеднаш почнав да дишам нормално.
I jas bi rekla deka odnosot bas mu e korekten i e pomuabetcija od mn.drugi doktori vo Sistina. I jas go preporacuvam.
Мене денес ми се случи, 16+ сум. Излегов до продавница, не знам дали од топло или недоволно воздух ме фати некоја паника едвај до дома се довлечкав мислев ќе изгубам свест во секој момент. Не можев да дишам, срцето 200 на саат. Дома се исповратив од уста и нос. Откако легнав 15тина минути под клима, се напив кисела вода, сега ми е подобро.
Исто исто, низ нос и низ уста повраќав, така не повраќав ни првите три месеци коа ми беше најлошо. Изгледа топлово има врска многу.
Од жешково е сигурно, веќе многу време е претопло не се издржува. Со саати ми траеше мене прееска, па се истуширав со млака вода и испив лимон цеден и почнав да се враќам во нормала. Ама цел ден ми е мачно, сега е 27 степени не е нормално веќе.
Дечки како е? Како преживувате на овој пекол? Јас сум тапа само да лежам ме тера ништо не ми се прави и немам сила. Нели второ тромесечие подобро ќе беше? Ќе ти се врати енергијата, аха причам ти причу.
Никогаш полошо не ми било од топло… на одмор сме, вчера ми се слоши, ме враќаа у живот со вода ме миеа ме ладеа… јас од секогаш сум 100 зими мењам за едно лето, на одмори ко гуштер сум се печела, само топло да е, сега органски не го поднесувам, ми се лоши и прст ако ми е на сонце… и под сенка ми е лошо… одвај чекам да заврши летото.. до тој степен значи.